Отис Рединг
Отис Рединг | |
---|---|
Отис Рединг во 1967 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Отис Реј Рединг Помладиот |
Познат(а) и како | |
Роден(а) | септември 9, 1941 Досон, Џорџија, САД |
Починал(а) | декември 10, 1967 (возр. 26) Медисон, Висконсин, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1958–1967 |
Издавачи | |
Мреж. место | otisredding.com |
Отис Реј Рединг Помладиот (англ: Otis Ray Redding, Jr.; 9 септември 1941 – 10 декември 1967 година) ― американски пејач и текстописец. Се смета за еден од најголемите пејачи во историјата на американската забавна музика со исклучитено влијание во развојот на соул и ритам и блуз музиката. Го носи прекарот „Крал на соулот“, а неговиот стил на пеење бил инспириран од госпел музиката која е претходница на соулот. Со својот стил на пеење, Рединг влијаел на многу други соул пејачи од 1960-тите.
Рединг добил многу постхумни признанија, како две Греми награди, Греми награда за животно дело, бил примен во Куќата на славните од рокенролот, Булеварот на славните за црнечка музика и забава,[4] и Куќата на славните текстописците. Освен „(Sittin' On) The Dock of the Bay“, „Respect “ и „Try a Little Tenderness“ се меѓу негови најпознати песни.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Рединг е роден во Досон, Џорџија како четврто од шесте деца и прв син на Отис Рединг Постариот и Фани Роузман. Неговото семејството, на негова тригодишна возраст, се преселило во Тиндал Хајтс, претежно афроамерикански јавен станбен проект во Макон.[5] Како дете, пеел во хорот на баптистичката црква во Вајнвил и научил да свири гитара и пијано. Од 10-годишна возраст, Рединг почнал да зема часови по пеење. Во средното училиште Балард-Хадсон, тој пееше во училишниот бенд. Често наведувал дека негови идоли биле Литл Ричард и Сем Кук. [6] [7]
На 15-годишна возраст, Рединг го напуштил училиштето за финансиски да го издржува своето семејство; неговиот татко заболел од туберкулоза и често бил хоспитализиран.[5] Работел како копач на бунари, на бензинска пумпа и повремено како музичар.
Во 1958 година, на натпревар за таленти Отис Рединг бил забележан од Џони Џенкинс (локално истакнат гитарист) кој му понудил да го придружува. Рединг наскоро бил поканет да го замени Вили Џонс како фронтмен на Pat T. Cake and the Mighty Panthers.[7] Рединг, откако Литл Ричард ја напуштил рокенрол музиката за да се посвети на госпел, почнал да пее во Upsetters. Кон средината на 1960 година, Отис со сестра му Дебора се преселил во Лос Анџелес, а неговата сопруга Зелма и нивните деца останале во Мејкон.[8] Во Лос Анџелес Рединг ги снимил своите први песни, како „Tuff Enuff“, „She's All Right“, и две песни кои Рединг сам ги напишал „I'm Gettin' Hip“ и „Gamma Lamma“. [9]
„These Arms of Mine“ и други песни од сесиите во 1962–1963 биле вклучени во деби албумот на Рединг, Pain in My Heart. „That's What My Heart Needs“ и „Mary's Little Lamb“ биле снимени во јуни 1963 година. Насловната песна, снимена во септември 1963 година, имала проблеми со авторските права, бидејќи звучела како „Ruler of My Heart“ од Ирма Томас. [5] И покрај ова, Pain in My Heart бил издаден во март 1964 година.[10] [11]
Во ноември 1963 година, Рединг, придружуван од неговиот брат Роџерс и соработникот Силвестер Хакаби (пријател на Рединг од детството), отпатувал во Њујорк за да настапи во театарот Аполо и да сними албум во живо за Атлантик рекордс. На албумот се нашле песни од Кинг, Костерс, Дорис Трој, Руф Томас, Фалконс и Рединг.[5]
Во март. 1965, Отис Рединг го објавил својот втор студиски албум The Great Otis Redding Sings Soul Ballads. На албумот биле песните „Mr. Pitiful“ [7], „Chained and Bound“, „Come to Me“ и „That's How Strong My Love Is“. [12][5] Албумот, под наслов Otis Blue: Otis Redding Sings Soul, бил издаден во септември 1965 година [13] На Otis Blue се наоѓа популарната преработка на Рединг на „A Change Is Gonna Come“.[14]
Бидејќи Афроамериканците сè уште биле мнозинство од неговите обожаватели, Рединг се решил да настапи на Whisky a Go Go на Sunset Strip во Лос Анџелес. Рединг бил еден од првите соул музичари кои настапиле пред рок публика во западниот дел од САД. Критиката го пофалила неговото пеење, и имало позитивна статија во Лос Анџелес Тајмс. Тоа му помогнало да се пробие во мејнстрим популарната култура. Боб Дилан присуствувал на настапот и на Рединг му понудил изменета верзија на една негова песна, „Just Like a Woman“. [7]
Кон крајот на 1966 година, Рединг во студиото „Стакс“ снимил неколку песни, меѓу кои била и „Try a Little Tenderness“, напишана во 1932 година [9] Оваа песна претходно била снимена од Бинг Крозби и Френк Синатра. Денес често се смета за неговата најпозната песна.[15] „Try a Little Tenderness“ била вклучена во неговиот следен албум, Complete & Unbelievable: The Otis Redding Dictionary of Soul. Песната и албумот беа критички и комерцијално успешни.[16]
Популарноста на Отис Рединг ги преминала границите на САД. Рединг ја започнал турнејата низ Европа есента 1966 година. [9]
Во март 1967 година, Стакс го издал King & Queen, албум со дуети од Рединг и Карла Томас. Во 1967 година, настапил и на поп фестивалот во Монтереј.
