Прејди на содржината

Кристина Бренк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристина Бренк
Kristina Brenk
Кристина Бренк во 1938
Роден/а22 октомври 1911(1911-10-22)
Хорјул, Австроунгарија денес во Словенија)
Починат/а20 ноември 2009(2009-11-20)
Љубљана, Словенија
ЗанимањеПисател, поет, преведувач и уредник
Значајни делаДевојчето Делфина и лисицата Звиторепка, Баба во циркус, Мојата долина
Значајни наградиЛевствикова награда
1972 за Девојчето Делфина и лисицата Звиторепка
Левствикова награда
1999 за Животно дело

Кристина Бренк родена како Врховец, позната и како Кристина Бренкова (22 октомври 1911 - 20 ноември 2009 година) била словенечка писателка најпозната по својата детска литература и творештво[1].

Бренк е родена во Хорјул во тогашната Австроунгарија во 1911 година. Студирала психологија и педагогија на Универзитет во Љубjана и докторирала во 1939 година. За време на Втора светска војна се приклучила на Словенски фронт за ослободување. Од 1949 година до нејзиното пензионирање во 1973 година работела како уредник во издавачката куќа „Младинска Књига“. Во 1999 година таа ја добила Наградата Левстик за животно дело за литература за деца[2].

Наградата за најдобра оригинална словенечка сликовница доделена од 2003 година од страна на Здружението на издавачите на Словенија билаи менувана по Кристина Бренк од 2011 година наваму[2].

Објавени дела

[уреди | уреди извор]
  • „Парче сирење“ 1971 година
  • „Девојчето Делфина и лукавата лисица“, 1972 година
  • „Прва татковина“, 1973 година
  • „Леб на надеж“, 1973 година
  • „Сребрена рачка, злата рачка“ 1975 година
  • '„Ченча Меренча , 1976 година
  • „Броење на Ченжа Маренча“, 1976 година
  • „Доброто куче на непријателот“, 1980 година
  • „Одење по читателите“, 1980 година
  • „Баба во циркус“, 1982 година
  • „Приказни за козата Кунигунда“ 1984 година
  • „Мојата долина“, 1996 година
  • „Џиновскиот лав пристигна“, 2008 година

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]