Оскар за најдобра оригинална песна
Оскар за најдобра оригинална песна | |
---|---|
Држава | Соединети Американски Држави |
Доделува | Академија за филмски уметности и науки |
Оскар за најдобра оригинална песна ― една од наградите која Академијата за филмски уметности и науки (AMPAS) ја доделува секоја година на луѓе кои работат во филмската индустрија. Наградата им се доделува на композитори и текстописци кои ја компонирале најдобрата оригинална песна напишана исклучиво за филм. Изведувачите на песната не ја добиваат наградата Оскар освен ако не придонеле придонеле во компонирање на музиката, пишување на текстот или и двете. Песните номинирани за оваа награда обично се изведуваат за време на церемонијата на доделување на Оскарите и пред самото доделување на оваа награда.
Оваа категорија за прв пат била воведена на седмото доделување на Оскарите, односно церемонијата одржана во 1934 година. Номинациите ги прават текстописци и композитори кои се членови на Академијата, а победниците ги избираат сите членови на Академијата. Петнаесет песни влегуваат во потесен избор пред да бидат објавени номинациите.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |