ЛАЗ
Вид | холдинг |
---|---|
Основано | 21 мај 1945 |
Распуштено | октомври 2014 |
Седиште | , |
Клучни личности | Игор Чуркин[1] |
Производи | автобуси, тролејбуси |
Матично претпријатие | Холдинг ЛАЗ |
Мреж. место | www.laz.ua |
ЛАЗ (украински: Львівський автобусний завод, „Лавовски автобуски завод“) е произведувач на автобуси и тролејбуси од Лавов, Украина. Кратенката „ЛАЗ“ е всушност нивното официјално име.
Претпријатието било меѓу најкрупните производители на автобуси во СССР и најголемиот производен капацитет во градот. Денес е приватизирано како холдинг.
Најзастапено возило на производителот е градскиот автобус LAZ-695 и неговата продолжена туристичка варијанта, LAZ-699. Во неколку градови во светот може да се забележи тролејбусот ElectroLAZ. ЛАЗ е одбран за превозник на Европското првенство во фудбал во 2012 што ќе се одржи во Украина и Полска. Украинската влада има потпишано договор за 2500 нови автобуси „CityLAZ“ со можно дополнување од уште 800.
Во последно време претпријатието ја проширува производната дејност и во САД, со нова фабрика во Њујорк.
ЛАЗ во Македонија
[уреди | уреди извор]Во градот Скопје сообраќаат 80 нископодни автобуси од CITYLAZ 18LF (долж. 18,6 м) како дел од обновениот возен парк на јавниот превозник ЈСП Скопје. Автобусите имаат по 28 седишта и 30 места за стоење, разладен и греен систем, електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач и електронска рампа за лица со посебни потреби.[2]
Модели
[уреди | уреди извор]Еве список на возилата што се произведуваат во заводот:
|
|
Галерија
[уреди | уреди извор]-
LAZ 699 во Русија
-
LAZ 52528 во Лавов
-
CityLAZ 12 во Полска
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ТОП - друштвото за управување“. Архивирано од изворникот на 2011-09-16. Посетено на 2011-08-22.
- ↑ „Промотивно возење на првите 15 украински автобуси во Скопје“. Министерство за транспорт на РМ. 22 февруари 2011. Архивирано од изворникот на 2011-03-01. Посетено на 30 јуни 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„ЛАЗ“ на Ризницата ? |
- Службена страница на ЛАЗ Архивирано на 13 ноември 2012 г. (руски) (англиски) (српски)