Миндер
Миндер[1] или диван[2] — дрвен одар за седење покрај ѕид. Овој архитектонски елемент во ентериерот се поставува најчесто под парапетот на прозорците и е расположен по должината на една или повеќе страни на одајата. Истиот во недостаток на простор за складирање во македонската куќа се користи и како сандак за постелнина и останатата покуќнина.
Историја
[уреди | уреди извор]Миндерот како елемент изработен во дрво, под влијание на ориенталната архитектура, во ентериерот на македонската куќа се инкорпорира во XVIII и XIX век. Истиот во ентериерот на македонската куќа од XX век често е заменет со подвижна гарнитура.
Особености
[уреди | уреди извор]Миндерот најчесто е неподвижен елемент во ентериерот. Составен е од два дела, за седење и потпирање. Висок е 45см и 50-55см широк. Изработен е од дрво, со една или повеќе комори за складирање. Најчесто е прекриен со черги и украсни перници.