Прејди на содржината

Лисица-дух

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наречена е како „лисица со девет опашки“ (九尾狐) во Шанхаиџинг, во издание од династијата Чинг.

Лисицата-дух (Кинески: 狐狸精; пинјин: хулиџиинг) или лисицата со девет опашки (Кинески: 九尾狐; пинјин: џиууеиху) или кјууби но кицуне (јап. 九尾の狐) е митска лисица со потекло од Кинеската митологија и чест мотив во источноазиската митологија.

Во источноазискиот фолклор, лисиците се опишани како семејни духови кои поседуваат магиски сили. Овие лисици се прикажани како палави, и обично измамуваат други луѓе, со можност да се претвораат во убава жена.

Лисици со девет опашки се појавуваат во кинескиот фолклор, книжевност и митологија, во кои, во зависност од приказната, може да биде добар или лош знак.[1] Мотивот на лисиците со девет опашки од кинеската култура на крајот биле пренесени и воведени во јапонската и корејската култура.[2]

„Лисицата-дух е особено вешта во заземањето облици, различно позната како хули џиинг (лисица-дух) во Кина, кицуне (лисица) во Јапонија, хоо ли тин (лисица-дух) во Виетнам, и кумихо (лисица со девет опашки) во Кореја. Иако спецификите на приказните варираат, овие лисици-духови обично можат да си го менуваат обликот, честопати заземајќи форма на убави млади жени кои се обидуваат да заведат мажи, без оглед дали е од чиста измама или за да ги цицаат нивните тела или души.“[3]

За време на династијата Хан, во кинеската култура се одвивал развој на идеи за трансформација помеѓу видовите.[4] Идејата дека нечовечките суштества на постара возраст можат да заземат човечки облик е претставена во дела како што е Лунхенг од Венг Чонг (27–91 г.).[4] Како што се развивале овие традиции, се менувал и потенцијалот на лисицата за нејзината трансформација.[4]

Принцот Ханзоку тероризиран од Кјуби.
Принт од Утагауа Кунијоши, XIX век.

Лисицата со девет опашки се јавува во Шанхаиџинг (Класик за планините и морињата), составен од Периодот на завојуваните држави до периодот на Западен Хан (од IV до I век п.н.е.).[1] Во делото пишува:

„Земјата на Зелените ридови лежи северно од Тианву. Лисиците таму имаат четири нозе и девет опашки. Според друга верзија, се наоѓа северно од Долината на изгрејсонцето.“[5]

Во 14 поглаве од Шанхаиџинг, Гуо Пу коментирал дека лисиците со девет опашки се поволен знак што се појавува во време на мир.[1] Сепак, во 1 поглавје, опишан е уште еден аспект на овие лисици со девет опашки:

„Триста Ли подалеку кон исток е планината Зелени ридови, каде што може да се најде многу жад на нејзините јужни падини и зелен кинобар на нејзината северна страна. Тука постои ѕвер чиј облик наликува на лисица со девет опашки. Звучи како бебе, но е човекојад. Ако некој фати ваков ѕвер, и го изеде, ќе биде заштитен од отров од инсекти (гу).“[5]

Во приказна од династијата Танг, лисиците можеле да станат луѓе ако носат череп и ја обожуваат костелацијата голема мечка. Тие би пробувале разни черепи сè додека не пронајдат еден што ќе им одговара, а да не им испадне.[6]

Во пресрет на Џурченската инвазијата, една лисица дошла до престолот на Императорот Хуизонг, династија Сонг. Ова резултирало со наредба од Хуизонг за уништување на сите храмови посветени на лисиците во Каифенг. Градот бил нападнат следниот ден, а династијата паднала по пет месеци.[6]

Во еден антички мит, Ју Велики наишол на бела лисица со девет опашки, која ја толкувал како поволен знак дека ќе се ожени со Нуџиао. Во Хан иконографијата, лисиците со девет опашки понекогаш се прикажани на планината Кунлун, заедно со Жи Вангму како божица на бесмртноста. Според „Баихутонг“ („Дебати во салата Белиот тигар“) од I век, деветте опашки на лисицата симболизираат изобилно потомство.

Опишувајќи ја трансформацијата и другите одлики на лисицата, Гуо Пу (276–324 г.) го дал следниот коментар:

„Кога една лисица ќе наполни педесет години, таа ќе може да се претвори во жена; кога ќе наполни сто години, може да се претвори во убава жена, во лисица-дух, или во возрасен маж кој ќе има сексуални односи со жени. Овие суштества се во состојба да знаат работи на оддалеченост поголема од илјада милји; тие можат да ги отрујат мажите со волшепство или да ги опседнат и збунат, предизвикувајќи им губење на меморијата или знаењето; а кога лисицата ќе наполни илјада години, таа се вознесува на небото и станува небесна лисица.“[7]

Во Јоујанг Зазу се прави врска помеѓу лисиците со девет опашки и божественото:

„Меѓу уметностите на Патот, постои посебна доктрина за небесната лисица. [Доктрината] вели дека небесната лисица има девет опашки и златна боја. Таа служи во Палатата на Сонцето и Месечината и има свој „фу“ (талисман) и „џиао“ ритуал. Може да ги трансцендира јинот и јангот “.[8]

Традиции

[уреди | уреди извор]

Популарното обожување на лисиците за време на династијата Тан се споменува во текстот под наслов „Ху Шен“ (Богови лисици):

„Од почетокот на Танг, многу обични луѓе се поклонувале на лисиците-духови. Тие им даваат подароци во нивните дувла и ја бараат нивната наклонетост. Лисиците ја делат храната и пијалакот од луѓето. Тие не им служат на еден господар. Во тоа време, настанала изреката: 'Каде што нема лисица демон, таму не може да се основа ниту едно село.'“[9]

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Можеби најпознат пример е ликот Курама, демонската лисица со девет опашки (Кјууби но Јооко), од мангата и анимето Наруто, што е заробена во телото на насловниот лик.

  1. 1,0 1,1 1,2 Kang (2006)
  2. Wallen, Martin (2006). Fox. London: Reaktion Books. стр. 69–70. ISBN 9781861892973.
  3. Weinstock, Jeffrey Andrew (2014). The Ashgate Encyclopedia of Literary and Cinematic Monsters. p. 510
  4. 4,0 4,1 4,2 Huntington (2003), стр. 9
  5. 5,0 5,1 Strassberg (2002), стр. 88–89 & 184
  6. 6,0 6,1 Kang (2006)
  7. Kang (2006), стр. 17
  8. Kang (2006), стр. 23
  9. Huntington (2003), стр. 14

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Huntington, Rania (2003). Alien kind: Foxes and late imperial Chinese narrative. Cambridge: Harvard University Press. ISBN 9780674010949.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Kang, Xiaofei (2006). The cult of the fox: Power, gender, and popular religion in late imperial and modern China. New York: Columbia University Press. ISBN 9780231133388.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Strassberg, Richard E. (2002). A Chinese Bestiary: Strange Creatures from the Guideways Through Mountains and Seas. Berkeley: University of California press. ISBN 0-520-21844-2.CS1-одржување: ref=harv (link)