Прејди на содржината

Отворено првенство на Австралија 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Отворено првенство на Австралија 2017
Датум16–29 јануари
Издание105.
КатегоријаГренд слем
Жреб128П/64Д/32М
Награден фондA$ 50,000,000
ПодлогаТврда
МестоМелбурн, Викторија, Австралија
ОдржувалиштеМелбурн Парк
Публика728,763 гледачи
Победници
Мажи поединечно
Швајцарија Роџер Федерер
Жени поединечно
САД Серена Вилијамс
Машки двојки
Финска Хенри Континен / САД Џон Пирс
Женски двојки
САД Бетани Матек-Сендс / Чешка Луција Шафаржова
Мешани двојки
САД Абигејл Спирс / Колумбија Хуан Себастијан Кабал

Отвореното првенство на Австралија 2017 — тениски турнир одржан во Мелбурн Парк помеѓу 16–29 јануари 2017.[1] Турнирот бил 105. издание од Отвореното првенство на Австралија, и прв Гренд слем во годината. Турнирот се состоел од натпревари помеѓу професионални играчи во три конкуренции: поединечно, двојки и мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Анжелик Кербер биле бранители на титулите, но ниту еден од нив не успеал повторно да дојде до титулата; Ѓоковиќ бил поразен во второто коло од Денис Истомин, додека пак Кербер загубила од Коко Вандевеј во четвртото коло.

За првпат по Отвореното првенство на Франција 2004, првите носители во машка и женска конкуренција, Енди Мари и Анжелик Кербер, загубиле пред четвртфиналето. Роџер Федерер ја освоил својата 18. Гренд слем титула во кариерата победувајќи го Рафаел Надал во финалето во пет сета - и прва Гренд слем титула по 2012 година. Серена Вилијамс била подобра од својата сестра Венус Вилијамс во женското финале, надминувајќи ја Штефи Граф со што станала тенисерка со најмногу освоени Гренд слем титули (23) во отворената ера.

Како и во претходните години, главен спонзор на турнирот бил Киа.

Отвореното првенство на Австралија 2017 се одржало во Мелбурн Парк во Мелбурн, Викторија, Австралија.

Турнирот бил раководен од меѓународната тениска федерација (ITF) и бил дел од календарите на АТП и ВТА турнирите под категоријата Гренд слем. Турнирот се состоел од машки и женски натпревари во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки, како и натпревари во мешани двојки. Покрај турнирите во сениорска конкуренција, биле одржани и турнири во јуниорска конкуренција (играчи под 18 години), и турнири во тенис со инвалидски колички.

Турнирот се играл на тврда подлога на вкупно 25 терени, вклучувајќи ги најголемите три: Род Лејвер Арена, Хајсенс Арена и Маргарет Корт Арена.[2]

Распределба на бодови и паричен фонд

[уреди | уреди извор]

Распределба на бодови

[уреди | уреди извор]
Конкуренција Победник Финале Полуфинале Четвртфинале 4. коло 3. коло 2. коло 1. коло Квалиф. 3. кв. коло 2. кв. коло 1. кв. коло
Мажи поединечно 2000 1200 720 360 180 90 45 10 25 16 8 0
Машки двојки 0 Н/П Н/П Н/П Н/П Н/П
Жени поединечно 1300 780 430 240 130 70 10 40 30 20 2
Женски двојки 10 Н/П Н/П Н/П Н/П Н/П

Паричен фонд

[уреди | уреди извор]

Вкупниот паричен фонд на Отвореното првенство на Австралија 2017 бил зголемен за 14% на рекордни 50,000,000 австралиски долари.

Дисциплина Победник Финале Полуфинале Четвртфинале 4.коло 3. коло 2. коло 1. коло 3. кв. коло 2. кв. коло 1. кв. коло
Поединечно A$3,700,000 A$1,900,000 A$900,000 A$440,000 A$220,000 A$130,000 A$80,000 A$50,000 A$25,000 A$12,500 A$6,250
Двојки * A$650,000 A$325,000 A$160,500 A$80,000 A$40,000 A$23,000 A$14,800 Н/П Н/П Н/П Н/П
Мешани двојки * A$150,500 A$75,500 A$37,500 A$18,750 A$9,000 A$4,500 Н/П Н/П Н/П Н/П Н/П

*по тим

Список на носители

[уреди | уреди извор]

Ова се играчите носители и играчите кои го откажале учеството. Носителите се поставени според рангирањето на АТП и ВТА листите на 9 јануари 2017 година, додека пак претходни бодови се бодовите кои играчите ги имале на 16 јануари 2017 година.

