Меридијан
Изглед
Меридијан или пладневник — линија на географска должина е замислен лак околу површината на Земјата од Северниот до Јужниот Пол. Сите места кои се наоѓаат на даден меридијан се вели дека се на иста географска должина. Името „меридијан“ доаѓа од латинскиот збор за пладне: на некој меридијан (географска должина) на Земјата е пладне кога Сонцето се наоѓа точно над таа линија.
За почетен се смета нултиот меридијан, кој се наоѓа во Гринич, Англија.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |