Михаил V Калафат
Михаил V Калафат Μιχαὴλ Ε΄ Καλαφάτης | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
Хистаменон кој можеби бил издаден за време на владењето на Михаил V. Со Христос Пантократор на аверс (лево); и царот (крунисан од Божјата рака) и Архангел Михаил како држи лаварум на реверс (десно). | |
Византиски цар | |
На престол | 10 декември 1041 – 20 април 1042 |
Крунисување | 1041 |
Претходник | Михаил IV Пафлагонецот |
Наследник | Зоја Порфирогенита Теодора Порфирогенита |
Роден(а) | околу 1015 Пафлагонија |
Починал(а) | 24 август 1042 Цариград |
Династија | Македонска династија (преку брак; посвоен) |
Татко | Стефан |
Мајка | Марија |
Михаил IV Калафат, (грчки: Ζωή η Πορφυρογέννητη, о. 1015 г. - 24 август 1042 г.), бил византиски цар од Македонската династија кој владеел од 10 декември 1041 г. до 20 април 1042 г. Тој бил внук и наследник на Михаил IV и посвоен син на неговата жена, царицата Зоја. Тој бил познат по прекарот "Калафат", значејќи шупер, според занимањето на неговиот татко.
Посвојување за престолонаследник
[уреди | уреди извор]По сузбивањето на Делјановото востание, Михаил IV се вратил од Балканот тешко болен. Бидејќи неговата смрт можела да се очекува секој час, евнухот-брат Јован Орфанотроф се погрижил да ја зачува царската круна за своето семејство. Царицата Зоја се согласила да го посвои неговиот и царев внук Михаил, па тој бил прогласен за цезар и престолонаследник. Не чекал долго на царската круна зашто веќе во декември 1041 г. Михаил IV умрел.[1]
Владеење
[уреди | уреди извор]Михаил V, наречен според некогашното занимање на својот татко - Калафат (шупер), брзо го окочал владеењето на пафлагонскиот дом. Прва негова жртва бил самиот Јован Орфанотроф. За да се ослободи од неговото туторство, Михаил Кафалат го испратил својот стрико во прогонство. Во заштита на омразениот евнух никој не застанал. Но кога, охрабрен од тоа, осилениот младич ја испратил в манастир и царицата Зоја, тоа било пресудно за да ја загуби круната. Против него сложно истапиле аристократијата и Црквата, потпирајќи се на династиските чувства на цариградското население. Приврзаноста но легитимноста на Македонската династија станала со времето толку силна што дури и Зоја и Теодора уживале наклонетост од Цариграѓаните. Михаил Калафат кој се осмелил да крене рака на царицата "родена во пурпур", бил симнат и ослепен на 20 април 1042 г.[1]