Ланд (департман)
Ланд Landes Lanas | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Зградата на префектурата во департманот Ланд, во Мон-де-Марсан | |||
Местоположба на Ланд во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Нова Аквитанија | ||
Префектура | Мон-де-Марсан | ||
Потпрефектури | Дакс | ||
Управа | |||
• Претседател на советот на департманот | Анри Емануели | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 9.243 км2 (3,569 ми2) | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 397.226 | ||
• Ранг | 60-ти | ||
• Густина | 43/км2 (110/ми2) | ||
Час. појас | ЦЕВ (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | ||
Број на департманот | 40 | ||
Арондисмани | 2 | ||
Кантони | 15 | ||
Општини | 330 | ||
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2. |
Ланд (француски: Landes; окситански: Lanas) – департман во југозападна Франција.
Историја
[уреди | уреди извор]Ланд е еден од првичните 83 департмани кои биле формирани за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Бил формиран од делови на покраините Гијена и Гаскоња.
За времена првата половина од XIX век големи делови од департманот биле покриени со слаба растителност (lande на француски) од каде потекнува неговото име. Растителноста покривала богата почва и периодично била горена, и на тој начин се добивале одлични пасишта за овците, за кои се смета дека околу 1850 година броеле помеѓу 900.000 и 1.000.000 во оваа област. Овците ги чувале овчари кои се движеле на штули и можеле да покриваат долги растојанија. Бројот на овци драстично се намалил во втората половина на XIX век, кога систематскиот развој на големи борови плантажи го трансформирал пејзажот и локалната економија.
Еден од најпознатите жители на Ланд бил францускиот економист од XIX век Фредерик Бастија.
Добитникот на Нобеловата награда, романописецот Франсоа Моријак своите новели ги сместува во Ланд.
Географија
[уреди | уреди извор]Ланд е дел од сегашниот регион Нова Аквитанија и е опкружен со департманите Жиронда, Лот и Гарона, Жер и Атлантски Пиринеи, како и со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од преку 9000 км2, Ланд, после Жиронда, е вториот најголем департман на територијата на метрополитенска Франција.
Познат е по плажата Сребрен Брег која е најдолгата плажа во Европа и привлекува многу сурфери секоја година.
Во Ланд се наоѓа и замокот Шато де Гожак кој бил изграден во 1686 година.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Од земјоделски аспект, Ланд е познат по своите пространи борови шуми кои се суровински материјал за дрвната и индустријата на смоли во областа. Шумите биле засадени во почетокот на XIX век за да се спречи ерозијата на песокливата почва од морето.
Туризам
[уреди | уреди извор]-
Сурфер во Осегор
-
Плажа во близина на Месанж
-
Ландовска шума, најголемата шума од морски бор во Европа
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Landes“ на Ризницата ? |
- (француски) Prefecture website Архивирано на 15 октомври 2012 г.
- (француски) Conseil Général website
- (англиски) Landes на Curlie (англиски)
|