Маторски јазик
Изглед
Маторски јазик | |
---|---|
Застапен во | Русија |
Изумрен | 1839 |
Јазично семејство | уралско
|
Дијалекти | маторски
тајгиски
карагаски
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | mtm |
Linguist | mtm |
ymt |
Маторски јазик или моторски јазик — уралски јазик, кој бил дел од подгрупата на самоједски јазици. Јазикот изумрел во 1839 година, со смртта на последните говорници. Маторскиот се зборувал во северните региони на Сајанските Планини во Сибир, во близина на границата со Монголија. Којбалците, односно Маторите (алтернативен назив), живееле на широка област, односно од источните делови на Минусинскиот округ, покрај реката Енисеј па до Бајкалското Езеро. Низ историјата биле запишани три дијалекти: маторски, тајгиски и карагаски.
Којбалците се всушност една од петте територијални групи на Хакасите.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Helimski, Eugen. 1997. Die Matorische Sprache: Wörterbuch – Grundzüge der Grammatik – Sprachgeschichte Архивирано на 22 јули 2011 г..
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија за уралски јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|