Кримски Планини
Кримски Планини (руски: Крымские Горы; украински: Кримські Гори; кримскотатарски: Qırım dağları) — планински венец кој се протега напоредно на југоисточното крајбрежје на Крим, на оддалеченост од 8-13 км од Црното Море. На западната страна нагло се спуштаат во морето, а на исток постепено преоѓаат во степски предели.
Составни масиви
[уреди | уреди извор]Составени се од три гребени. Највисок е Главниот, кој се дели на неклку масиви наречени „јајли“:[1]
- Бајдарска Јајла
- Ајпетриска Јајла
- Јалтска Јајла
- Никитска Јајла
- Гурзуфска Јајла
- Бабуганска Јајла
- Чатирдашка Јајла
- Долгоруковска Јајла
- Демирџи Јајла
- Караби Јајла
Врвови
[уреди | уреди извор]Највисокиот врв во Крим е Роман Кош (Роман-Кош, Roman Qoş) на Бабуганската Јајла, со висина од 1.545 м. Други поважни врвови се:
- Демир Капија (руски: Демир-Капу, украински: Демір-Капу, кримскотатарски: Demir Qapı) 1.540 м на Бабуганската Јајла
- Зејтин Кош (руски: Зейтин-Кош, украински: Зейтин-Кош, кримскотатарски: Zeytün Qoş) 1.537 м на Бабуганската Јајла
- Кемал Егерек (руски: Кемаль-Эгерек, украински: Кемаль-Егерек, кримскотатарски: Kemal Egerek) 1.529 м на Бабуганската Јајла
- Еклизи Бурун (руски: Эклизи-Бурун, украински: Еклізі-Бурун, кримскотатарски: Eklizi Burun) 1.527 м на Чатирдашката Јајла
- Лапата (руски: Лапата, украински: Лапата, кримскотатарски: Lapata) 1.406 м на Јалтската Јајла
- Северен Демирџи (руски: Северный Демирджи, украински: Північний Демірджі, кримскотатарски: Şimaliy Demirci) 1.356 м на Демирџи Јајла
- Ај Петри (руски: Ай-Петри, украински: Ай-Петрі, кримскотатарски: Ay Petri) 1.234 м на Ајпетриската Јајла.
Превои
[уреди | уреди извор]Најважни планински превои на Крим се следниве:
- Ангарски Превој кај Перевалне, на патот од Алушта за Симферопол
- Бајдарска Врата кај Форос, кој ја поврзува Бајдарската Долина со морскиот брег
- Ласписки Превој кај ’ртот Аја, на патот од Јалта за Севастопол.
Реки
[уреди | уреди извор]Значајни реки на Кримските Планини се Алма, Чернаја и Салгир на северните падини и Учан Су на јужните која го образува истоимениот популарен водопад.
Археологија
[уреди | уреди извор]Во пештерскиот систем Буран Каја на Кримските Планини се пронајдени остатоци од најстариот анатомски современ човек во Европа. Фосилите се стари 32.000 години, а придружните предмети се сметаат за поврзани со Граветската култура. На останките се забележуваат засеци од посмртен обред, во кој е сечено месо од мртовецот.[2][3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ јајла (yayla) е кримскотатарскиот назив за ледина
- ↑ Prat, Sandrine; Péan, Stéphane C.; Crépin, Laurent; Drucker, Dorothée G.; Puaud, Simon J.; Valladas, Hélène; Lázničková-Galetová, Martina; van der Plicht, Johannes; Yanevich, Alexander (17 јуни 2011). „The Oldest Anatomically Modern Humans from Far Southeast Europe: Direct Dating, Culture and Behavior“. plosone. Посетено на 21 јуни 2011.
- ↑ Carpenter, Jennifer (20 јуни 2011). „Early human fossils unearthed in Ukraine“. BBC. Посетено на 21 јуни 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Кримски Планини“ на Ризницата ? |
44°45′N 34°30′E / 44.750° СГШ; 34.500° ИГД
|