Нова Горица
Нова Горица Nova Gorica | ||
---|---|---|
Местоположба во Словенија. | ||
Координати: 45°57′21.2″N 13°38′35.7″E / 45.955889° СГШ; 13.643250° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Приморска | |
Статистички регион | Горица | |
Општина | Нова Горица | |
Површина | ||
• Вкупна | 3,5 км2 (1,4 ми2) | |
Надм. вис. | 93,4 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 13.031 | |
• Густина | 3,700/км2 (9,600/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 5000 |
Нова Горица (словенечки: Nova Gorica) — гратче и седиште на истоимената општина во Словенија. Градот има население од 13,031 жители.[1] Градот се наоѓа во западна Словенија, близу границата со Италија. Овој град е нов и бил изграден во 1948 година, после Парискиот мировен договор се основале границите на ФНРЈ, кога градот Горица останал надвор од ФНРЈ, односно во Италија.[2] Месното население градот го нарекува само како Горица и тоа име е на регистарските таблички.
Име
[уреди | уреди извор]Потеклото на самото име „Горица“ е словенско. Вообичаениот месен поим за градот е „Горица“ (т.е. без претставката „Нова“), додека жителите имаат тенденција да го нарекуваат соседниот италијански град како „Стара Горица“. Оваа употреба се образува и во словенечките регистарски таблички („GO“ за Горица), како и во името на месниот фудбалски клуб НД Горица. Зборот „горица“ е деминутивен облик на словенечката вообичаена именка „гора“. На архаичен словенечки јазик значело и „лозје“. Вообичаен е топоним во Словенија и во други области со словенечки населени места, како и вообичаено во областите кои имаат или историски имале словенско говорно население.
Историја
[уреди | уреди извор]Нова Горица е најмладиот голем град во Словенија, изграден во современиот дух од 1948 година, кога парискиот мировен договор воспоставил нова граница помеѓу Југославија и Италија.
Култура и образование
[уреди | уреди извор]Во Нова Горица се наоѓа на еден од трите национални театри во Словенија. Културната установа Горички музеј е сместена во Кромбершкиот замок во приградската населба Кромберк.
Универзитетот во Нова Горица се наоѓа во предградието Рожна Долина. Гимназијата „Нова Горица“, сместена во средиштето на градот, е едно од најреномираните средни училишта во Словенија.
Во Нова Горица излегува културниот магазин Razpotja (во превод: Раскрсници).
Рид Костањевица
[уреди | уреди извор]На југ од гратчето се наоѓа ридот Костањевица, дом на црквата во чест на Благовештение на Пресвета Богородица и францискански манастир од 17 век со обилни богатства од минатото.[3] Последните членови на Бурбонците, француското кралско семејство, се закопани во крипта под црквата (самиот Шарл X и членовите на неговото семејство и придружбата, вклучувајќи го и неговиот син Луј Антоан, и неговиот внук Анри д'Артоа, внук на Луј (ниту Луј Антоан ниту Анри никогаш не владееле како кралеви)). Тој избегал од Франција по револуцијата во 1830 година, наоѓајќи засолниште во Горица, и на крајот умрел таму. Таму е погребан и Пјер Луј Жан Касимир де Блакас, бурбонски благородник кој исто така починал во егзил (во 1839 година).[4]
Света Гора
[уреди | уреди извор]Наспроти ридот Костањевица, северно од гратчето се наоѓа населбата Света Гора која е врв од 682 м што привлекува аџии веќе 450 години. Погледот од таму е исклучителен, а на ведар ден посетителите можат да видат до Истра, Венеција, Доломитите и Камничките и Јулиските Алпи. Врвот на планината е дом на прекрасна базилика, каде што повремено се одржуваат концерти, францискански манастир и музеј на Битките кај Соча.
Луѓе
[уреди | уреди извор]Уметност и наука
[уреди | уреди извор]- Диего де Бреа, театарски режисер
- Деан Комел, филозоф
- Мирт Комел, филозоф и автор
- Бранко Марушиќ, историчар
- Маја Новак, писател
- Душан Пирјевец Ахац, филозоф и книжевен критичар (роден во Солкан, сега дел од Нова Горица)
- Катја Перат, поетеса и есеист
- Урош Сељак, физичар, космолог
- Митја Великоња, социолог
- Ерика Воук, поет
- Данило Завртаник, физичар и изучувач
- Марко Пељхан, уметник
- Каја Антлеј, уметник со виртуелна и проширена стварност за музејско наследство и вселена
Политика и јавни функции
[уреди | уреди извор]- Роберт Голоб, тековен премиер на Словенија
- Борут Пахор, политичар, тековен претседател на Словенија
- Звонко Фишер, поранешен државен јавен обвинител на Словенија
- Томаж Марушич, политичар, поранешен министер за правда на Словенија (1998–2000)
- Власта Нусдорфер, детски психолог, поранешен словенечки народен обвинител
- Сенко Пличанич, адвокат и политичар, поранешен министер за правда на Словенија
- Мајда Ширца, филмски критичар и политичар, министер за култура на Словенија (2008–2011)
- Патриција Шулин, политичар, член на Европскиот парламент
- Самуел Жбогар, политичар и дипломат, поранешен министер за надворешни работи на Словенија
Спорт
[уреди | уреди извор]- Јернеј Абрамич, слаломски кајакар
- Јуре Франко, првак во скијање
- Крис Јоган, фудбалер
- Алеш Кокот, фудбалер
- Урош Кодеља, слаломски кајакар
- Јан Мочник, кошаркар
- Матеј Мугерли, друмски велосипедист
- Јани Штурм, фудбалер
- Ева Мори, одбојкарка
Музика
[уреди | уреди извор]- Игор Видмар, рок музичар и новинар
- Изток Млакар, кантавтор и глумец
- Аљоша Буха, рок музичар
Останато
[уреди | уреди извор]- Јана Кривец, шаховски велемајстор
- Војтех Равникар, архитект
- Давид Тасиќ, новинар, политички затвореник (Судење на ЈБТЗ), и издавач
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]- Александровац, Србија
- Клагенфурт, Австрија
- Оточац, Хрватска
- Сан Вендемјано, Италија
- Огуз, Азербејџан
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Статистички завод на Република Словенија“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2011-04-05.
- ↑ Nova Gorica Municipality site
- ↑ „Frančiškanski samostan Kostanjevica in Nova Gorica“. Посетено на 30 јануари 2023.
- ↑ „Kostanjevica monastery - Cultural and Historical Heritage - Slovenia - Official Travel Guide -“. Посетено на 30 јануари 2023.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Нова Горица“ на Ризницата ? |
- Службено мрежно место на Градска Општина Нова Горица
- Туристички информации Архивирано на 19 октомври 2006 г.
- Нова Горица Архивирано на 29 јули 2017 г. на Geopedia
|