Марко Кешељ
Марко Кешељ | |
---|---|
Марко Кешељ на СП 2010 година | |
Позиција | крило |
Висина | 2,08 м |
Тежина | 94 кг |
Лига | Кошаркарска лига на Србија Јадранска лига во кошарка Евролига во кошарка |
Клуб | Црвена Ѕвезда мтс |
Роден | 2 јануари 1988 година Белград СФРЈ |
Националност | Србија |
Драфт | 2010 / Не драфтуван |
Проф. кариера | 2004–2010 |
Клубови | |
2004–2006 | Авала Ада / Мега Исхрана |
2006–2007 | КК Сент Хосеп |
2007–2008 | КК Келн најнтинајнерси |
2008–2010 | КК Црвена Ѕвезда |
2010-2012 | КК Олимпијакос |
2012–2013 | КК Валенсија |
2013 | КК Ле Ман Сарт баскет |
2013-2014 | КК Асвел |
2014-2015 | КК Мега баскет |
2016 | КК Лаврио |
2016-2017 | КК Остенде |
2017-2019 | КК Црвена Ѕвезда |
Репрезентација |
Марко Кешељ (Белград, 2 јануари 1988) е поранешен српски кошаркар. Играл на позицијата крило.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Кариерата ја започнал во белградска Мега Исхрана, за која настапувал две сезони. Светислав Пешиќ го повикал и кратко играл за КК Сент Хосеп, а потоа како позајмен играч на Келн, каде тренер му бил Саша Обрадовиќ.
После тоа, Светислав Пешиќ го носи во Црвена звезда, каде одигрува две многу забележителни сезони. Играше за Црвена звезда од 2008 до 2010 година и за тоа време на 99 официјални натпревари постигнува 874 поени. Во првенството на Србија во 2010 година постигнува 11,6 поени, а во плејофот по 14 поени по меч. Во втората сезона во Звезда постигнува 492 поени на 47 натпревари и беше меѓу најдобрите играчи во тимот, но до трофејот не стигна во црвено-белиот дрес. Од многу талентиран млад кошаркар стигна до дресот на сениорската репрезентација. Иако без титула во Звезда, добива целосна афирмација.
Голем интерес го однесе во грчкиот Олимпијакос, за кој играше до 2012 година. Со Олимпијакос ја освои Евролигата во сезоната 2011/12.[1]
Сезона 2012/13 ја започнува во редовите на шпанската Валенсија, но ја напушта во февруари 2013 година поради кратка минутажа и заминува во францускиот Ле Ман до крајот на сезоната. За сезоната 2013/14 потпиша договор со Асвел.
Во октомври 2014 година се вратил во Србија и потпишал отворен договор со Мега Лекс.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Кешељ е освојувач на бројни трофеи во помладите категории на српската репрезентација. Колекцијата вклучува злато со јуниорската репрезентација на Светското првенство во Нови Сад во 2007 година, злато со репрезентацијата до 20 години од Европското првенство во Рига во 2008 година и златен медал од Универзијадата во Белград во 2009 година.
Во сениорскиот дрес на Србија се истакнал на Светското првенство во Турција 2010 година, кога шутирал тројки со одлични 60 oтсто (21 од 35) и бил втор тројкаш на првенството. Тогаш бил трет стрелец на репрезентацијата со 100 поени, само три помалку од лидерот Ненад Крстиќ. Србија потоа го зазела четвртото место. Кешељ одиграл добро и на ЕП 2011 во Литванија, кога Србија го зазела еседмото место.
Успеси
[уреди | уреди извор]Клубски
[уреди | уреди извор]- Ѓирона :
- ФИБА Еврокуп (1): 2006/07.
- Олимпијакос :
- Евролига (1): 2011/12.
- Грчко првенство (1): 2011/12
- Куп на Грција (1): 2011
- Остенде :
- Белгиско првенство (1): 2016/17.
- Куп на Белгија (1): 2017
- Црвена звезда :
- Српско првенство (2): 2017/18, 2018/19.
- Јадранска лига (1): 2018/19.
- Суперкуп на Јадранска лига (1): 2018
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]- Светско првенство до 19 години: 2007 година
- Европско првенство до 20 години: 2008 година
- Универзијада: 2009 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Olimpijakos šokirao Tea i Krstića u poslednjoj sekundi, Ivković prvak Evrope!“. sport.blic.rs. 13 мај 2012. Посетено на 5 септември 2017.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)