Мажи поединечно

[уреди | уреди извор]
Носител Ранг Играч Претходни бодови Бранени бодови Освоени бодови Нови бодови Статус
1 1 Обединето Кралство Енди Мари 12,560 1,200 180 11,540 Пораз во четврто коло од Германија Миша Зверев
2 2 Србија Новак Ѓоковиќ 11,780 2,000 45 9,825 Пораз во второ коло од Узбекистан Денис Истомин [WC]
3 3 Канада Милош Раониќ 5,290 720 360 4,930 Пораз во четвртфинале од Шпанија Рафаел Надал [9]
4 4 Швајцарија Стен Вавринка 5,155 180 720 5,695 Пораз во полуфинале од Швајцарија Роџер Федерер [17]
5 5 Јапонија Кеј Нишикори 5,010 360 180 4,830 Пораз во четврто коло од Швајцарија Роџер Федерер [17]
6 6 Франција Гаел Монфис 3,625 360 180 3,445 Пораз во четврто коло од Шпанија Рафаел Надал [9]
7 7 Хрватска Марин Чилиќ 3,605 90 45 3,560 Пораз во второ коло од Обединето Кралство Даниел Еванс
8 8 Австрија Доминик Тим 3,415 90 180 3,505 Пораз во четврто коло од Белгија Давид Гофан [11]
9 9 Шпанија Рафаел Надал 3,195 10 1,200 4,385 Пораз во финале од Швајцарија Роџер Федерер [17]
10 10 Чешка Томаш Бердих 3,060 360 90 2,790 Пораз во трето коло од Швајцарија Роџер Федерер [17]
11 11 Белгија Давид Гофан 2,750 180 360 2,930 Пораз во четвртфинале од Бугарија Григор Димитров [15]
12 12 Франција Жо-Вилфрид Цонга 2,505 180 360 2,685 Пораз во четвртфинале од Швајцарија Стен Вавринка [4]
13 14 Шпанија Роберто Баутиста Ахут 2,350 180 180 2,350 Пораз во четврто коло од Канада Милош Раониќ [3]
14 13 Австралија Ник Кирјос 2,460 90 45 2,415 Пораз во второ коло од Италија Андреас Сепи
15 15 Бугарија Григор Димитров 2,135 90 720 2,765 Пораз во полуфинале од Шпанија Рафаел Надал [9]
16 16 Франција Лука Пуј 2,131 10 10 2,131 Пораз во прво коло од Казахстан Александар Бублик [Q]
17 17 Швајцарија Роџер Федерер 1,980 720 2,000 3,260 Победник против Шпанија Рафаел Надал [9]
18 18 Франција Ришар Гаске 1,885 0 90 1,975 Пораз во трето коло од Бугарија Григор Димитров [15]
19 19 САД Џон Иснер 1,850 180 45 1,715 Пораз во второ коло од Германија Миша Ѕверев
20 21 Хрватска Иво Карловиќ 1,795 10 90 1,875 Пораз во трето коло од Белгија Давид Гофан [11]
21 23 Шпанија Давид Ферер 1,740 360 90 1,470 Пораз во трето коло од Шпанија Роберто Баутиста Ахут [13]
22 22 Уругвај Пабло Куевас 1,780 45 10 1,745 Пораз во прво коло од Аргентина Диего Швартцман
23 20 САД Џек Сок 1,810 45 90 1,855 Пораз во трето коло од Франција Жо-Вилфред Цонга [12]
24 24 Германија Александар Зверев 1,655 10 90 1,735 Пораз во трето коло од Шпанија Рафаел Надал [9]
25 25 Франција Жил Симон 1,585 180 90 1,495 Пораз во трето коло од Канада Милош Раониќ [3]
26 26 Шпанија Алберт Рамос Вињолас 1,435 45 10 1,400 Пораз во прво коло од Словачка Лукаш Лацко [Q]
27 27 Австралија Бернард Томиќ 1,420 180 90 1,330 Пораз во трето коло од Обединето Кралство Даниел Еванс
28 29 Шпанија Фелисијано Лопес 1,410 90 10 1,330 Пораз во прво коло од Италија Фабио Фоњини
29 35 Србија Виктор Троицки 1,225 90 90 1,225 Пораз во трето коло од Швајцарија Стен Вавринка [4]
30 31 Шпанија Пабло Карењо Буста 1,370 10 90 1,450 Пораз во трето коло од Узбекистан Денис Истомин [WC]
31 32 САД Сем Квери 1,355 10 90 1,435 Пораз во трето коло од Обединето Кралство Енди Мари [1]
32 33 Германија Филип Колшрајбер 1,325 10 90 1,405 Пораз во трето коло од Франција Гаел Монфис [6]

