Маргарита Тјудор
Маргарита Тјудор | |
---|---|
Кралица на Шкотска | |
На позиција | 24 јануари 1502 – 9 септември 1513 |
Spouse | Јаков IV 1503 - 1513 Арчибалд Даглас 1514 - 1527 Хенри Стјуард 1528 - 1552 |
Деца | Јаков Артур Јаков V Александар Стјуард Маргарита |
Династија | Династија Тјудор |
Татко | Хенри VII |
Мајка | Елизабета Јоршка |
Маргарита (англиски: Margaret Tudor; 28 ноември 1489 - 18 октомври 1541) била англиска принцеза и кралица на Шкотска како сопруга на шкотскиот крал Јаков IV.
Родена е во Ричмондската палата во Лондон како најголема ќерка на англискиот крал Хенри VII и неговата сопруга Елизабета Јоршка. Според договорот од 1502 година помеѓу Англија и Шкотска, Маргарита во 1503 година била венчена со шкотскиот крал во Единбург. По смртта на нејзиниот татко, на англискиот престол застанал нејзиниот брат Хенри VIII. Во текот на ова владеење, односите помеѓу двете кралства значително се влошиле. Хенри долго време немал машки потомок кој би го наследил на престолот. По ова, Маргарита станала потенцијален престолонаследник на англискиот престол. Таа постојано го обедувала на својот сопруг да не војува со Англија, но во 1513 година тој ја нападнал Англија и на бојното поле починал.
По неговата смрт, за наследник бил избран Јаков V, кој бил малолетен. На негово место, како регент управувала неговата мајка Маргарита. Но англиското потекло на новиот кралски регент, како и нејзиниот втор брак со Арчибалд Даглас започнале да создаваат омраза кај шкотското население. Како резултат на ова, регенството и било одзедено во 1515 година. По притисок од папата, во 1527 година таа се развела, а неколку месеци по ова се омажила за Хенри Стјуард.
Починала од срцев удар во 1541 година.
|