Мајкл Роџерс (велосипедист)
Роџерс на Тур де Франс 2012 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Мајкл Роџерс | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Доџер, Мајк | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 20 декември 1979 Бархем, Австралија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,85 м[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 74 кг[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2000 | Мапеи-Квик Степ (стажант) | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2001–2002 2003–2005 2006–2010 2011–2012 2013–2016 | Мапеи-Квик Степ Квик Степ-Давитамон Т-Мобајл Тим Тим Скај Тим Саксо-Тинкоф | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
Мајкл (Мајк) Роџерс (англиски: Michael ('Mick') Rogers; р. 20 декември 1979 во Бархем (Нов Јужен Велс)) — поранешен австралиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1999-2016 година.
Тој е трикратен светски хронометарски првак, победувајќи последователно во 2003 (откако Дејвид Милар бил казнет за допинг), 2004 и 2005. Роџерс станал професионалец во 1999 со Мапеи-Квик Степ, кој станaле Квик Степ. Во 2005 Роџер му се придрижил на Т-Мобајл Тим и ги предводел на Тур де Франс 2007. Во 2013 година, Роџерс се приклучил на Тинкоф, а во 2014 година ја освоил својата прва етапа на Тур де Франс.
Во април 2016 година, Роџерс преку Твитер објавил дека бил приморен да се повлече од професионалниот велосипедизам поради вродена срцева маана, која се влошувала.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Личен живот
[уреди | уреди извор]Роџер живее во Мендрисио, Швајцарија со неговата жена Италијанка и трите ќерки.
Рана кариера
[уреди | уреди извор]Роџерс бил дел од Австралискиот институт за спорт, кој му овозможил да се пресели во Европа на 16 години како аматер. Започнал како велодромски велосипедист со тренерот Чарли Волш. Роџерс ги освоил светските првенства во хронометар во 2003, 2004 и 2005. Тој бил втор во 2003, но станал првак, откако победникот, Дејвид Милар, бил дисквалификуван поради допинг. Роџерс ја добил неговата маичка-виножито и златниот медал на денот на првенството во 2004, така добивајќи два златни медала во ист ден.
На Тур де Франс 2003, Роџерс му помогнал на Ришар Виранк да ја освои неговата шеста точкеста маичка како Крал на планините. Тој бил последен возач, кој останал да му помогне на Виранк во неговиот ден на бегство и етапната победа.
Во мај 2011, американскиот велосипедист Тајлер Хамилтон се откажа од неговиот златен медал на машкиот поединечен хронометар на ЛОИ 2004, откако признал за допингот во текот на неговата велосипедска кариера. Ова довело Роџерс соодветно да го освои бронзениот медал на трката, во која тој првично бил четврти.[3] Во септември 2015 година го добил олимпискиот медал на церемонија во седиштето на МОК во Лозана, Швајцарија.[4]
Т-Мобајл (2006–2010)
[уреди | уреди извор]Роџер му се придружил на Т-Мобајл Тим во сезоната 2006 и завршил 9. во крајниот пласман на Тур де Франс 2006.
На 15 јули, Роџерс се повлекол на 8. етапа од Тур де Франс 2007, откако ја скршил клучната коска во несреќа на претходната етапа. Тој останал сè додека не пристигнал докторот за присутниот Австралиец Стјуарт О‘Грејди, кој завршил на носила во болница.
Откако му било дијагностицирана мононуклеоза (треска на жлездите), таа предизвикала сериозно потешкотии на неговата тркачка форма по некое време. До крајот на 2009 се вратил на својата форма и започнал да забележува големи успеси, со Тим Колумбија-Хај Роад, наследникот на Т-Мобајл. Во 2010, како водач на неговиот тим, ја освоил Вуелта а Андалусија, а потоа и Трка околу Калифорнија (првиот не-Американец кој го направил тоа).
По разочарувачкиот Тур де Франс 2010 (37. на крај), Роџерс објавил дека во иднина ќе се сконцентрира на пократките трки (н.п. еднонеделните), како и тоа дека нема повеќе да настапува на подолги трки.
Тим Скај (2011–2012)
[уреди | уреди извор]Во октомври 2010 објавил дека го напушти Тим ХТЦ-Колумбија и се приклучил на британскиот Тим Скај за сезоната 2011. Меѓутоа, тој претрпел повторување на неговата мононуклеоза рано во сезоната и не бил во можност да ја брани неговата титула на Трка околу Калифорнија од 2010. Роџерс се вратил на тренинзи на крајот од сезоната.
