Миљенко Јерговиќ
Миљенко Јерговиќ Miljenko Jergović | |
---|---|
Миљенко Јерговиќ во Грац, ноември 2012 година | |
Роден/а | 28 мај 1966 Сараево, СФР Југославија |
Занимање | раскажувач, романописец и колумнист |
Националност | босанскохерцеговско |
Апсолвент на | Универзитет Сараево |
Период | 1988–present |
мрежно место | |
http://www.jergovic.com/ |
Миљенко Јерговиќ (бошњачки: Miljenko Jergović, хрватски: Miljenko Jergović), (Сараево, 28 мај 1966) – босанскохерцеговски и хрватски писател и новинар. Неговите дела се преведени на дваесетина јазици. Член е на хрватскиот и босанскохерцеговскиот центар ПЕН.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јерговиќ е роден и израснал во Сараево каде дипломирал филозофија и социологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот Сараево. Неговиот книжевен талент бил препознаен уште со неговата прва поетска збирка „Опсерваторија Варшава“ објавена во 1988 година, за која ја добил Горановата награда и наградата „Мак Диздар“. Подоцна објавува уште две збирки поезија. Во 1992 година почнал соработка со неделникот „Недељна Далмација“ како новинар и заменик-главен уредник. Во 1993 година се преселил во Загреб.
Творештво
[уреди | уреди извор]Неговата прва, најпозната и најуспешна збирка раскази за хаотичниот секојдневен живот во завојуваната Босна и Херцеговина, „Сараевски Марлборо“, објавена во 1994 година, му обезбедила меѓународно признание. Делото било наградено со наградата за мир „Ерих-Марија Ремарк“ и наградата „Ксавер Шандро Ѓалски“. Оттогаш објавува раскази, есеи и романи со различна тематика, како и колумни и статии во бројни изданија на подрачјето на бившата Југославија.
Дела
[уреди | уреди извор]- Opservatorija Varšava, поезија, Загреб (1988)
- Uči li noćas neko u ovom gradu japanski?, поезија, Сараево (1990)
- Himmel Comando, поезија, Сараево (1992)
- Sarajevski Marlboro, раскази, Загреб (1994)
- Karivani, раскази, Загреб (1995)
- Preko zaleđenog mosta, поезија, Загреб (1996)
- Naci bonton, статии, критики, есеи, Загреб (1998)
- Mama Leone, раскази, Зоро, Сараево (1999) ISBN 978-9958-589-43-0
- Sarajevski Marlboro, Karivani i druge раскази, избрани раскази, Загреб, (1999) ISBN 978-953-188-104-9
- Kažeš anđeo, drama, Загреб (2000)
- Historijska čitanka 1, есеи, Загреб/Сараево (2001) ISBN 978-953-201-602-4
- Hauzmajstor Šulc, поезија, Загреб (2001)
- Buick Riviera, новела, Загреб (2002) ISBN 978-86-83897-49-0
- Dvori od oraha, роман, Загреб (2003) ISBN 978-9958-717-64-2
- Rabija i sedam meleka, избрани раскази, Сараево (2004) ISBN 978-9958-717-11-6
- Historijska čitanka 2, есеи, Загреб/Сараево (2004) ISBN 978-953-201-892-9
- Inšallah, Madona, inšallah, раскази, Загреб (2004) ISBN 978-9958-717-33-8
- Dunje 1983, поезија, Загреб (2005)
- Glorija in excelsis, роман, Загреб, (2005) ISBN 978-953-188-244-6
- Žrtve sanjaju veliku ratnu pobjedu, статии, критики, есеи, Загреб, (2006) ISBN 978-953-188-233-0
- Ruta Tannenbaum, роман, Загреб (2006) ISBN 978-953-188-237-8
- Drugi poljubac Gite Danon, избрани раскази, V. B. Z., Загреб (2007) ISBN 978-953-201-662-8
