Оаза (департман)
Оаза Oise | ||
---|---|---|
департман | ||
Префектурната управа во Бове | ||
Местоположба на Оаза во Франција | ||
Земја | Франција | |
Регион | Горна Франција | |
Префектура | Бове | |
Потпрефектура | Клермон Компјењ Санлис | |
Управа | ||
• Прет. на Ген. совет | Надеж Лефевр | |
Површина1 | ||
• Вкупна | 5.860 км2 (2,260 ми2) | |
Население (2016) | ||
• Вкупно | 823.542 | |
• Ранг | 26. | |
• Густина | 140/км2 (360/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Департ. бр. | 60 | |
Окрузи | 4 | |
Кантони | 21 | |
Општини | 679 |
Оаза (француски: Oise) — департман во регионот Горна Франција на северот на истоимената земја. Наречен е по реката Оаза.
Историја
[уреди | уреди извор]Оаза е еден од изворните 83 департмани воведени со Француската револуција на 4 март 1790 г. Создадена е земајќи делови од покраините Ил де Франс и Пикардија.
По извојуваната победа во Битката кај Ватерло, британската војска го окупирала департманот, што траело од јуни 1815 доноември 1818 г.
Географија
[уреди | уреди извор]Оаза е дел од денешниот регион Горна Франција и лежи на 35 км северно од Париз. Опкружен е од департманите Сома, Ена, Сена и Марна, Долина на Оаза, Ер и Приморска Сена.
Поважни населени места
[уреди | уреди извор]Место | Општина | Кантон | Округ | Население |
---|---|---|---|---|
1 | Бове | Бове-1 Бове-2 |
Бове | 55.252 |
2 | Компјењ | Компјењ-1 Компјењ-2 |
Компјењ | 40.430 |
3 | Креј | Креј | Санлис | 34.262 |
4 | Ножан на Оаза | Ножан на Оаза | Санлис | 18.753 |
5 | Санлис | Санлис | Санлис | 15.583 |
6 | Крепи во Валоа | Крепи во Валоа | Санлис | 14.962 |
7 | Мери | Мери | Бове | 13.995 |
8 | Ноајон | Ноајон | Компјењ | 13.894 |
9 | Монтатер | Монтатер | Санлис | 12.843 |
10 | Пон Сент Максанс | Пон Сент Максанс | Санлис | 12.637 |
Туризам
[уреди | уреди извор]Највеќе посетители во департманот добива забавниот парк „Астерикс“ отворен 1989 г. Други места од особено културно-историско значење се катедралата „Св. Петар“ во Бове, замокот Пјерфон обновен од Ежен Виоле ле Дик и ликовната збирка во Шантији, една од најголемите вон Париз.
-
Ликовна галерија во замокот Шантији
-
Катедралата „Св. Петар“ во Бове
-
Луда железница во паркот „Астерикс“
-
Изложен тенк „Рено ФТ“ кај Компјењ
-
Замокот Пјерфон
Збратимени места
[уреди | уреди извор]Оаза е збратимена со грофовијата Бедфордшир во Англија.
Едно од селата во поречието е Овер на Оаза, познато како свратилиште на разни импресионистички уметници. Овде Винсент ван Гог ги провел последните 70 дена од животот и тука е закопан, заедно со брат му Тео.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Insee - Populations légales 2013“. INSEE. Посетено на September 10, 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Оаза (департман)“ на Ризницата ? |
- Портал на префектурата Оаза (француски)
- Портал на Генералниот совет на Оаза Архивирано на 27 септември 2009 г. (француски)
- Именик на Оаза Архивирано на 3 мај 2020 г. (француски)
- Туристички портал на Оаза (англиски)
|