Жени поединечно

[уреди | уреди извор]
Носител Ранг Играч Претходни бодови Бранени бодови Освоени бодови Нови бодови Статус
1 1 Германија Анжелик Кербер 8,875 2,000 240 7,115 Пораз во четврто коло од САД Коко Вандевеј
2 2 САД Серена Вилијамс 7,080 1,300 2,000 7,780 Победник против САД Венус Вилијамс [13]
3 3 Полска Агњешка Радвањска 5,625 780 70 4,915 Пораз во второ коло од Хрватска Мирјана Лучиќ-Барони
4 4 Романија Симона Халеп 5,073 10 10 5,073 Пораз во прво коло од САД Шелби Роџерс
5 5 Чешка Каролина Плишкова 4,970 130 430 5,270 Пораз во четвртфинале од Хрватска Мирјана Лучиќ-Барони
6 6 Словачка Доминика Цибулкова 4,865 10 130 4,985 Пораз во трето коло од Русија Екатерина Макарова [30]
7 7 Шпанија Гарбиње Мугуруза 4,420 130 430 4,720 Пораз во четвртфинале од САД Коко Вандевеј
8 10 Русија Светлана Кузнецова 3,745 70 240 3,915 Пораз во четврто коло од Русија Анастасија Павличенкова [24]
9 9 Обединето Кралство Јоана Конта 4,055 780 430 3,705 Пораз во четвртфинале од САД Серена Вилијамс [2]
10 12 Шпанија Карла Суарез Наваро 2,985 430 70 2,625 Пораз во второ коло од Романија Сорана Кирстеа
11 13 Украина Елина Свитолина 2,895 70 130 2,955 Пораз во трето коло од Русија Анастасија Павличенкова [24]
12 15 Швајцарија Тимеја Бачински 2,347 70 130 2,407 Пораз во трето коло од Австралија Дарија Гаврилова [22]
13 17 САД Венус Вилијамс 2,240 10 1,300 3,530 Пораз во финале од САД Серена Вилијамс [2]
14 18 Русија Елена Веснина 2,229 2[3] 130 2,357 Пораз во трето коло од САД Џенифер Брејди [Q]
15 19 Италија Роберта Винчи 2,210 130 10 2,090 Пораз во прво коло од САД Коко Вандевеј
16 16 Чешка Барбора Стрицова 2,295 240 240 2,295 Пораз во четврто коло од САД Серена Вилијамс [2]
17 20 Данска Каролина Возњацки 2,175 10 130 2,295 Пораз во трето коло од Обединето Кралство Јоана Конта [9]
18 21 Австралија Саманта Стосур 2,016 10 10 2,016 Пораз во прво коло од Обединето Кралство Хедер Вотсон
19 22 Холандија Кики Бертенс 1,956 10 10 1,956 Пораз во прво коло од САД Варвара Лепченко
20 23 Кина Жан Шуаи 1,885 470 70 1,485 Пораз во второ коло од САД Алисон Риск
21 24 Франција Каролин Гарсија 1,765 10 130 1,885 Пораз во трето коло од Чешка Барбора Стрицова [16]
22 26 Австралија Дарија Гаврилова 1,665 240 240 1,665 Пораз во четврто коло од Чешка Каролина Плишкова [5]
23 25 Русија Дарија Касаткина 1,700 130 10 1,580 Пораз во прво коло од Кина Пенг Шуаи
24 27 Русија Анастасија Павличенкова 1,620 10 430 2,040 Пораз во четвртфинале од САД Венус Вилијамс [13]
25 28 Унгарија Тимеја Бабош 1,545 70 10 1,485 Пораз во прво коло од САД Никол Гибс
26 30 Германија Лаура Зигемунд 1,502 130 10 1,382 Пораз во прво коло од Србија Јелена Јанковиќ
27 29 Романија Ирина-Камелија Бегу 1,502 10 70 1,562 Пораз во второ коло од Чешка Кристина Плишкова
28 43 Франција Ализ Корне 1,242 70 70 1,242 Пораз во второ коло од Грција Марија Сакари
29 46 Порторико Моника Пуиг 1,215 130 70 1,155 Пораз во второ коло од Германија Мона Бартел [Q]
30 34 Русија Екатерина Макарова 1,377 240 240 1,377 Пораз во четврто коло од Обединето Кралство Јоана Конта [9]
31 31 Казахстан Јулија Путинцева 1,450 130 70 1,390 Пораз во второ коло од Латвија Јелена Остапенко
32 33 Латвија Анастасија Севастова 1,425 110 130 1,445 Пораз во трето коло од Шпанија Гарбиње Мугуруза [7]

Откажани играчи

[уреди | уреди извор]
Ранг Играч Претходни
бодови
Бранени
бодови
Освоени
бодови
Нови
бодови
Причина за
откажување
8 САД Медисон Кис 4,137 240 0 3,897 Повреда на зглоб[4]
11 Чешка Петра Квитова 3,485 70 0 3,415 Повреда надвор од терен[5][6]
14 Белорусија Викторија Азаренка 2,591 430 0 2,161 Мајчинство[7]

Шампиони

[уреди | уреди извор]
Мажи поединечно
Жени поединечно
Машки двојки
Женски двојки
Мешани двојки
  1. „Tickets - Australian Open“. ausopen.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-20. Посетено на 2017-01-29.
  2. „First Glimpse of new-look Margaret Court Arena“. Tennis.com.au. Посетено на 6 January 2014.
  3. „Elena Vesnina profile“. wtatennis.com. Посетено на 24 January 2017.
  4. „Madison Keys ruled out of Australian Open“. Special Broadcasting Service. 24 December 2016. Посетено на 24 December 2016.
  5. „Petra Kvitova out for three months after hand surgery following knife attack“. British Broadcasting Corporation. 21 December 2016. Посетено на 21 December 2016.
  6. Квитова нападната и прободена во својот дом Архивирано на 27 декември 2016 г. ekipa.mk; 20 декември 2016
  7. „Victoria Azarenka announces pregnancy“. Women's Tennis Association. 15 July 2016. Посетено на 15 July 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]