Прејди на содржината

Маладаптивно мечтаење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Маладаптивно мечтаење е нарушена форма на дисоцијативна апсорпција поврзана со живописно и прекумерно фантазирање што често вклучува елаборирани и фантастични сценарија. Тоа може да резултира со вознемиреност, може да ја замени човечката интеракција и може да попречи во нормалното функционирање како општествениот живот и работата.[1][2] Луѓето што ја имаат оваа состојба можат да поминат повеќе од половина од нивните денови во создадените живописни алтернативни универзуми.[3]

Маладаптивното мечтаење обично се поврзува со стереотипни движења како шетањето или нишањето, но и потребата за музичка стимулација на фантазиите.[4] Еден од водечките истражувачи на маладаптивното мечтаење и човекот кој го измисли овој термин е професорот на Универзитетот Хаифа, Ели Сомер.[5][6]

Опсег на мечтаењето

[уреди | уреди извор]

Многу искуства на луѓето варираат помеѓу нормалното и абнормалното. Екстремните форми на нормална тага е големо депресивно растројство, грижата може да се развие во анксиозност и социјалното пиење во алкохолизам. Мечтаењето, форма на нормална дисоцијација што се поврзува со апсорпција, е многу распространета ментална активност која ја доживуваат речиси сите.[7] Се смета дека опфаќа речиси половина од целокупната човечка мисла, со стотици мечтаења дневно.[8][9]

Но, некои поединци поседуваат способност да фантазираат толку живописно, што доживуваат чувство на присуство во замислената средина.[5] Ова искуство е многу пријатно за луѓето, па кај некои од нив се јавува потреба да го повторуваат мечтаењето до тој степен што тоа преминува во зависност.[10][11][12][13] Научната литература предлага дека дел од луѓето со маладаптивно мечтаење што можат да го поминат 60% од времето додека се будни во мечтаење времето на будење со мечтаење, може да се каже дека страдаат од однесување на зависност.[14]

Мрежна поддршка

[уреди | уреди извор]

Постои сѐ поголем и поголем број на онлајн интернационални групи за маладаптивно мечтаење кои обезбедуваат информации и поддршка, каде поединци тврдат дека со години незнаејќи страдале од маладаптивно мечтаење.[15]

Грасрутс напорите од страна на луѓето со маладаптивно мечтаење да се подигне свеста за нивната состојба, се манифестираат во глобални спонтани напори да се преведе скалата за маладаптивно мечтаење, MDS-16.[16] MDS-16 досега е преведена на 29 јазици, од квалификувани лица што исто така ја имаат оваа состојба.[17]

Истражување за маладаптивно мечтаење

[уреди | уреди извор]

Истражувањата покажуваат дека овој феномен е мерлив, дека е стабилен и уникатен и многу лесно може да се разликува од нормалното мечтаење.[18] Истражувањата со MDS-16 покажаа дека лицата кои имаат маладаптивно мечтаење пројавуваат висока застапеност на дефицит на внимание и опсесивно-компулсивни симптоми.[19]

Маладаптивното мечтаење моментално се проучува од конзорциум на научници од различни држави вклучувајќи ги САД, Полска, Швајцарија и Израел.[11][20][21]

По објавувањето на двете единствени студии за случаи за третман на маладаптивно мечтаење, истражувањата сега е потребно да развијат практика заснована на докази за лечење на маладаптивното мечтаење.[22]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Tsoulis-Reay, Alexa (12 October 2016). „What It's Like When Your Daydreams Are Just As Real As Life“. The Cut.
  2. Young, Emma (25 June 2018). „People with "Maladaptive daydreaming" spend an average of four hours a day lost in their imagination“. The British Psychological Society Research Digest. Архивирано од изворникот на 2018-08-18.
  3. Reddy, Sumathi (9 May 2016). „When Daydreaming Becomes a Problem“. Wall Street Journal. Посетено на 22 November 2018.
  4. Somer, Eli; Soffer-Dudek, Nirit; Ross, Colin A.; Halpern, Naomi (June 2017). „Maladaptive daydreaming: Proposed diagnostic criteria and their assessment with a structured clinical interview“. Psychology of Consciousness: Theory, Research, and Practice. стр. 176–189.
  5. 5,0 5,1 Somer, Eli (Fall 2002). „Maladaptive Daydreaming: A Qualitative Inquiry“ (PDF).
  6. Bigelsen, Jayne; Kelley, Tina (29 April 2015). „When Daydreaming Replaces Real Life“. The Atlantic. Посетено на 22 November 2018.
  7. Singer, J. L. (1966) Daydreaming. New York, NY: Random House
  8. Killingsworth, M., & Gilbert, D. T. (2010). „A wandering mind is an unhappy mind“. Science, 330(6006), 932.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Klinger, E. (2009). Daydreaming and fantasizing: Thought flow and motivation. In K. D. Markman, W. M. P. Klein, & J. A. Suhr (Eds.), Handbook of imagination and mental simulation (pp. 225-239). New York, NY: Psychology Press
  10. Somer, E. Somer, L. & Jopp, S.D (9 June 2016). „Parallel lives: A phenomenological study of the lived experience of maladaptive daydreaming“. Journal of Trauma & Dissociation.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  11. 11,0 11,1 Bigelsen, J., & Schupak, C. (December 2011). „Compulsive fantasy: Proposed evidence of an under-reported syndrome through a systematic study of 90 self-identified non-normative fantasizers“. Consciousness and Cognition.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. Glausiusz, Josie (1 January 2014). „Living in an Imaginary World“. Scientific American.
  13. Pietkiewicz, I.J., Nęcki, S., Bańbura, A, & Tomalski, R. (August 2018). „Maladaptive daydreaming as a new form of behavioral addiction“. Journal of Behavioral Addictions.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  14. Kelly, Jon Kelly (5 October 2017). „The daydream that never stops“. bbc.co.uk.
  15. Bershtling, O., & Somer, E. (27 August 2018). „The Micro-Politics of a New Mental Condition: Legitimization in Maladaptive Daydreamers' Discourse“. The Qualitative Report.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  16. Handrich, Rita (15 June 2016). „The Maladaptive Daydreaming Scale (MDS)“. Keene Trial Consulting. Архивирано од изворникот на 2019-01-23.
  17. „The 16-item Maladaptive Daydreaming Scale (MDS-16)“. The International Consortium for Maladaptive Daydreaming Research (ICMDR). Посетено на 7 November 2018.
  18. Pequenino, Karla (30 December 2016). „Maladaptive daydreaming: When fantasies become a nightmare“. CNN.
  19. Reddy, Sumathi (16 May 2016). „When Daydreaming Becomes a Problem“. Wall Street Journal.
  20. „Maladaptive Daydreaming Publications“. The International Consortium for Maladaptive Daydreaming Research (ICMDR).
  21. Jayne Bigelse, Jonathan M.Lehrfeld, Daniela S.Jopp, Eli Somer (May 2016). „Maladaptive daydreaming: Evidence for an under-researched mental health disorder“. Consciousness and Cognition.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  22. Cynthia Schupak, Jesse Rosenthal (March 2009). „Excessive daydreaming: A case history and discussion of mind wandering and high fantasy proneness“. Consciousness and Cognition.