Прејди на содржината

Микаел (филм од 1924)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Микаел (германски: Michael) - германски филм од 1924 година, во режија на Карл Теодор Дреер, според сценариото на Херман Банг и Теа фон Харбоу. Главните улоги ги толкуваат: Валтер Злецак, Макс Ауцингер, Нора Грегор, Роберт Гарисон, Бенjамин Кристенсен, Дидје Аслан, Александер Мурски, Грете Мозхајм, итн.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Микаел (го игра Злецак) е млад сликар кој живее кај славниот сликар Клод Зоре (го игра Кристенсен), кој се грижи за него како за свој син. Еден ден, сликарот го посетува грофицата Замикоф (ја игра Грегор) која бара да ѝ направи портрет. Зоре долго време се мачи, но не никако не може да ги наслика нејзините очи, додека Микаел успева многу лесно да го доврши портретот. Истовремено, Микаел и грофицата се вљубуваат и тој постепено го запоставува сликарот Зоре, а во меѓувреме краде предмети од неговиот дом и скришно продава негови слики, со цел да обезбеди пари за раскошниот живот со грофицата. Зоре ги открива измамите на Микаел, но му простува, воден од големата љубов кон него. Најпосле, Зоре го завршува своето последно ремек-дело, кое постигнува голем успех кај публиката, но на претставувањето на сликата не присуствува Микаел, кој за тоа време е кај својата љубовница. Тој се појавува дури потоа, но веднаш го напушта стариот мајстор, крадејќи ги неговите скици, проценети на голема вредност. Скршен од заминувањето на Микаел, Зоре умира.[1]