Прејди на содржината

Опсада на Гвозданско

Координати: 45°07′59″N 16°12′54″E / 45.133° СГШ; 16.215° ИГД / 45.133; 16.215
Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Гвозданско
Дел од the Отоманско-хрватски војни
и Отоманско-хабсбуршки војни

Остатоци од замокот Гвозданско
Датум 3 октомври 1577 – 13 јануари 1578
Место Гвозданско, Кралство Хрватска, Хабсбуршка Монархија
45°07′59″N 16°12′54″E / 45.133° СГШ; 16.215° ИГД / 45.133; 16.215
Исход Османлиска победа
Територијални
промени
Османлиите го освоиле замокот
Завојувани страни
Kingdom of CroatiaКралство Хрватска Отоманско Царство
Команданти и водачи
Дамјан Докторовиќ 
Јурај Гвоздановиќ 
Никола Ожегоциќ  
Андрија Стипшиќ 
Ферхат-паша Соколовиќ
Капиџи-паша
Сила
300 војници 5,000-10,000 војници
Жртви и загуби
сите бранители непознато

Опсадата на Гвозденско (хрватски: Opsada Gvozdanskog) — опсада на замокот Гвозданско во Кралство Хрватска во рамките на Хабсбуршката Монархија. Битката околу Гвозденско и опсадата на замокот траела од 3 октомври 1577 до 13 јануари 1578 година, помеѓу бранителите на хрватските сили и освојувачката османлиска војска под команда на Ферхат-паша Соколовиќ. Битката резултирала со османлиска победа но со тешки загуби на отоманската страна, додека сите бранители загинале за време на опсадата.

По падот на Бугарија, Србија и Босна, Отоманското Царство ги насочило своите сили кон Унгарија и Хрватска. Првичните напади првично се состоеле од чести напади и кажби во јужните делови на кралствата. Во 1493 година, хрватската армија доживеала тежок пораз во Битката кај Крбавско поле[1]. Нов бран османлиски освојувања започнал во 1521 година, по што добар дел од Хрватска бил освоен или ограбен[2].

На 29 август 1526 година, во Битката кај Мохач, христијанските сили предводени од кралот Лајош II биле поразени од османлиските сили предводени од Сулејман Величествениот[3]. Лајош бил убиен во битката што резултирало со крај на независното Кралство Унгарија, бидејќи тој починал без наследник. И Кралство Унгарија и Кралство Хрватска станале спорни територии помеѓу Хабсбуршката Монархија и Отоманското Царство. Фердинанд, брат на Карло V, се оженил со сестрата на Лајош[4] и бил избран за крал од страна на благородниците од Унгарија и од Хрватска[5].

Замокот Гвозденско

[уреди | уреди извор]

Замокот Гвозденско претставувал квадратна тврдина во сопственост на семејството Зрински, сместен на главниот пат помеѓу градовите Двор и Глина. Имал четири кули на неговите агли и поголема кула на влезот. За првпат замокот се споменува во 1488 година и бил изграден за заштита на блиските рудници од железо, бакар, олово и сребро. Семејството Зрински ковало сопствени монети во Гвозденско[6].

Османлиите во неколку наврати се обиделе да го освојат замокот Гвозденско[7]. Првиот голем обид бил во 1566 година. Вториот неуспешен обид бил во 1561 година, кога 8000 Османлии под команда на Малкоч-бег го нападнале замокот[7]. Третиот обид бил во 1574 година, кога Ферат-паша Соколовиќ се обидел да го освои замокот со предавство[7]. Другиот обид од Капиџи-паша во 1576 година, исто така, не успеал[7][8].

