Прејди на содржината

Лав Ѓакон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лав Ѓакон (грчки: Λέων ο Διάκονος; роден ок. 950) бил византиски историчар и хроничар.

Бил роден околу 950 во Калое во Мала Азија, и се образувал во Константинопол, каде што станал ѓакон во императорската палата. Додека бил во Константинопол напишал историја која го покрива владеењето на Роман II, Никифор II, Јован Цимискиј, и раниот период на владеењето на Василиј II. Честопати неговите набљудувања се засновани како очевидец на настаните.

Лав е особено познат по неговиот опис на Светослав I, кој извршил инвазија на Бугарија во 969 и се борел против византиските војски преку нејзината територија.