Обична бурница
Обична бурница | |
---|---|
Puffinus puffinus | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Цевконосни |
Семејство: | Procellariidae |
Род: | Puffinus |
Вид: | Обична бурница |
Научен назив | |
Puffinus puffinus (Brünnich, 1764) | |
Синоними | |
Procellaria puffinus Brünnich, 1764 |
Обична бурница (Puffinus puffinus) или мал завој е птица со средна големина од редот на цевконосните, семејството морски птици Procellariidae. Научното име на овој вид птица било повеќепати менувано, во XVII век ја викале морската птица од островот Ман. Пафин е англиско-нормански збор кој се користи како термин за излечените примероци на малечките бурници. Атлантската морска птица (наречена пафин) го добила своето име многу подоцна, веројатно поради нејзините слични навики при правењето гнезда.[1] Во Македонија, двата вида, обичната буравесник и средоземната бурница (Puffinus yelkouan) се викаат мал завој бидејќи порано тие се сметале за еден вид. Според списокот на „Авибазата“ на Denis Lepage, оваа птица ја има во Македонија, но нејзиното присуство не е посведочено.
Опис
[уреди | уреди извор]Оваа птица е долга 30-38 сантиметри, со распон на крилјата 76-89 сантиметри. Таа има карактеристичен лет, со неколку мавтања на крилјата брцнува во водата и речиси ја допира со врвот на крилјата. Оваа птица изгледа како летечки крст со крилја кои ги држи под прав агол во однос на телото и ја менува својата боја од црна во бела бидејќи горниот дел од телото кој е со црна боја и долниот дел од телото кој е со бела боја, наизменично се изложени на светлина додека лета ниско над морето.
Таксономија
[уреди | уреди извор]Порано, секој жив примерок од видот Puffinus со средна големина, се сметал за подвид на P. puffinus. Сегашната средоземна и балерска бурница (Sangster et.al. 2002), хјутонскиот, црниот, таунсендскиот, хавајскиот и флутерската бурница сега се сметаат за посебни видови. Од нив, само хавајскиот и можеби таунсендскиот, се блиски до овој вид - манска бурница или бурницата од островот Ман (Austin 1966). Претходниот Puffinus puffinus "супервид" испадна дека е примерок на повеќе или помалку далечна лоза. Меѓутоа, вклучувајќи ги изумрените видови наведени подолу, барем Средоземниот таксион очигледно претставува супервид и тоа со право, и можеби видовите од Нов Зеланд. Исто така, на овој комплекс изгледа му припаѓаат и неколку видови кои веќе се изумрени:
- Лавина бурница или олсонска бурница (Puffinus olsoni) од Канарските Oстрови;
- Холова бурница (Puffinus holeae) кој се среќавала на западниот брег од Пиринејскиот Полуостров; *Скарлетна бурница (Puffinus spelaeus) од јужниот остров на Нов Зеланд.
Неразјаснетите остатоци пронајдени на Менорка може да припаѓаат на веќе именуваниот таксион или пак на некој нов; тие не се од балеарската бурница (Alcover 2011) и можат да бидат поблиски до P. holeae отколку до некој друг познат вид, жив или истребен. Таму, исто така, постоеле доцна плиоценски и рани плеистоценски видови познати од Ибица, Puffinus nestori, кои можеби се директни предци на средоземната бурница (Heidrich et al 1998).
Распространетост
[уреди | уреди извор]Претставката Mанов означува потекло од островот Ман, и се должи на некогашната голема колонија на овие птици пронајдени на еден мал остров, јужно од островот Ман. Од таму овој вид беше истребен во периодот на нивното размножување поради ненадејна појава на стаорци по еден бродолом во 18 век, меѓутоа при една неодамнешна контрола се утврди дека овие птици во мал број се враќаат да се размножуваат на истиот остров.
Поведение
[уреди | уреди извор]Мановите буравесници се долговечни птици. Бурницата која се размножувала на островот Коупленд, Северна Ирска, беше познат како најстара дива птица во светот во 2003/2004 година; една птица на петгодишна возраст била обележана во јули 1953 год, пуштена на слобода и повторно уловена во јули 2003 година на старост од најмалку 55 години. Тие се многу друштвени птици и може да се видат во голем број од бродови или од копно, посебно во есен. Тивки се преку ден на море, но во текот на ноќта колониите каде се размножуваат, живнуваат и испуштаат гласни и пискави звуци.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Обичната бурница се храни со мали риби (особено ситни харинги, сардини), ракчиња, полипи и остатоци од фрлена храна во водата. Птицата оди во потрага по храна поединечно или во мали групи, и гледа да ги искористи морските цицачи и јатата на рибите грабливки кои го туркаат својот плен на површината. Овој вид не следи бродови.
