Прејди на содржината

Насканска Плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Насканска Плоча
Насканската Плоча
Видмала
Површина15.600.000 км
Движење1североисточно
Брзина140-53 мм годишно
ОпфаќаТихи Океан
1Во однос на Африканската Плоча

Насканска Плоча — океанска тектонска плоча во источниот Тихи Океан, близу западинот брег на Јужна Америка. Наречена е по областа Наска во јужно Перу. Нејзиното подвлекување на под Јужноамериканската Плоча долж Перуанско-чилеанскиот Ров е одговорно за настанокот на Андите. Насканската Плоча на запад се граничи со Тихоокеанската (преку Источнотихоокеанскиот Гребен), а на југ со Антарктичката Плоча (преку Чилеанскиот Гребен). Нејзиното движење врз неколку врели точки создало вулкански острови како и подводни планински венци во правец исток-запад кои се подвлекуваат под Јужна Америка. Насканската е релативно млада плоча во поглед на староста на нејзинита карпи и како одделна плоча, создадена со распадот на Фараљонската Плоча пред околу 23 милиони години. Најстарите карпи на плочата се стари 50 милиони години.[1]

Источнотихоокеански и Чилеански Гребен

[уреди | уреди извор]

Чилеанската Тројна Точка[2] се јавува на тлото на Тихиот Океан кај полуостровите Тајтао и Трес Монтес на јужниот брег на Чиле. Тука се среќаваат три тектонски плочи: Насканската, Јужноамериканската и Антарктичката.

Перуанско-чилеански Ров

[уреди | уреди извор]

Источниот раб е приближувачка зона на подвлекување под Јужноамериканската Плоча и Андите која го образува Перуанско-чилеанскиот Ров. Јужната страна е раздвојувачка граница со Антарктичката Плоча во Чилеанскиот Гребен, каде ширењето на морското дно дозволува издигање на магма. Западната страна е раздвојувачка граница со Тихоокеанската Плоча во облик на Источнотихоокеанскиот Гребен. Северната страна е раздвојувачка граница со Кокоската Плоча во Галапагоскиот Гребен.

Подвлекувањето на Насканската Плоча под јужно Чиле предизвикува многу силлни земјотреси, меѓу кои е најсилниот забележан земјотрес во историјата кој ја погодил Валдивија во 1960 г. со моментна магнитуда од 9,5.

Меѓуплочни образби

[уреди | уреди извор]

Врели точки

[уреди | уреди извор]

Втора тројна точка се јавува во северозападниот агол на плочата каде се спојуваат Насканската, Кокоската и Тихоокеанската Плоча близу брегот на Колумбија. Трета тројна точка има во југозападниот агол, каде се среќаваат Насканската, Тихоокеанската и Антарктичката Плоча, кај брегот на јужно Чиле. Во секоја од овие тројни точки постои аномална микроплоча: Галапагоската на северниот и микроплочата Хуан Фернандес на јужниот спој. Третата е Велигденската Плоча сместена веднаш на север од микроплочата Хуан Фернандес и лежи недалеку на запад од Велигденскиот Остров.

Асеизмички гребени

[уреди | уреди извор]

Карнегиевиот Гребен е земјиштен облик на океанското дно на северот на Насканската Плоча. Долг е 1.350, а широк 300 км. На западниот крај го опфаќа архипелагот Галапагос. Овој гребен се подвлекува под Јужна Америка заедно со остатокот од Насканската Плоча.

Движење на плочата

[уреди | уреди извор]

Апсолутното движење на Насканската Плоча изнесува 3,7 см годишно во источен правец (88°), што е едно од најбрзите апслутни движења на било која плоча. Плочата покажува необично рамноплочно подвлекување едновремено се раскинува и изобличува при подвлекувањето. Ова дејство го создало вулканскиот венец Анди и продолжува да работи на него. Изобличувањето на плочата влијае дури и на географијата на Боливија далеку на исток. Земјотресот во Боливија од 1994 г. се случил на Насканската Плоча и имал магнитуда од 8,2 , што во тоа време бил најсилниот инструментално забележан земјотрес со епицентар подлабоко од 300 км.

Освен архипелагот Хуан Фернандес, ова подрачје има многу малку острови засегнати од земјотресите причинети од движењата на овие споеви.

Геолошка историја

[уреди | уреди извор]

Фараљонската Плоча била претходник на Насканската Плоча, плочата Хуан де Фука и Кокоската Плоча. Се расцепила во доцниот олигоцен пред 22,8 милиони години. Подвлекувањето под јужноамериканскиот континент почнало пред 140 милиони години, иако образувањето на високите делови на Централните Анди и боливиската ороклина почнало дури пред 45 милиони години. Се претпоставува дека планините се издигнале под дејство на подвлекувањето на постарите и потешки делови на плочата кои побргу потонале во плаштот.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Dutch, Steven (10 август 2009). „Sea Floor Spreading in the Pacific (Plate Boundaries Shown)“. University of Wisconsin - Green Bay. Архивирано од изворникот на 17 март 2010.
  2. Kelly McGuire (8 април 2004). „Tectonics of South America: Chile Triple Junction“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 19 јануари 2020. Посетено на 27 февруари 2016.
  3. „Mountains on a plate form the Andes“ (214). University World News. 25 март 2012. Архивирано од изворникот 13 септември 2015. Посетено на 8 февруари 2016.