Непосредно пред неговата смрт во авионска несреќа, Рединг заедно со Стив Кропер ја напишал и снимил песната „(Sittin' On) The Dock of the Bay“.[17] Таа песна станала прва постхумна песна која се искачила на прво место на Billboard Hot 100 и на R&B топ листите. Албумот The Dock of the Bay бил прв постхумен албум кој го достигнал првото место на топ-листата за албуми во Велика Британија. Прераната смрт на Рединг го уништила издавачот Стакс. На раб на банкрот, издавачот открил дека дивизијата Atco од Атлантик рекордс ги поседува правата на целиот негов каталог на песни.
Авионска несреќа
[уреди | уреди извор]На 10 декември 1967, Отис Рединг требало да настапи во ноќниот клуб Фабрика, во близина на Универзитетот во Висконсин.[18] [19] [20] Иако времето било лошо, со пороен дожд и магла, и покрај предупредувањата, авионот полетал.[21] [22] Авионот се урнал во езерото Монона. Отис Рединг, заедно со четворица членови од неговиот придружнички бенд, Bar-Kays, загинале во несреќата.[21] [23] Само еден од нејзините членови, Бен Каули, преживеал.[7] Причината за несреќата никогаш не била утврдена.[24]
Телото на Рединг било пронајдено следниот ден кога било пребарано езерото.[25] На погребот присуствувале преку 4.500 луѓе.
Постхумни изданија
[уреди | уреди извор]„(Sittin' On) The Dock of the Bay“ бил објавен во јануари 1968 година. Станала единствена песна на Рединг која се искачила на прво место на Billboard Hot 100 и првиот постхумен број еден сингл во историјата на американската топ листа.[26] Албумот The Dock of the Bay бил првиот постхумен албум кој го достигнал првото место на топ- листата за албуми во Велика Британија.[27]
Рединг зад себе оставил многу необјавен материјал, кој бил вклучен во четири постхумни албуми.
Награди и почести
[уреди | уреди извор]Читателите на британскиот музички весник Melody Maker го изгласале Рединг за најдобар пејач во 1967 година, и со тоа го заменил Елвис Присли, кој бил на врвот на листата во претходните 10 години.[28] [7] [5]
Рединг постхумно освоил две Греми награди за „(Sittin' On) The Dock of the Bay“ на 11-тото годишно доделување на Греми награди во 1969 година.[29] Отис Рединг бил примен во Куќата на славните од рокенролот во 1989 година, и истакнале дека неговото име е „синоним на терминот соул музика“. [30] Во 1988 година, бил примен во Куќата на славните музичари во Џорџија. [31] Пет години подоцна, американската пошта во негова чест издала комеморативна поштенска марка.[32] Рединг бил примен во Куќата на славните текстописци во 1994 година,[33] и во 1999 година ја добил наградата Греми за животно дело.[34] Куќата на славните од рокенролот на својата листа „500 Songs That Shaped Rock and Roll “ има три песни од Рединг, „Shake“, „(Sittin' On) The Dock of the Bay“ и „Try a Little Tenderness“.[35]
Рединг се наоѓа на 21-то место на листата од „100 најдобри уметници на сите времиња“ [36] од американскиот музички магазин Ролинг Стоун и на осмо место на нивната листа од „100 најдобри пејачи на сите времиња“.[37] Q Рединг го ставил на четврто место на листата на „100 најголеми пејачи“, по Френк Синатра, Арета Френклин и Елвис Присли.[38]
Пет негови албуми, Otis Blue: Otis Redding Sings Soul, Dreams to Remember: The Otis Redding Anthology, The Dock of the Bay, Complete & Unbelievable: The Otis Redding Dictionary of Soul и Live in Europe, се наоѓаат на листата од Rolling Stone за 500 најдобри албуми на сите времиња.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Pain in My Heart (1964)
- The Great Otis Redding Sings Soul Ballads (1965)
- Otis Blue: Otis Redding Sings Soul (1965)
- The Soul Album (1966)
- Complete & Unbelievable: The Otis Redding Dictionary of Soul (1966)
- King & Queen (1967)
- The Dock of the Bay (1968)
- The Immortal Otis Redding (1968)
- Love Man (1969)
- Tell the Truth (1970)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Labrie 1968, стр. 38.
