Прејди на содржината

Општина Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Прилеп
Општина
Поглед кон Прилеп, административен центар на општината, од Маркови Кули
Поглед кон Прилеп, административен центар на општината, од Маркови Кули
Знаме на Општина ПрилепГрб на Општина Прилеп
Карта
ДржаваМакедонија
РегионПелагониски
Година кога е основана1913 (во рамки на Кралство Србија)
СедиштеПрилеп
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникБорче Јовчески
Површина
 • Вкупна1.194,44 км2 (461,18 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно69.125
 • Густина58/км2 (150/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+048
Регистарски табличкиPP
Мреж. местоprilep.gov.mk

Општина Прилепопштина во јужниот дел на Македонија и според површината најголема општина во Македонија. Градоначалник е Борче Јовчески. Центар на општината е градот Прилеп.

Географија

[уреди | уреди извор]

Сегашната територија на општината е составена од поранешните (до 2004 година) општини Прилеп, Тополчани и Витолиште. Општината опфаќа дел од Прилепското Поле (Пелагонија) и прилепскиот дел на Мариово.

Општината се граничи со Општина Чашка и Долнени на север, Кавадарци на исток, Кривогаштани, Могила и Новаци на запад и Грција на југ.

Општина Прилеп зафаќа поршина од 1 194,44 км2 и има 69,27 жители на км2 густина на населеност.

Населени места

[уреди | уреди извор]

Во составот на општината влегуваат и 58 села: Алинци, Беловодица, Беровци, Бешиште, Бонче, Вепрчани, Веселчани, Витолиште, Волково, Врпско, Галичани, Голем Радобил, Големо Коњари, Гуѓаково, Дабница, Дрен, Дуње, Ерековци, Живово, Загорани, Кадино Село, Кален, Канатларци, Клепач, Кокре, Крушевица, Крстец, Леништа, Лопатица, Мажучиште, Мал Радобил, Мало Коњари, Мало Рувци, Манастир, Марул, Никодин, Ново Лагово, Ореовец, Пештани, Плетвар, Подмол, Полчиште, Прилепец, Присад, Ракле, Селце, Смолани, Старо Лагово, Топлица, Тројаци, Тополчани, Тројкрсти, Царевиќ, Чаниште, Чепигово, Чумово, Шелеверци и Штавица.

Карта на општината со населените места.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Земјоделство

[уреди | уреди извор]

Земјоделието во Општина Прилеп е една од најразвиените стопански гранки. Најзастапени се следните земјоделски култури: тутунот, житните култури и бавчи. Сепак Општина Прилеп е најпозната во Република Македонија а и пошироко по тутунопроизводството кое зазема најголем дел од вкупното земјоделско производство. Затоа Прилеп е наречен град на тутунот.

Произведени жита, индустриски, градинарски и фуражни растенија во Општина Прилеп во 2023 година[2]
Култура Произведено

(тони)

Вкупно во

Македонија (тони)

Удел

(%)

Пченица 4 077 215 165 1,89
’Рж 182 5 279 3,44
Јачмен 2 550 145 019 1,75
Сончоглед 1 067 5 950 17,93
Тутун 4 016 23 713 16,93
Компир 5 701 182 755 3,11
Кромид 1 860 61 030 3,04
Пиперки 11 754 247 417 4,75
Бостан 2 480 124 314 1,99
Луцерка 1 980 91 352 2,16

Во текот на 2023 година Општина Прилеп била посетена од 5.757 туристи, од кои 3.686 странски туристи и 2.2071 домашни.[3] Најголемиот број од странските туристи потекнувале од Србија (524), Турција (387), Грција (377), Германија (248), Словачка (222) и Италија (206).[3]

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Низ Општина Прилеп поминуваат следниве патишта:

Железница

[уреди | уреди извор]
Железничка станица Прилеп

Со железничка линија Прилеп е поврзан со Велес на север, и Битола на југ. Железничка станица покрај во градот Прилеп има и во селото Галичани.