Подготовки

[уреди | уреди извор]
      Кралство Хрватска       Отоманско Царство       Венецијанска Република       Надвојводство Австрија       Дубровничка Република       Кралство Унгарија

Во почетокот на 1573 година во северозападна Хрватска започнал голем бунтовнички револт. Побуната била брзо потисната, но со големи жртви[9]. Револтот уште повеќе ја влошила финансиската и воената ситуација во земјата[10]. Отоманското Царство склучило мировен договор со Венецијанската Република во март 1573 година, што им овозможило на локалните санџагбегови да ги насочат своите сили кон Хрватска. Во текот на 1573 и 1574 година, неколку тврдини на границата биле уништени, а хрватските сили биле едвај способни да се справат со нападите. На 15 мај 1574 година, хрватскиот парламент одлучил да изгради две нови тврдини и да ги зајакне седум, вклучувајќи го и Слуњ, и да воведе нови давачки за да помогне во собирањето средства. Сепак, овие мерки немале значајно влијание врз целокупната состојба на одбраната[9].

На 19 декември 1574 година, за време на седницата на хрватскиот парламент, Гашар Алапиќ бил официјално именуван за ко-бан на Хрватска, заедно со Јурај Драшковиќ. Султанот Селим II починал во истиот месец и бил наследен од неговиот син Мурат III[11]. Ферад-паша Соколовиќ во текот на 1575 година водел неколку напади кон границите, вклучувајќи и неуспешен напад врз Бихаќ. Во септември, тој ја поразил армијата предводена од хабсбуршкиот генерал Хербард VIII, кој бил убиен во битка, а потоа се вратил во Босанскиот Санџак. Неговото дејствување во текот на годината сериозно ја ослабила хрватската одбрана и овозможило пробив кон реките Корана, Мреница и Купа[11]

Иако султанот Мурат III го потврди мировниот договор на неговиот татко со царот Максимилијан II на 22 ноември 1575, османлиските напади во земјите управувани од Максимилијан II не запреле[12]. Во следната година биле регистрирани 50-60 отомански упади. Во 1576 година, следеле напади западно од Уна и помеѓу реките Сава и Драва[11]. Во април 1576 година околу 7.000 отомански војници го нападнале градот Храстовица, северно од Гвозденско, но градскиот гарнизон го одбил нападот. Во јуни, Османлиите го освоиле градот Бужим, југозападно од Гвозденско, а наскоро започнале да го напаѓаат и замокот Гвозденско, чиј гарнизон броел 130 луѓе. Отоманците се повлекле по тридневните борби, кога пристигнале засилувања предводени од Јохан Аверперг, командант на Хрватската воена граница. Ѕидовите на источната страна биле делумно срушени со отоманската артилерија[12][13].

Градот Цазин бил окупиран на 18 јули. До крајот на годината поголемиот дел од областа помеѓу Уна и реката Глина била под контрола на Османлиите. Останатите хрватски упоришта во областа биле изолирани и нивната околина била запустена. Тешката ситуација во земјата, исто така, била засегната од нејасната позиција на војната, бидејќи и Алапиќ и Драшковиќ побарале од царот да ги ослободи од своите должности. водството потоа му било понудено на Крсто Унгнад, но неговите услови биле одбиени од страна на царот. На 12 октомври, Максимилијан II починал, а неговиот син Рудолф II го наследил. Рудолф II испратил писмо до Драшковиќ и Алапиќ, барајќи од нив да продолжат да ги вршат своите должности. На 25 декември, претставниците на хабсбуршките и отоманските власти потпишале 8-годишен мировен договор[14][15].

Хрватската линија на одбрана во 1577 се протегала од реката Драва до градот Сењ[14]. 4.729 мажи биле стационирани на границите и по градовите. Хабсбуршките власти планирале да ја зајакнат воената граница и да го зголемат бројот на војници[16]. Рудолф II му ја дал задачата да ја зајакне границата на неговиот вујко, Карло II.

Друг бран османлиски напади започнале во јули околу Бихаќ и во регионот на Кордун. Во септември, Фехад-паша Соколовиќ лично ја предводел војската која ги освоила останатите тврдини до реката Глина, северно од Цазин [17].

