Прејди на содржината

Лудвигслуст (округ)

Координати: 53°20′N 11°15′E / 53.33° СГШ; 11.25° ИГД / 53.33; 11.25
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лудвигслуст
Landkreis Ludwigslust

округ
Земја Германија
ПокраинаМекленбург-Западна Померанија
Укинат2011
СедиштеЛудвигслуст
Површина
 • Вкупна2,517 км2 (0,972 ми2)
Население (2010-12-31)
 • Вкупно122.564
 • Густина49,000/км2 (130,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.LWL
Мреж. местоkreis-lwl.de

Лудвигслуст (германски: Ludwigslust) — поранешен округ во југозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се граничел со (од север надесно) Северозападен Мекленбург, слободниот град Шверин, Пархим, Пригниц во Бранденбург, Лихов-Даненберг и Линебург во Долна Саксонија и округот Лауенбург во Шлезвиг-Холштајн. Округот бил распуштен при административната реформа во септември 2011 година. Неговата територија била припоена кон новосоздадениот округ Лудвигслуст-Пархим.

Географија

[уреди | уреди извор]

Округот бил сместен помеѓу реката Елба и градот Шверин. Пред административната реформа во 2011 година бил најголем округ во Мекленбург-Западна Померанија, но многу слабо населен.

Историја

[уреди | уреди извор]

По повторното обединување на Германија биле основани два окрузи Хагенов и Лудвигслуст. Во 1994, обата окрузи со општинските заедници Растов и Штралендорф од округот Шверин-Ланд биле споени во тогашниот округ Лудвигслуст. Овој округ бил споен со округот Пархим при административната реформа во септември 2011 година, создавајќи го новиот округ Лудвигслуст-Пархим.

Грб Грбот прикажува коњ во горниот дел, симболизирајќи ја ергелето во Редефин, како и традицијата за одгледување на коњи во областа. Шверинските грофови исто така го користеле коњот како нивен симбол. Брановитата линија која го одвојува долниот дел ја претставува реката Елба. Трите дабови листа во долниот дел се за трите окрузи од кои бил создаден тогашниот округ. Боите потекнуваат од двете историски грофовии — црвено-жолтата од Шверинското грофовија и црвено-сребрено-зелената од грофовијата Даненберг.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Слободни градови
  1. Бојценбург
  2. Хагенов
  3. Либтен
  4. Лудвигслуст
Општински заедници
  1. Бенгерсторф
  2. Безиц
  3. Бралсторф
  4. Дерзенов
  5. Гресе
  6. Гревен
  7. Ној Гилце
  8. Носторф
  9. Шванхајде
  10. Телдау
  11. Тесин кај Бојценбург
  1. Демиц1, 2
  2. Гребс-Ниндорф
  3. Каренц
  4. Малк Герен
  5. Малис
  6. Ној Калис
  7. Филанк
  1. Балов
  2. Брунов
  3. Дамбек
  4. Елдена
  5. Горлозен
  6. Грабов1, 2
  7. Карштет
  8. Кремин
  9. Милов
  10. Меленбек
  11. Мухов
  12. Прислих
  13. Штезов
  14. Цирцов
  1. Алт Цахун
  2. Бандениц
  3. Белш
  4. Бобцин
  5. Брезегард кај Пихер
  6. Гамелин
  7. Грос Крамс
  8. Хорт
  9. Хилзебург
  10. Кирх Језар
  11. Кусторф
  12. Морас
  13. Петов-Штеген
  14. Пихер
  15. Прицир
  16. Редефин
  17. Зецин
  18. Штрокирхен
  19. Тодин
  20. Варлиц
  1. Алт Кренцлин
  2. Брезегард кај Елдена
  3. Гелен
  4. Грос Лаш
  5. Лојсов
  6. Либесе
  7. Либлов
  8. Растов
  9. Зилсторф
  10. Илиц
  11. Варлов
  12. Вебелин
  1. Бливенсторф
  2. Бренц
  3. Нојштат-Глеве1, 2
  1. Димер
  2. Холтузен
  3. Клајн Роган
  4. Пампов
  5. Шосин
  6. Штралендорф1
  7. Варзов
  8. Витенферден
  9. Цилов
  1. Керхов
  2. Лезен
  3. Витенбург1, 2
  4. Витендерп
  1. Галин
  2. Когел
  3. Литов-Фалун
  4. Фелан
  5. Царентин1, 2
1седиште на општинската заедница;2град

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°20′N 11°15′E / 53.33° СГШ; 11.25° ИГД / 53.33; 11.25