- Freelander, новела, Ајфелов мост, Сараево/Загреб (2007) ISBN 978-995-857-101-3
- Srda pjeva, u sumrak, na Duhove, роман; Ренде, Белград (2009) ISBN 978-86-83897-71-1
- Transantlantic mail, mejl prepiska sa Semezdinom Mehmedinovićem 2008-9, V. B. Z., Загреб, (2009) ISBN 978-953-304-078-3
- Volga, Volga, новела, Наклада Љевак, Загреб (2009) ISBN 978-953-303-086-9
- Роман o Korini, расказ, Rende, Белград (2010)
- Otac, роман, Ренде, Белград (2010)
- Загребačke kronike, новинарски хроники, колумни, фељтони, Библиотека XX век, Белград (2010)
- Bosna i Hercegovina, budućnost nezavršenog rata (заедно со Иван Ловреновиќ), есеј, интервју, Загреб (2010)
- Pamti li svijet Oscara Schmidta, проекти, скици, нацрти, Загреб (2010)
- Psi na jezeru, роман, Загреб (2010)
- Tango bal i druge раскази, izabrane раскази, Цетиње (2010)
- Muškat, limun i kurkuma, есеи, Загреб (2011)
- Izabrane pjesme Nane Mazutha, поезија, Цетиње (2011)
- Mačka, čovjek, pas, раскази, Rende, Белград (2012)
- Wilimowski - необјавен роман;
- Rod, Фрактура, Запрешиќ (2013)
- Tušta i tma, prepiska sa Svetislavom Basarom, Лагуна, Белград (2014)
- Levijeva tkaonica svile, Фрактура, Запрешиќ (2014)
- Сараево, plan grada - knjiga prva, Фрактура, Запрешиќ (2015)
- Drugi krug, prepiska sa Svetislavom Basarom, Лагуна, Белград (2015)
- Doboši noći, studija, Фрактура, Запрешиќ (2015)
На македонски јазик
[уреди | уреди извор]Филм
[уреди | уреди извор]Според книгата „Бјуик Ривиера“ во 2009 година бил снимен филмот „Бјуик Ривиера“ кој го режирал Горан Рушиновиќ, а сценариото било на Миљенко Јерговиќ и Рушиновиќ.[2] Заедно со српскиот писател Марко Видојковиќ во 2009 година пропатувале по автопатот „Братство и единство“ возејќи Југо во документарниот филм „Дуго путовање кроз историју, хисторију и повијест“.[3]
Награди
[уреди | уреди извор]- Награда на Друштвото на писателите на БиХ
- „Награда Мак Диздар“ за поезија
- „Горанова награда“ за поезија
- „Награда Веселко Тенжера “ (1990) за новинарство
- „Награда Ксавер Шандор Ѓалски “ (1994)
- „Посебна мировна награда Ерих-Марија Ремарк на градот Оснабрик (1995)
- Италијанска книжевна награда „Premio Grinzane Cavour“ за книгата „Мама Леоне“(2003)
- Годишна награда на Матица хрватска за книжевност и уметност „Аугуст Шеноа“ за книгата „ Бјуик Ривиера“ (2002)
- Награда Меша Селимовиќ за романот „Рута Таненбаум“ (2007)[4]
- Награда Ангелус (2012)[5]
- Награда за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот - Прозарт, (2017)[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Миљенко Јерговиќ во Скопје со романот „Род“[мртва врска]
- ↑ Поврзница кон филмот „Бјуик Ривиера на imdb.com
- ↑ „Поврзница кон страницата на филмот на мрежното место на продуцентската куќа на филмот“. Архивирано од изворникот на 2012-04-06. Посетено на 2017-08-24.
- ↑ Članak Jergoviću nagrada "Meša Selimović" u dnevnom listu Danas 12.septembra 2007.
- ↑ Članak Jergoviću nagrada Angelus na sajtu seecult.org 21. oktobra 2012.
- ↑ Луцидниот критичар на денешницава Миљенко Јерговиќ добитник на наградата Прозарт
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Миљенко Јерговиќ“ на Ризницата ? |
|