Остатоци од замокот

Во почетокот на октомври, голема отоманска војска преводена од страна на Ферхад-паша и Капиџи-паша навлегле кон централна Хрватска[18]. На 3 октомври овие сили го опколиле Гвозданско[17]. Замокот бил заштитен од околу 300 мажи, претежно рудари и војници, под команда на четворица искусни капетани: Дамјан Докторовиќ, Јурај Гвоздановиќ, Никола Ожеговиќ и Андрија Стешиќ. Еден војник успеал да помине низ отоманската линија и да стигне до хрватскиот град Стеничњак. Сепак, недостатокот на војници го спречил противнападот. Исто така се очекувало дека Гвозданско ќе може да ја издржи опсадата до зимата, кога било предвидено повлекувањето на османлиските сили. Ферхад-паша ја распоредил артилеријата на околните ридови и наредил продолжено бомбардирање на тврдината[19]. Опсадата го спречило снабдувањето со храна и муниција до тврдината. Исто така, имало недостаток на вода[14]. Последните резерви на тврдината биле донесени во август. Дел од османлиската војска била оставена да го задржи Гвозданско под опсада, додека Ферхад ги одвел останатите и ги нападнал останатите соседни тврдини, вклучувајќи ја Острожачка тврдина, која била освоена на 13 ноември. По кратка опсада, замокот Зрин, порано седиштето на семејството Зрински, исто така бил освоен на 20 декември. По пПдот на Зрин, Гвозданско бил целосно опкружен со османлиски тврдини и градови[20].

Главниот дел од османлиската војска се приклучил на осакателните сили во близина на Гвозденско кон крајот на декември. Околу 5.000 војници со 30 топови се сместиле околу замокот, а околу истиот број војници биле поставени во негова близина[8]. Замокот веќе бил под опсада повеќе од 2 месеци. Бранителите немале храна и муниција и страдале од глад, жед и студ, додека многумина загинале или биле повредени во борба[21]. Сите повици за предавање биле одбиени. Трите главни напади биле одбиени на 10, 11 и 12 јануари, оставајќи само околу 30 мажи во нејзината внатрешност, кои ги задржале своите позиции до последните денови на опсадата[20].

Конечниот напад бил планиран за ноќта од 12-13 јануари, но околу полноќ се појавила светлина во тврдината. Командантите сметале дека тоа е стапица и нападот бил одложен за утрото. Кога Османлиите ги срушиле портите на замокот во зори, тие не сретнале отпор и наишле само на трупови. Тие откриле дека сите одбранбени сили веќе се мртви и дека нема храна и вода во тврдината. Ферхад наредил христијански погреб за мртвите[22][21].

Последици

[уреди | уреди извор]

Загубата на Гвозданско и другите упоришта, меѓу кои и Острожац, Цазин, Бужим и Зрин, довеле до многу промени во организацијата на одбраната. На 6 февруари 1578 година, Крсто Унгнад бил потврден како нов бан на Хрватска од страна на хрватскиот парламент. Администрацијата на Хрватската воена граница била доверена на надвојводата Карло II на 25 февруари[23]. Братот на Рудолф, Ернест, бил ставен во команда на Воената граница помеѓу реката Драва и Трансилванија. Карло II добил право да го свикува Советот за војна во Грац и да назначува генерали, капетани и други офицери на границата. Внатрешните австриски војводства обезбедиле финансиска поддршка за Воената граница и им биле доделени места во советот во Грац, кој бил независен од Советот за војна во Виена. Поранешната цивилна администрација на границата била заменета со воените претставници на Хабсбуршката династија. Таквата организација понатаму ја одделила границата од хрватските власти[24].

По освојувањето на Гвозданско, сите блиски рудници биле уништени[22]. Османлиите поставиле траен гарнизон во тврдината во декември 1578. Неговите ѕидини биле обновени во 1579 година и тврдината била опремена со дополнителни топови. Гвозданско останало под контрола на Османлиите до 1685 година[25].