Во периодот пред Втората светска војна поради економскиот развој во регионот биле преземени многу активности за градење на железничката мрежа. Во тој период пуштени се во сообраќај и пругата Прилеп – Битола на 07.04.1931, а нешто покасно и пругата Велес – Прилеп на 20.01.1936 година.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194850.008—    
195357.713+15.4%
196163.806+10.6%
197169.862+9.5%
198176.585+9.6%
ГодинаНас.±%
199179.110+3.3%
199476.166−3.7%
200276.768+0.8%
202169.025−10.1%
Забелешка: Податоците се однесуваат на населените места во Општина Прилеп според административната поделба од 2004 година.
Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија

Седиште на општината е градот Прилеп.

Според податоците од последниот попис, Општина Прилеп во 2021 година, има 69.125 жители, од кои:[4]

2002 2021
НАРОД број % број %
ВКУПНО 76.768 100 69.025 100
Македонци 70.878 92.32 58.349 84.53
Роми 4.433 5.77 3.966 5.75
Турци 917 1.19 1.060 1.54
Албанци 22 0.03 127 0.18
Бошњаци 86 0.11 117 0.17
Срби 172 0.22 113 0.16
Власи 17 0.02 30 0.04
останати 243 0.32 304 0.44
лица без податоци / / 4.959 7.18
Демографска карта на општината.

Според полот 34 208 (49,5 %) жители се мажи, 38 817 (50,4 %) се жени.

Вероисповед Вкупно
православни 50.869
христијани 7.550
муслимани 5.063
католици 150
протестанти 45
евангелисти 116
останати 273
лица без

податоци

4.959
Вкупно 69.025

Населени места

[уреди | уреди извор]
ВКУПНО Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Други Останати1
Општина Прилеп 69.025 58.349 127 1.060 3.966 30 113 117 304 4.959
Алинци 171 161 1 - - - - - - 9
Беловодица 15 15 - - - - - - - -
Беровци 365 340 1 - - - - - 1 23
Бешиште 14 14 - - - - - - - -
Бонче 22 18 1 - - - - - - 3
Вепрчани 2 1 - - - - - - - 1
Веселчани 36 34 - - - - - - - 2
Витолиште 41 41 - - - - - - - -
Волково 34 33 1 - - - - - - -
Врпско - - - - - - - - - -
Галичани 193 184 1 - - - - - - 8
Голем Радобил 96 85 - - - - - - - 11
Големо Коњари 613 592 - - - - - - - 21
Гуѓаково - - - - - - - - - -
Дабница 2 2 - - - - - - - -
Дрен 10 9 - 1 - - - - - -
Дуње 10 5 - - - - - - - 5
Ерековци 217 197 - 3 - - 1 1 3 12
Живово - - - - - - - - - -
Загорани 102 100 - - - - - - - 2
Кадино Село 237 224 1 1 - - - - 1 10
Кален 5 5 - - - - - - - -
Канатларци 1.202 79 2 973 - - - 102 - 46
Клепач 91 88 1 - - - - - - 2
Кокре - - - - - - - - - -
Крстец - - - - - - - - - -
Крушевица 41 28 1 - - - - - - 12
Леништа 2 2 - - - - - - - -
Лопатица 19 18 1 - - - - - - -
Мажучиште 275 251 4 - - - - - 4 16
Мал Радобил - - - - - - - - - -
Мало Коњари 618 576 2 - - - - - 2 37
Мало Рувци 2 2 - - - - - - - -
Манастир 3 3 - - - - - - - -
Марул 15 14 - - - - - - - 1
Никодин 1 1 - - - - - - - -
Ново Лагово 224 207 1 - - - 4 - 4 8
Ореовец 23 23 - - - - - - - -
Пештани 1 1 - - - - - - - -
Плетвар 9 8 - - - - - - - 1
Подмол 110 104 1 - - - - - - 5
Полчиште 6 6 - - - - - - - -
Прилеп 63.308 54.028 106 82 3.966 30 107 14 283 4.692
Прилепец 4 4 - - - - - - - -
Присад 4 4 - - - - - - - -
Ракле 2 2 - - - - - - - -
Селце 271 262 - - - - - - 3 6
Смолани - - - - - - - - - -
Старо Лагово 30 27 - - - - - - - 3
Топлица - - - - - - - - - -
Тополчани 310 297 2 - - - - - 1 10
Тројаци 7 7 - - - - - - - -
Тројкрсти 39 36 - - - - 1 - - 2
Царевиќ - - - - - - - - - -
Чаниште 21 20 - - - - - - - 1
Чепигово 149 144 - - - - - - 1 4
Чумово 6 6 - - - - - - - -
Шелеверци 6 6 - - - - - - - -
Штавица 41 35 - - - - - - - 6
1. Лица за кои податоците се преземени од административни извори.
Етнички состав
Македонци
  
