Трката била освоена од Примож Роглич во возбудлив спринт помеѓу петмина возачи, поразувајќи го светскиот првак Жилијан Алафилип, кој веќе ги кренал рацете во воздух, во фотофиниш. Алафилип, меѓутоа, подоцна го добил петтото место бидејќи го попречувал Марк Хирши во спринтот. Ова го довело Хирши на второто место, додека победникот на Тур де Франс 2020, Тадеј Погачар, го заокружил подиумот со третото место.[1]
Бидејќи Лиеж-Бастоњ-Лиеж е настан од Светската турнеја, сите деветнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[2] Шест професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи, секоја со по седум возачи. Од 175 возачи, 125 ја завршиле трката.[3]