Размножување
[уреди | уреди извор]Овој вид се размножува во северниот Атлантик, во големи колонии на острови или крајбрежни гребени околу Велика Британија и Ирска. Се гнездат долж северноатлантскиот брег на североисточна Америка од 1970-те години, а оттогаш па наваму, почнуваат да се размножуваат и на југ до Заливот Мејн, со тоа што е потврдено дека еден пар птици се вгнездил на Матиникус Рок. Тие се моногамни птици кои гнездат во дупки и снесуваат едно бело јајце кое го посетуваат само преку ноќ за да го заштитат од големите галеби. На островите обично нема грабливи цицачи (но на островот Рум, околу 4 проценти од пилињата се плен на обичлниот елен кому му треба повеќе калциум.[2])
Се селиње
[уреди | уреди извор]Ова е птица преселница која прелетува преку 10.000 километри до Јужна Америка во зима, користејќи ги водите на јужните делови од Бразил и Аргентина[3] така што 55 годишната птица која е спомната претходно веројатно има прелетано преку 1.000.000 километри (не сметајќи ги секојдневните летови во потрага по риба). За една друга птица која била обележана во 1957 година (на околу 5 годишна возраст) и која сè уште се размножува на островот Бардсеј во Велс, орнитологот Крис Мед во април 2002 пресметал дека има прелетано над 8.000.000 км за време на својот 50 годишен живот.[4]
Фолклор
[уреди | уреди извор]Во 19-от век новелата за островот Ман „Манкс“ („Жителот на островот Ман“) од Хол Кеин, зборува за сатанистичкиот фолклор кој ја опкружува оваа птица очигледно поради нејзиниот необичен глас и темен изглед.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lee & Haney (1996)
- ↑ R. W. Furness, R. W. (1988). „Predation on ground-nesting seabirds by island populations of red deer Cervus elaphus and sheep Ovis“. Journal of Zoology. 216 (3): 565–573. doi:10.1111/j.1469-7998.1988.tb02451.x.
- ↑ T. G. Guilford, T; Meade, J; Willis, J; Phillips, RA; Boyle, D; Roberts, S; Collett, M; Freeman, R; Perrins, CM (2009). „Migration and stopover in a small pelagic seabird, the Manx shearwater 'Puffinus puffinus': insights from machine learning“. Proc. Roy. Soc. B. 276 (1660): 1215–1223. doi:10.1098/rspb.2008.1577. PMC 2660961. PMID 19141421.
- ↑ Anon (18 April 2002). „Oldest bird clocks 5 million miles“. CNN.com. Посетено на 31 March 2013.
Литература
[уреди | уреди извор]- Alcover, Josep Antoni (2001): Nous avenços en el coneixement dels ocells fòssils de les Balears. Anuari Ornitològic de les Balears 16: 3–13. [Article in Catalan, English abstract] PDF fulltext
- Austin, Jeremy J. (1996): Molecular Phylogenetics of Puffinus Shearwaters: Preliminary Evidence from Mitochondrial Cytochrome b Gene Sequences. Molecular Phylogenetics and Evolution 6(1): 77–88. doi:10.1006/mpev.1996.0060 (HTML abstract)
- „Puffinus puffinus“. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2004. Посетено на 12 May 2006. Database entry includes justification for why this species is of least concern
- Bull, John L.; Farrand, John Jr.; Rayfield, Susan & National Audubon Society (1977): The Audubon Society field guide to North American birds, Eastern Region. Alfred A. Knopf, New York. ISBN 0-394-41405-5
- Heidrich, Petra; Amengual, José F. & Wink, Michael (1998): Phylogenetic relationships in Mediterranean and North Atlantic shearwaters (Aves: Procellariidae) based on nucleotide sequences of mtDNA. Biochemical Systematics and Ecology 26(2): 145–170. doi:10.1016/S0305-1978(97)00085-9 PDF fulltext
- Holdaway, Richard N; Worthy, Trevor H. & Tennyson, Alan J. D. (2001): A working list of breeding bird species of the New Zealand region at first human contact. New Zealand Journal of Zoology 28(2): 119–187. PDF fulltext
- Lee, D.S. & Haney, J.C. (1996): Manx Shearwater (Puffinus puffinus), In: The Birds of North America, No. 257, (Poole, A. & Gill, F. eds). The Academy of Natural Sciences, Philadelphia, PA and The American Ornithologists' Union, Washington, DC
- Sangster, George; Knox, Alan G.; Helbig, Andreas J. & Parkin, David T. (2002): Taxonomic recommendations for European birds. Ibis 144(1): 153–159. doi:10.1046/j.0019-1019.2001.00026.x PDF fulltext Архивирано на 13 септември 2019 г.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Обична бурница“ на Ризницата ? |
- BTO BirdFacts – Manx Shearwater
- for the Copeland bird ringed in 1953:
- for the Bardsey Island bird ringed in 1957:
- Bardsey Island Bird Observatory Архивирано на 17 мај 2004 г.
- BBC News
- Wildlife Britain news Архивирано на 21 ноември 2008 г.
- Song of the Manx Shearwater – a British Library sound recording.
- Flicker Field Guide Birds of the World Photographs
- VIREO [1] Eleven images.