92,33 %
Роми
  
5,77 %
Турци
  
1,19 %
Срби
  
0,22 %
Бошњаци
  
0,11 %
Албанци
  
0,03 %
Власи
  
0,02 %
останати
  
0,32 %

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Локална самоуправа

[уреди | уреди извор]
Зградата на Општината и споменикот на Методија Андонов - Ченто

Градоначалник на општина Прилеп е Борче Јовчески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[5] Советот на Општина Прилеп е составен од 27 члена.

Совет на Општина Прилеп
Состав
Места
  • 27 советници
Совет политички групи

Буџет на општината

[уреди | уреди извор]

Во 2021 година, вкупните буџетски расходи на Општина Прилеп изнесувале 1.4 милијарда денари од кои 79,6% биле тековни расходи. Од вкупните буџетски расходи, 49,19% биле расходи за плати на вработените во општинската администрација, 27,43% биле расходи за набавка на стоки и услуги, 15,81% биле капитални расходи и 7,57% отпаѓале на други расходи. Во структурата на буџетските приходи, 17.68% биле даночни приходи, 63.41% биле трансфери од другите нивоа на власт, 6.63% неданочни приходи, 9.85% приходи од продажба на земјиште и 2.43% донации.[6]

На крајот од 2021 година, вкупниот долг на општината изнесувал 3.4 милиони денари.[6]

Образование

[уреди | уреди извор]
ООУ „Рампо Левката“

Во општина Прилеп функционираат следниве основни училишта:

Историски извори

[уреди | уреди извор]

Во историските извори Прилеп за прв пат се споменува во 1014 година. Територијата на градот и неговата околина претставувале едно од најважните стратешко-политички и воени подрачја на овој дел од Балканот. Во пелагонискиот дел се наоѓале мошне важни крстосници на патишта од правецот на Егејското и Јадранското море. Важните антички магистрали Виа Игнација и Виа Милитарис својата најприродна врска ја имале преку Прилеп. Исто така преку Прилеп врвел и најкусиот трговско-каравански пат по кој од правецот на Јадранското море венецијанските и дубровничките трговци и курири поаѓале кон Солун. Низ вековите, на овој простор се среќавале и се судирале хеленската, римската, византиската и словенската култура.

Најпретставителните споменични комплекси од античкиот период се наоѓаат на локалитетите “Бедем” во с. Чепигово, “Безистен” меѓу селата Прилепец и Волково, како и во самиот град. На неколку локалитети се утврдени и остатоци од античките градови Стибера, Алкомена, Керамија и Колобанса.

Според застапеноста на културно-историските споменици, ништо помалку значаен не е ниту периодот на средниот век. Тука спаѓаат црквите Св.Никола, која датира од 13 век, Св.Успение на Богородица во манастирот на Трескавец со претставителни фрески од 15, 16 и 19 век, како и манастирот со црквата Св.Преображение која се наоѓа над селото Зрзе. Најзначајниот комплекс од културно-историски споменици се наоѓа во самиот град,кој бил центар на пошироката политичко-територијална организација и значајно политичко и воено престојалиште на македонскиот Цар Самоил. Комплексот споменици на средновековниот Прилеп го зафаќа просторот на стеновитото возвишение Маркови Кули и околните простори со локалитететите Поткули, Варош и Заград. На возвишението Маркови Кули се наоѓа една од петте најголеми балкански тврдини, составена од три одбрамбени појаси и повеќе кули и порти.

Најголемиот подем во својата средновековна историја Прилеп го доживеал во последната четвртина од 13 и првата половина на 14 век. Резултат на таквиот растеж се значајните споменици од тој период, како што се единственото наоѓалиште на остатоци од словенска населба од 10 век, црквата Св.Архангел Михаил со фрески од 11 век,како и црквите Св.Димитрија и Св.Никола во која се наоѓа и фрескоживописот од 13 век. Во деветнаесеттиот век во градот се формирал трговски центар со познатата Стара чаршија. Во периодот на македонската културна и национална преродба, Прилеп претставувал значајно средиште на словенската, односно македонската писменост, литература и култура. Од тој период од посебно значење е просветителската дејност која во Прилеп ја изврушувале македонските преродбеници Јордан Хаџи-Констатинов Џинот, Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов и Кузман Шапкарев како и дејноста на познатиот собирач на македонски народни умотворби Марко Цепенков.

Во илинденскиот период градот бил средиште на македонското национално и ослободително движење. Прилеп и прилепско во тој период дале десетици револуционери и борци,меѓу кои и Пере Тошев, Ѓорче Петров, Мирче Ацев и многу други.

На 11 октомври 1941 година во Прилеп, со нападот на Участакот, започна вооруженото востание на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор за негово национално ослободување и самостојност. Могилата на непобедените, како еден од најмонументалните споменици во кој се погребани посмртните останки на повеќе од 650 борци од овој крај претставува значајно сведоштво за масовното и пожртвувано учество на луѓето од овој крај во ослободителната војна.

Својот најзначаен подем и растеж Прилеп го доживеа во времето на слободниот повоен развој кога и израсна во значаен политичко-административен, културно-образовен, научен и стопански центар во Република Македонија. На македонската книжевност Прилеп и подари повеќе од 25 писатели, на ликовната уметност дваесетина сликари и вајари, а на македонската научна мисла повеќе признати научни работници.

Резултат на евидентниот развој е и дејноста на Економскиот факултет, но и на другите две научни институции: Институтот за тутун и Институтот за истражување на старословенската култура.

Манифестации

[уреди | уреди извор]

Карневал Прочка[7]

[уреди | уреди извор]

Маскирањето на Прочка во Прилеп постои одамна. Овај традиционален обичај го одразува етно-културниот идентитет на Македонија и претставува уникатна појава пошироко на Балканот, Европа, па и во светот.

Многувековното празнување на Прочка од 2001 прерасна во организирана културна манифестација „Прилепски карневал“ со меѓународен карактер, а на 21 Мај 2006 истиот стана член на Европската Федерација на Карневалски Градови FECC. Секоја година Прилеп е домаќин на над 300 гости од повеќе држави од Европа. Низ центарот на градот дефилираат околу 1000 интересни групни и поединечни маски, а за најубавите следуваат и награди. Покрај дефилето на маски, настанот е збогатен со концерти, клубски забави, настапи на културно-уметнички друштва, изложби на маски, како и презентации на традиционалната македонска трпеза. Градот Прилеп во 2012 година беше домаќин на 32. Конвенција на FECC.

Денови на Крали Марко

[уреди | уреди извор]

Меѓу настаните кои претставуваат традиционални културни обележја на градот се и Деновите на Крали Марко кои се одржуваат во периодот од 15 -17 мај со што се одбележува годишнината од загинувањето на Крали Марко. Деновите го промовираат Прилеп како град каде што живеел легендарниот Крал Марко, место што е неодминлива дестинација на туристите во нашата држава со богата културна понуда.

Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

[уреди | уреди извор]

Македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” е конституиран 1965 година на иницијатива на Здружението на драмските уметници од Република Македонија. Фестивалот го носи името на основоположникот на македонската драма – Војдан Чернодрински, драмски автор, глумец и режисер и се одржува секоја година во почетокот на месец јуни.

На овој реномиран фестивал се презентираат најдобрите драмски остварувања од целокупната македонска театарска продукција.

Фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски”

[уреди | уреди извор]

Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски” се одржува на почетокот на месец јули во Прилеп. Постои од 1974 година, а негов основач е Пеце Атанасовски, најпознатиот македонски гајдаџија и фолклорен педагог, кој, како вљубеник во народното творештво и традицијата, остави зад себе обемни опус и дело, меѓу кое и Фестивалот на гајди. Единствен е во земјава и на Балканот и главна задача му е да ги сочува од исчезнување древните и драгоцени вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на изворните народни песни.

Фестивалот има меѓународен каректер и на него, во изминатите 34 години учествувале околу 9000 инструменталисти и пејачи од нашавта држава и целиот свет.

Пиво фестивал[8]

[уреди | уреди извор]

Фестивалот на пиво се одржува во средината на месец јули. Секоја година градот Прилеп е домаќин на повеќе илјади посетители за време на четирите фестивалски денови. На изложбен простор од 3000 м2, на вкупно 25 локации  во центарот на градот, земаат учество повеќе пивари и овластени дистрибутери на пиво, како и реномирани ресторани и угостители, кои ги претставуваат најпознатите пивски брендови, како: Златен даб, Туборг, Скопско пиво, Хајнекен, Амстел, Каменица, Старо Прамен, Будвајзер и др.

За четири дена се трошат повеќе стотини тони на пиво и скара. На овај фестивал голем акцент се става на културно-забавната програма, која се одвива на две сцени, со настапи на големи естрадни sвезди од секаков жанр на музика.

Мариовско-Мегленски средби

[уреди | уреди извор]

Во центарот на Витолиште повеќе од 30 години се среќаваат Македонците од Меглен и Мариово. Во организација на Локалната самоуправа на Општина Прилеп секоја година средбите се збогатуваат со културно-уметничка програма на која земаат учество повеќе фолклорни друштва, етно состави и музички училишта од сите краишта на Македонија.

Ликовна колонија

[уреди | уреди извор]

Центарот за современата ликовна уметност од Прилеп своето работење го започна во далечната 1957 година како Прилепска сликарска колонија. Творци на оваа сликарска колонија која прераснува во интернационална се д-р Бошко Бабиќ и Ристо Лозаноски.

Колонијата се одржува во летниот период во склоп на Уметничкото 54 години ЦСЛУ го посетија бројни познати имиња од земјава и од светот и на Центарот му подарија голем број на уметнички дела. Многу од овие дела го красат нашиот град и институциите како од Прилеп, така и од цела Македонија.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. „Површини и производство на посеви, по години, по општини, според НТЕС 2013“. Државен завод за статистика. Посетено на 30 мај 2024.
  3. 3,0 3,1 „Број и ноќевања на домашни и странски туристи по земја на припадност, 2011-2016, по општини, по месеци“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 30 мај 2024.
  4. „Државен завод за статистика - соопштение: Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци ,2021“. www.stat.gov.mk. Посетено на 2022-04-04.
  5. „Излезеност и резултати - Прв круг - Локални избори 17.10.2021“. Државна изборна комисија на Македонија. Архивирано од изворникот на 2022-06-16.
  6. 6,0 6,1 Буџетот на Општина Прилеп за 2022 година објавен во Службениот гласник на Општина Прилеп.
  7. „Меѓународен карневал „Прочка" - Прилеп“. www.karnevalprilep.mk. Посетено на 2022-05-09.
  8. „„17 години ПИВОФЕСТ - едноставно најдобри!“. www.pivofestival.mk. Посетено на 2022-05-09.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]