  1. Tanner 2001, стр. 30.
  2. Ágoston and Alan Masters (2009), pp. 163-164
  3. Turnbull (2003), p. 49
  4. Turnbull (2003), pp. 49–51.
  5. Corvisier and Childs (1994), p. 289
  6. Nodilo 2003, стр. 304-305.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Deželić (1868), pp. 713-714
  8. 8,0 8,1 Nodilo 2003, стр. 306.
  9. 9,0 9,1 Mažuran 1998, стр. 126.
  10. Guldescu 1970, стр. 86.
  11. 11,0 11,1 11,2 Mažuran 1998, стр. 127.
  12. 12,0 12,1 Klaić 1973, стр. 396.
  13. Horvat 1924, chapter 73.
  14. 14,0 14,1 14,2 Mažuran 1998, стр. 128.
  15. Klaić 1973, стр. 399.
  16. Klaić 1973, стр. 409-410.
  17. 17,0 17,1 Klaić 1973, стр. 412.
  18. Lopašić 1890, стр. 21.
  19. Kekez 2011, стр. 71-72.
  20. 20,0 20,1 Klaić 1973, стр. 413.
  21. 21,0 21,1 Mažuran 1998, стр. 129.
  22. 22,0 22,1 Klaić 1973, стр. 414.
  23. Mažuran 1998, стр. 130.
  24. Guldescu 1970, стр. 87-88.
  25. Kekez 2011, стр. 73.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Ágoston, Gábor; Masters, Bruce Alan (2009). Encyclopedia of the Ottoman Empire. Infobase Publishing. ISBN 9781438110257.
  • Deželić, Đuro (1868). Dragoljub: zabavan i poučan tjednik. Zagreb.
  • Corvisier, André; Childs, John (1994). A dictionary of military history and the art of war. Wiley-Blackwell. ISBN 9780631168485.
  • Guldescu, Stanko (1970). The Croatian-Slavonian Kingdom: 1526–1792. The Hague: Walter de Gruyter GmbH & Co KG. ISBN 9783110881622.
  • Horvat, Rudolf (1924). Povijest Hrvatske: od najstarijeg doba do g. 1657 [History of Croatia: from the earliest times to 1657] (хрватски). 1. Zagreb: Tiskara Merkur.
  • Kekez, Hrvoje (2011). „Osmanska opsada Gvozdanskog 1578“ [The Ottoman siege of Gvozdansko in 1578]. VP: Magazin za vojnu povijest (хрватски). Zagreb: Večernji list. 4: 70–73.
  • Klaić, Vjekoslav (1973). Povijest Hrvata od najstarijih vremena do svršetka XIX. stoljeća [History of Croats from the earliest times to end of 19th century] (хрватски). 5. Zagreb: Nakladni zavod Matice hrvatske.
  • Lopašić, Radoslav (1890). Bihać i Bihaćka krajina: mjestopisne i poviestne crtice (хрватски). Zagreb: Marjan tisak.
  • Mažuran, Ive (1998). Povijest Hrvatske od 15. stoljeća do 18. stoljeća [History of Croatia from the 15th to the 18th century] (хрватски). Zagreb: Golden marketing.
  • Nodilo, Branko (2003). „Zrinske utvrde u hrvatskom Pounju“ [Fortresses built by Zrinski family in Croatian pounje region] (PDF). Građevinar (хрватски). Zagreb: Croatian Society of Civil Engineers. 55: 301–307.
  • Tanner, Marcus (2001). Croatia: A Nation Forged in War. New Haven: Yale University Press. ISBN 978-0-300-09125-0.
  • Tkalčić, Ivan Krstitelj (1861). Hrvatska povjesnica (хрватски). Bizotiskom Dragutina Albrechta.
  • Turnbull, Stephen (2003). The Ottoman Empire, 1326-1699. New York (USA): Osprey Publishing Ltd. ISBN 9781841765693.
  • Pavičić, Ante Tresić (2000). Gvozdansko: epos u 32 pjevanja (хрватски). AGM. ISBN 9789531741064.