Општина Струга
Општина Струга | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Седиштето на Општина Струга | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Југозападен | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија) | ||
Седиште | Струга | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Рамис Мерко | ||
Површина | |||
• Вкупна | 483 км2 (186 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 50.980 | ||
• Густина | 110/км2 (270/ми2) | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +046 | ||
Регистарски таблички | SU | ||
Мреж. место | struga.gov.mk/mk/ |
Општина Струга — општина во Западна Македонија. Административно средиште на општината е градот Струга. Општината е проширена согласно Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година, кога кон старата Општина Струга се припоиле поранешните општини Делогожди, Велешта, Лабуништа и Луково.
Историја
[уреди | уреди извор]Зграда на општината
[уреди | уреди извор]Општина Струга имала повеќе седишта односно згради низ текот на годините. Во 1965 година, зграда на општината била Зградата на Народната одбрана (ул. „Владо Малески“ б.б.), каде бил сместен претседателот на општината, народната одбрана и други одделенија.[2]
До ноември 2022 година, адреса на општината била на плоштад „Маршал Тито/Мајка Тереза“ бб.[3] На 4 ноември 2022 година, општинската власт службено се преселила во Старата зграда на ОУ „Браќа Миладиновци“.[4][5]
Демографија
[уреди | уреди извор]Општината се состои од 43 села и градот Струга.
Според податоците од пописот на население спроведен во 2002 година, во Општина Струга имало 63.376 жители. Оваа бројка не е значајно променета во однос на бројот на жители со пописот од 1994 (според тогашната административно-територијална организација), кога во тогашната општина живееле 62.679 жители. Во градот Струга живеат околу 33.376 жители
Стапката на наталитетот во 2004 е 10,2 %(на 1000 жители) , а стапката на смртност изнесува 7,5 % (на 1000 жители). Стапката на смртност кај доенчињата изнесува 10,6 ‰ промили. Природниот прираст во бројка е 101, во промили е 2,7. Со овие податоци општината е под просекот на Републиката. Миграционото салдо во 2004 година е 6. Притоа како доселени се регистрирани вкупно 223 лица, од кои 152 се доселени граѓани во рамките на РМ. Бројот на вкупно отселените изнесува 217, од кои 150 се отселени граќани во рамки на РМ. Карактеристично е дека од вкупно отселените граѓани најголем број (113) се од женски пол, а најчести причини за преселување се склучувањето брак и семејните причини (78 и 52 редоследно). Просечната густина на населението изнесува 130,6 лица на км2.
Бројот на склучени бракови во 2004 година е 288 или 7,8 брака на 1.000 жители и бројка на разводи 12 или 0,3 разводи на 1.000 жители. Во однос на склучените бракови Општината е над, додека во однос на разведените бракови Општината е под републичкиот просек, односно спаѓа во групата општини со најниска стапка на разведени бракови. Структурата по пол за Општина Струга е 31.743 (50 %) жени и 31.633 (50 %) мажи. Просечната старост на населението, според пописот од 2002, изнесува 33,1 години. Учеството на младо население до 20 годишна возраст изнесува 36,2%, најголемо учество во вкупното население има населението со старост под 40 години 67,2% додека процентот на население над 60 години е 11,7.
Демографија на старата општина Струга (1996-2004)
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2002 година, a според старата територијална поделба, општината имала 36.892 жители.[6]:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
Македонци | 17.686 | 47,9 |
Албанци* | 15.324 | 41,5 |
Турци* | 2.008 | 5,4 |
Роми | 112 | 0,3 |
Власи | 647 | 1,7 |
Срби | 100 | 0,2 |
Бошњаци | 31 | 0,08 |
останати | 984 | 2,6 |
- * Во општината има Македонци-муслимани кои во добар дел се изјасниле како Албанци или Турци поради политичко-религиски причини.
