Лимонова трева
Lemongrass | |
---|---|
Cymbopogon citratus | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Cymbopogon |
Вид: | Lemongrass |
Научен назив | |
Cymbopogon Spreng.[1] | |
Синоними[2][3] | |
|
Лимонова трева Cymbopogon — повеќегодишно зелјесто растение[4][5][6][7] кое се користи во азиската (особено тајландската, камбоџиската и виетнамската кујна) и карипската кујна.
Лимоновата трева има вкус на лимон и може да се користи свежа, сува и во прав. За да биде вкусна, свежата лимонова трева треба да има сочна и здрава луковица и долги зелени листови. Се чисти исто како младиот кромид, а се користи за супи, салати, варива, за грил, сосови па и за слатки. Обично за јадење се користи долниот дел од стебленцето. Може да се користи и поголемиот дел од билката- целите листови и врвовите на листовите.Во вид на прав се додава во некои пијалаци и чаеви. Најчесто се користи во чаеви, супа, чорба, за јадења од живина, риба и морски плодови. Според вкусот одлично се сложува со чилито и лукот. Исто така, лимоновата трева претставува база за многу популарни пијалаци во Азија.
Лимоновата трева потекнува од тропските краишта на Јужна и Југоисточна Азија и Австралија. Поради големите можности за употреба, првенствено во исхраната, лимоновата трева често се одгледува, исто така, и во другите делови од светот, особено во САД. Оваа билка има околу 50 различни подвидови а се корстат само две. Источноиндиската лимонска трева (Cymbopogon flexuosus) расте во Индија, Шри Ланка, Бурма и Тајланд, додека западноиндиската лимонска трева (Cymbopogon citratus) се смета дека доаѓа од Малезија. Иако и двете се заменливи, C. citratus е посоодветен за готвење. Во Индија C. citratus се користи и како билка за парфеми.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sprengel, Curt (Kurt, Curtius) Polycarp Joachim 1815. Plantarum Minus Cognitarum Pugillus 2: 14
- ↑ Kew World Checklist of Selected Plant Families[мртва врска]
- ↑ Tropicos, Cymbopogon Spreng.
- ↑ Soenarko, S. 1977. The genus Cymbopogon Sprengel (Gramineae). Reinwardtia 9(3): 225–375
- ↑ Flora of China Vol. 22 Page 624 香茅属 xiang mao shu Cymbopogon Sprengel, Pl. Min. Cogn. Pug. 2: 14. 1815.
- ↑ „Atlas of Living Australia, Cymbopogon Spreng., Lemon Grass“. Архивирано од изворникот на 2016-04-06. Посетено на 2017-12-17.
- ↑ Bor, N. L. 1960. Grass. Burma, Ceylon, India & Pakistan i–767. Pergamon Press, Oxford
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лимонова трева“ на Ризницата ? |