Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2010 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Најуспешна нација на игрите била Канада, која освоила 14 златни од вкупно 26 медали, поставувајќи нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни Зимски олимписки игри. Олимписката репрезентација на САД освоила 37 медали, со што поставила рекорд по бројот на вкупно освоени медали.
Најуспешен натпреварувач била норвешката скијачка Марит Бјорген, која освоила три златни, еден сребрен и еден бронзен медал.
Список по земји
[уреди | уреди извор]Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Канада (2010) | 14 | 7 | 5 | 26 |
2 | Германија (2010) | 10 | 13 | 7 | 30 |
3 | САД (2010) | 9 | 15 | 13 | 37 |
4 | Норвешка (2010) | 9 | 8 | 6 | 23 |
5 | Јужна Кореја (2010) | 6 | 6 | 2 | 14 |
6 | Швајцарија (2010) | 6 | 0 | 3 | 9 |
7 | Кина (2010) | 5 | 2 | 4 | 11 |
7 | Шведска (2010) | 5 | 2 | 4 | 11 |
9 | Австрија (2010) | 4 | 6 | 6 | 16 |
10 | Холандија (2010) | 4 | 1 | 3 | 8 |
11 | Русија (2010) | 3 | 5 | 7 | 15 |
12 | Франција (2010) | 2 | 3 | 6 | 11 |
13 | Австралија (2010) | 2 | 1 | 0 | 3 |
14 | Чешка (2010) | 2 | 0 | 4 | 6 |
15 | Полска (2010) | 1 | 3 | 2 | 6 |
16 | Италија (2010) | 1 | 1 | 3 | 5 |
17 | Белорусија (2010) | 1 | 1 | 1 | 3 |
17 | Словачка (2010) | 1 | 1 | 1 | 3 |
19 | Велика Британија (2010) | 1 | 0 | 0 | 1 |
20 | Јапонија (2010) | 0 | 3 | 2 | 5 |
21 | Хрватска (2010) | 0 | 2 | 1 | 3 |
21 | Словенија (2010) | 0 | 2 | 1 | 3 |
23 | Латвија (2010) | 0 | 2 | 0 | 2 |
24 | Финска (2010) | 0 | 1 | 4 | 5 |
25 | Естонија (2010) | 0 | 1 | 0 | 1 |
25 | Казахстан (2010) | 0 | 1 | 0 | 1 |
Вкупно | 86 | 87[а] | 85 | 258 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- а Во поединечната трка за мажи во биатлон биле доделени два сребрени медали, бидејќи Оле Ејнар Бјорндален од Норвешка и Сергеј Новиков од Белорусија имале исто време на целта, така што бронзен медал не бил доделен.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010“ на Ризницата ? |
- Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010, официјално мрежно место
|