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[6]:
Јазик | Говорници | Удел (%) |
македонски | 19.939 | 54 |
албански | 15.408 | 41,7 |
турски | 885 | 2,3 |
ромски | 64 | 0,1 |
влашки | 343 | 0,9 |
српски | 75 | 0,2 |
босански | 13 | 0,03 |
останати | 165 | 0,4 |
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[6]:
Вероисповед | Следбеници | Удел ( %) |
православни | 17.515 | 47,4 |
муслимани | 18.967 | 51,4 |
католици | 30 | 0,08 |
останати | 380 | 1,03 |
Демографија на новата општина Струга (2004-денес)
[уреди | уреди извор]Според пописот од 2002 година, a според новата територијална поделба, општината имала 63.376 жители.[6]:
Народ | Вкупно | Удел (%) |
Македонци | 20.336 | 32 |
Албанци* | 36.029 | 56,8 |
Турци* | 3.628 | 5,7 |
Роми | 116 | 0,1 |
Власи | 655 | 1 |
Срби | 107 | 0,1 |
Бошњаци | 103 | 0,1 |
останати | 2.402 | 3,7 |
- * Во општината има Македонци-муслимани кои во добар дел се изјасниле како Албанци или Турци поради политичко-религиски причини.
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината се зборувале следниве јазици[6]:
Јазик | Говорници | Удел (%) |
македонски | 29.135 | 45,9 |
албански | 32.225 | 50,8 |
турски | 989 | 1,5 |
ромски | 64 | 0,1 |
влашки | 344 | 0,5 |
српски | 87 | 0,1 |
босански | 15 | 0,02 |
останати | 517 | 0,8 |
Во општината, според пописот од 2002 година, во општината биле застапени следниве религии[6][7]:
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
православни | 19,764 | 31,1 |
муслимани | 42,867 | 67,6 |
католици | 35 | 0,05 |
протестанти | 1 | 0,001 |
останати | 709 | 1,1 |
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Струга е Рамиз Мерко од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[8] Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2005-2013. Советот на општина Струга е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Струшки вечери на поезијата - најголемата светска поетска манифестација што се одржува секоја година во градот Струга. Манифестацијата е основно одбележје на градот како туристички центар и на неа присуствуваат најмалку 200 светски поети. На поетскиот фестивал меѓу другото, се доделуваат и најголемото признание за целокупна поетска дејност, „Златен венец“, и наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик. Сегашен претседател на организацијата е Славе Ѓорѓо Димоски.
Непосреден повод за организирање на Струшките вечери на поезијата, за продолжување на вековната културна традиција на овој град, беше литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот, одржан во Струга на 15 јули 1961 година, по повод излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци. Се дојде до идеја дека постојат сите услови да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер, која ќе се одржува во овој град, како смотра на поетските остварувања во Република Македонија во текот на една година.
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Во Општина Струга има повеќе спортски клубови. Во фудбал најголеми претставници се ФК Караорман и ФК Струга, во кошарка е КК Црн Дрим, додека во ракомет се РК Струга и ЖРК Стружанка.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Седиштето на Општина Струга до 2022 година
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Архитектонски објект Министерство за одбрана – п.е. Струга во Струга“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2 октомври 2017. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ „Почетна“. Општина Струга. Архивирано од изворникот 2018-04-19. Посетено на 9 ноември 2022.
- ↑ Слаѓана Стојкова-Костоски (4 ноември 2022). „Пуштена во употреба новата зграда на Општина Струга“. Македонска информативна агенција. Архивирано од изворникот 2022-11-05. Посетено на 8 декември 2022.
- ↑ „Официјално пуштена во употреба новата зграда на Општина Струга“. Ohridnews.com. 4 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2022-11-17. Посетено на 8 декември 2022.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 „Попис на населението: јазик и религија“ (PDF). Посетено на 2011-08-17.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Заклучок за конечност на резултатите од гласање во вториот изборен круг 29.10.2017 по одлуките на Управниот суд“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Струга во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- „Социјална карта на општина Струга“ Архивирано на 8 февруари 2017 г.
|