Роџерс ја започнал сезоната 2012 со трето место на Австралиското национално хронометарско првенство,[5] и го водел Тим Скај на Тур Даун Андер, каде завршил четврти во генералниот пласман. Во март, Роџерс завршил трет на Критериум Интернационал; завршил втор зад возачот на Аксент.џобс-Вилемс Веранда Кедел Еванс во поединечниот хронометар околу Порто Векио,[6] и завршил осми на последната етапа, на завршницата на врвот Л‘Оспедал.[7] Во мај, Роџерс победил на Трката околу Баварија, етапна трка во Германија, победувајќи на втората етапа и хронометарот (4. етапа), негови први победи откога вози за Скај[8]. Потоа Роџерс возел на Критериум ду Дофине, помагајќи му на водачот Бредли Вигинс да ја освои трката, воедно завршувајќи втор во генералниот пласман по неговото силно возење на последниот хронометар. Роџерс бил избран во составот на Скај за настап на Тур де Франс, како еден од клучните помагачи на Вигинс. Доживеал несреќа на крајот на етапата 1, но сепак бил во можност да се врати назад во групата.
Во 2013 година, Роџерс го напуштил Скај и му се приклучил на Тим Саксо-Тинкоф[9] по воведувањето на новата политика на Скај која барала сите возачи да потврдат дека немале историја на допинг[10] иако го негирал заминувањето поради таа причина.
Тим Саксо-Тинкоф (2013–2016)
[уреди | уреди извор]Во јули Роџерс возел на Тур де Франс како поддршка на Алберто Контадор и завршил на 16. место. Во октомври го освоил Јапонскиот куп, еднодневна трка. Во декември било објавено дека бил позитивен на кленбутерол на самата трка. Бил суспендиран до понатамошната истрага.[11] На 23 април 2014, UCI објавил дека Роџерс е чист, дека не е предвидена понатамошна истрага, а воедно и дека му е дозволен повторен настап на трките.[12]
Се вратил на трките, освојувајќи го првиот поединечен хронометар на некоја голема трка, на единаесеттата етапа на Џиро д’Италија 2014, на 21 мај. Освоил уште една етапа на трката, победувајќи на претпоследната етапа на Монте Цонколан.
На 22 јули 2014, Мајкл Роџерс ја освоил својата прва етапа на Тур де Франс. Тоа било шеснаесеттата етапа — најдолгата етапа на Тур де Франс 2014 — на која остварил победа откако цел ден бил во бегство заедно со уште 20 возачи.[13]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 1996
- 1. Национално јуниорско хронометарско првенство
- 1997
- Светски јуниорски велодромски првенства
- 2. Светско хронометарско првенство под 19 години
- 1998
- 1. Комонвелтски Игри 1998 - Скреч
- 1. Национални велодромски првенства - Поединечна потера
- 1999
- 2. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 2000
- 1. Етапа 2 Тур Даун Андер
- 3. Светско хронометарско првенство под 23 години
- 2001
- 2. ГП Еди Меркс (со Фабијан Канчелара)
- 2. Дуо Норманд (со Фабијан Канчелара)
- 4. Краен пласман Редландс Класик
- 4. Џозеф Фегели Меморијал
- 6. Хроно на народите
- 9. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
- 10. Сиркуто де Гечо
- 2002
- 1. Краен пласман Тур де Бос
- 1. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 2
- 2. Комонвелтски игри - Поединечен хронометар
- 2003
- 1. Светско хронометарско првенство
- 1. Краен пласман Трка околу Германија
- 1. Етапа 6
- 1. Краен пласман Рут ду Суд
- 1. Етапа 3
- 1. Краен пласман Трка околу Белгија
- 2004
- 1. Светско хронометарско првенство
- 2. Фиренца-Пистоја
- 3. Летни олимписки игри 2004 - Олимписки хронометар
- 4. ГП на народите
- 6. Краен пласман Трка околу Луксембург
- 7. Хроно де Хербие
- 8. Краен пласман Париз-Ница
- 9. ЛУК Челинџ Хроно Бил
- 2005
- 1. Светско хронометарско првенство
- 2. Краен пласман Тур де Свис
- 4. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2006
- 2. Краен пласман Регио-Тур Интернационал
- 1. Етапа 3
- 4. ЛУК Челинџ Хроно Бил
- 5. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 9. Краен пласман Тур де Франс
- 2007
- 2. Краен пласман Волта а Каталуња
- 7. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2008
- 2. Краен пласман Трка околу Мисури
- 2. Краен пласман Трка околу Саксонија
- 3. Краен пласман Енеко Тур
- 5. Олимписка друмска трка
- 2009
- 1. Национален хронометарски првак
