Прејди на содржината

МРТ 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
МРТ 2
Македонска радио-телевизија 2 Radio-televizioni i Maqedonisë 2
Логотип на вториот програмски сервис на МРТ
Отпочната6 март 1978
СопственикМакедонска радио-телевизија
Формат на слика16:9 1080i
(намалено на 576i за SD емитување)
ДржаваМакедонија Македонија
Јазикалбански
Област на емитувањеМакедонија
СедиштеБул. Гоце Делчев б.б., 1000 Скопје
Претходно имеТВ Скопје 2 (1978-1991)
МТВ 2 (1991-2012)
Сестрински канал(и)МРТ 1
МРТ 2
МРТ 3
МРТ 4
МРТ 5
МРТ собраниски канал
МРТ Сат
МРТ 2 Сат
Веб-странаal.mrt.com.mk
Достапност
Терестријална телевизија
MUX 4Канал 2 (SD)
MUX 5Канал 2 (HD)
Кабелска телевизија
Локални кабелски операториВообичаено Канал 2
IPTV
Max TVКанал 20 (HD)
neoTVКанал 2 (HD)
Семрежно емитување
MRT PlayГледај во живо
MaxTV GOГледај во живо (Само за корисници на Македонски Телеком)
A1 Web TVГледај во живо (Само во Македонија)
Поранешно лого на каналот.

МРТ 2 — вториот канал на Македонската радио-телевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје. Од 16 април 2020 година се емитува комплетно програма на албански јазик.

Историја

[уреди | уреди извор]

На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.

Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик.

Од 2020 година на МРТ 2 се емитува програма ислкучиво на албански јазик. Сите останати програми на малцинските јазици преминуваат на МРТ 4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]