Мисија Лондон (филм)
Мисија Лондон (англиски: Mission London) — филм од 2010 година во режија на Димитар Митовски, кој е автор и на сценариото, заедно со Делјана Манева и Алек Попов. Сценариото е засновано врз истоимениот роман на Алек Попов. Главните улоги ги играат: Ралф Браун, Алан Форд, Томас Арана, Мето Јовановски и Кирил Псалтиров. Филмот постигнал голем комерцијален успех во Бугарија и на Балканот.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Амбасадата на Бугарија во Лондон подготвува спектакуларен настан по повод приклучувањето на земјата кон Европската Унија. Сопругата на бугарскиот претседател која сака да се истакне себеси, а организацијата на настанот му е доделена на Варадин, новиот бугарски амбасадор во Лондон. Освен организацијата на концертот, Варадин треба да го обезбеди и присуството на англиската кралица, зашто тоа е голема желба на сопругата на бугарскиот претседател. Меѓутоа, персоналот во амбасадата е корумпиран и го дополнува личниот буџет со ситен криминал, а истовремено, Варадин има недоразбирање со агенцијата за односи со јавноста, која треба да обезбеди двојници за кралското семејство. Сето тоа предизвикува кошмар за Варадин и за сопругата на претседателот.[2]