- ↑ Phelps 1997, стр. 179.
- ↑ Otis Redding Southern Soul 27 June 2022
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 Guralnick 1999.
- ↑ White 2003.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Gulla 2007.
- ↑ „Otis Redding's 'Unfinished Life' Still Resonates“. NPR. Посетено на May 14, 2017.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Bowman 1997.
- ↑ „Billboard“. Billboard Advertising. March 21, 1964.
- ↑ Gould, Jonathan (2017). Otis Redding: An Unfinished Life. New York: Crown Archetype. стр. 250. ISBN 978-0307453969.
- ↑ „Otis Redding – Awards“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на June 11, 2012.
- ↑ Mendelsohn, Jason; Klinger, Eric (December 9, 2011). „Counterbalance No. 61: 'Otis Blue/Otis Redding Sings Soul'“. Popmatters. SPIN Music Group. Посетено на November 21, 2012.
- ↑ „Otis Blue/Otis Redding Sings Soul“. Otis Redding (англиски). Посетено на November 13, 2020.
- ↑ Inglis 2006.
- ↑ „Complete & Unbelievable: The Otis Redding Dictionary of Soul“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на August 17, 2011.
- ↑ Everitt 2004.
- ↑ „Singer, 6 others missing after crash“. Spokesman-Review. (Spokane, Washington). December 11, 1967. стр. 1.
- ↑ Talevski 2006.
- ↑ Knutsen, Kristian (October 12, 2007). „Otis Redding at The Factory: One night only in Madison“. The Daily Page. Isthmus Publishing Company, Inc. Архивирано од изворникот на December 3, 2013. Посетено на October 15, 2011.
- ↑ 21,0 21,1 „Singer Otis Redding, seven others killed“. Eugene Register-Guard. (Oregon). UPI. December 11, 1967. стр. 3A.
- ↑ According to the historical marker as seen here. Fraser had had a mechanic check the plane for possible issues.
- ↑ Jet 1967.
- ↑ „CHI68A0053“. National Transportation Safety Board. Посетено на July 11, 2016.
- ↑ „Body of Singer Recovered from Crashed Plane“. Bridgeport Telegram. December 12, 1967. Архивирано од изворникот на December 21, 2017. Посетено на August 20, 2011.
- ↑ Lichter-Marck, Rose (March 25, 2011). „The undying soul of Otis“. The Daily Holdings, Inc. Посетено на May 13, 2011.
- ↑ „1968 Top 40 Official UK Albums Archive 22nd June 1968“. London: Official Charts Company. 2010. Посетено на October 19, 2011.
- ↑ Otfinoski 2003.
- ↑ „Otis Redding“. grammy.com. November 23, 2020.
- ↑ „Otis Redding Biography“. The Rock and Roll Hall of Fame and Museum, Inc. Архивирано од изворникот на July 24, 2011. Посетено на July 24, 2011.
- ↑ „Honors“. Otis Redding Official Website. Архивирано од изворникот на January 11, 2011. Посетено на October 13, 2011.
- ↑ „African-American Subjects on United States Postage Stamps“ (PDF). United States Post Office. Архивирано од изворникот (PDF) на January 23, 2013. Посетено на May 6, 2011.
- ↑ „Otis Redding“. Songwriters Hall of Fame. Архивирано од изворникот на December 18, 2010. Посетено на May 6, 2011.
- ↑ „Lifetime Achievement Award“. The Recording Academy. Архивирано од изворникот на December 14, 2013. Посетено на July 14, 2019.
- ↑ „500 Songs That Shaped Rock and Roll“. HighBeam Research, LLC. Посетено на May 6, 2011.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Q – 100 Greatest Singers“. Rocklistsmusic.com. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на November 19, 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Отис Рединг на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Отис Рединг на Find a Grave (англиски)
- Karla Redding-Andrews Interview NAMM Oral History Library (2021)