Прејди на содржината

Мотокултиватор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мотокултиватор во Костинци, Македонија

Мотокултиватор — земјоделска машина која служи за дополнително разорување на веќе изорена земја. Работните делови на машината се вртат со голема брзина, со што се разделуваат големите парчиња земја. Оборотите можат да се движат од 70 до 160 вртежи во минута, во зависност од моделот. Тие исто така се користат и за хранење на почвата.

Мотокултиватор може да биде со мотор со внатрешно согорување, како и електрични кај помалите модели.

Мотокултиваторите можат да бидат поделени во неколку видови:

  • Мали - со работна ширина од 30-40 см, кои служат за обработка на полиња околу цвеќиња и мали дрвја. Типично, овие модели се двотактни или се со електрични мотори
  • Средна ширина до 90 - 100 см - Ова се мотокултиваторите кои најчесто се користат. Нивните двигатели се со мотор со внатрешно согорување и имаат поголема моќ.
  • Големи - со ширина над 90 см. Имаат неколку брзини напред и кон нив веќе може да се прикачи дополнително и друг инвентар (плуг, браздилник и др.)

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]