- 3. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 6. Краен пласман Тур Даун Андер
- 7. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 8. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
- 2010
- 1. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 3. Монтепаски Страде Бјанке
- 3. Краен пласман Тур де Романди
- 2012
- 1. Краен пласман Трка околу Баварија
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 4 (ITT)
- 2. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 3. Краен пласман Критериум Интернационал
- 4. Краен пласман Тур Даун Андер
- 5. Краен пласман Тур де Романди
- 6. Олимписки хронометар
- 9. Краен пласман Трка околу Данска
- 2013
- 1. Јапонски куп
- 2. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 6. Краен пласман Критериум ду Дофине
- 2014
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 11
- 1. Етапа 20
- 1. Етапа 16 Тур де Франс
- 3. Краен пласман Рут ди Суд
- 2015
- 7. Краен пласман Енеко Тур
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | СО | — | — | 8 | — | — | — | — | 18 | 33 | — |
Тур | 42 | 22 | 41 | 9 | СО | — | 101 | 36 | — | 23 | 16 | 26 | 36 | — |
Вуелта | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Профил на Мајкл Роџерс“.
- ↑ Cycling News. „Michael Rogers forced to retire with heart ailment“. Cyclingnews.com.
- ↑ Associated Press (10 август 2012). „Tyler Hamilton stripped of Athens Olympics gold after doping admission“. The Guardian.
- ↑ „Australian Olympic Committee awards Michael Rogers with bronze medal from Olympic Games Athens 2004“. Меѓународен олимписки комитет. 1 септември 2015. Посетено на 3 септември 2015.
- ↑ Воган, Роџер (10 јануари 2012). „Дарбриџ победи, Бобриџ во болница“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Australian Associated Press. Посетено на 21 јануари 2012.
- ↑ „Еванс го освоил хронометарот на Критериум Интернационал“. Cycling News. Future Publishing Limited. 24 март 2012. Посетено на 25 март 2012.
- ↑ „Федриго победи на последната етапа на Критериум Интернационал“. Cycling News. Future Publishing Limited. 25 март 2012. Посетено на 25 март 2012.
- ↑ Бен Аткинс (27 мај 2012). „Трка околу Баварија: Мајкл Роџерс ја освои трката додека Алесандро Петаки ја освоил неговата трета етапа“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 7 декември 2012.
- ↑ „Мајкл Роџерс го напушта Скај за Саксо-Тинкоф“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 декември 2012. Посетено на 7 декември 2012.
- ↑ Вин, Најџел (18 октомври 2012). „Team Sky riders and staff must sign anti-doping policy“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 26 јуни 2013.
- ↑ Бери Рајан (20 октомври 2013). „Michael Rogers Returns Adverse Analytical Finding For Clenbuterol“. Cyclingnews.com. Посетено на 18 декември 2013.
- ↑ „Нема забрана за Роџерс по позитивниот тест на кленбутерол“. Cyclingnews.com. 23 април 2014. Посетено на 23 април 2014.
- ↑ http://www.theglobeandmail.com/sports/more-sports/australias-michael-rogers-wins-longest-stage-of-tour-de-france/article19706440/ Австралиецот Мајкл Роџерс победи на најдолгата етапа на Тур де Франс
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мајкл Роџерс (велосипедист)“ на Ризницата ? |
- Не пронајдов URL. Укажете URL овде или ставете го на Викподатоците. (англиски)
- Мајкл Роџерс на Твитер
- „Достигнувања на Мајкл Роџерс (велосипедист)“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Мајкл Роџерс (велосипедист)“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Мајкл Роџерс (велосипедист)“. ProCycling.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Сантјаго Ботеро |
Светски хронометарски првак 2003–2005 |
Наследник Фабијан Канчелара |
- Родени во 1979 година
- Австралиски велосипедисти
- Спортисти од Нов Јужен Велс
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Австралија
- Олимписки медалисти во велосипедизам
- Олимписки бронзени медалисти за Австралија
- Светски прваци во велосипедизам
- Австралиски етапни победници на Џиро д’Италија
- Австралиски етапни победници на Тур де Франс
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2000