Мов
Мовови Bryophyta Период: Перм до денес | |
---|---|
Карпа обрасната со мов | |
Научна класификација | |
Царство: | Plantae |
Оддел: | Bryophyta |
Класи | |
Мововите — зелени растенија приспособени за живот на копно.Макар што за нивното размножување е потребно присуство на вода, и затоа најдобро се развиваат на влажни биотопи. Мововите со попроста организација имаат талусна градба, а кај листостеблените мовови се разликуваат ризоиди, стебло и ливчиња. Ризоидите се специјални влакненца кои служат за прицврстување на растението и за примање на вода. Мововите со ризоидите само делумно се снабдуваат со вода бидејќи ја примаат непосредно со површината на целото тело.
Половата генерација или гаметофит е основна и доминантна генерација на растението, а бесполовата - спорофитот е послабо развиена.
Вегетативното тело со репродуктивните органи ја претставува гаметофитната генерација, додека спорофитот е претставен со дршка со спорангиум и не е самостојно растение, туку живее полупаразитски на гаметофитот.
Мововите се растенија кои се широко распространети во природата. Тие живеат на разновидни почви, меѓутоа најчесто на тресетна подлога, мочурливи ливади, шумски мочуришта, водопади, влажни камења итн.
Во врска со филогенијата на мововите, едни сметаат дека водат потекло од зелените алги, а други од псилофитите. Еволуцијата во самата група на мововите одела кон редуцирање на спорофитот.
Мовта како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Мов“ (српски: Маховина) — песна на српскиот поет Васко Попа.[1]
- „Градина со мов“ (англиски: Moss garden) — песна на британскиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1977 година.[2]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Информации, дијаграми и слики на мовови Архивирано на 6 февруари 2013 г.
- Опис на мововите Архивирано на 7 јули 2005 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 16-17.
- ↑ Discogs, David Bowie – "Heroes" (пристапено на 4.3.2022)
|