Прејди на содржината

Папа Бенедикт XVI

Од Википедија — слободната енциклопедија
Папа
Бенедикт XVI
Римокатолички бискуп
Бенедикт XVI, 2009
ЦркваРимокатоличка црква
Ракоположен19 април 2005
Службата завршила28 февруари 2013
ПретходникЈован Павле II
НаследникФранциск
Редови
Ракоположен29 јуни 1951
Осветување28 мај 1977
Станал кардинал27 јуни 1977
Лични податоци
Световно имеЈозеф Рацингер
Роденаприл 16, 1927(1927-04-16)
Марктл, Германија
Починал31 декември 2022(2022-12-31) (возр. 95)
Ватикан
НационалностГерманец
РодителиЈозеф Рацингер мл.
Марија Пентнер
ГеслоCooperatores veritatis
Потпис{{{signature_alt}}}
Грб{{{coat_of_arms_alt}}}

Бенедикт XVI (Марктл, 16 април 1927 - Ватикан, 31 декември 2022) — поранешен папа на Римокатоличката црква[1].

Јозеф Рацингер

[уреди | уреди извор]

Јозеф Рацингер е роден на 16 април 1927 година во германската покраина Баварија. Свештеник станал во 1951 година, а во 1977 година е именуван за архиепископ (надбискуп) на Минхен.

Во 1981 година е поставен за раководител на влијателната Конгрегација за верска доктрина, која реформските кругови во Католичката црква ја оценуваат како наследник на Светата инквизиција.

Рацингер, кого го нарекуваа „панцер кардинал“ и „божји ротвајлер“ бил противник на идеите за жени-свештеници, на хомосексуалноста, на употребата на контрaцепција и на комунизмот. Тој бил еден од противниците на зачленувањето на муслиманската Турција во ЕУ.

Контарверзниот дел од неговата биографија го опфаќа период на Втората светска војна, кога Рацингер бил член на Хитлеровата младина, подмладок на Национал-социјалистичката германска работничка партија и припадник на единиците на противвоздушната одбрана на Вермахтот.

Рацингер, кој важи за припадник на конзервативното крило на Католичката црква, во октомври 2004 година изјавил дека Црквата треба да остане „подалеку од народните маси, бидејќи колку што им е поблизу, станува сè поповршна“.

Бенедикт XVI

[уреди | уреди извор]

Папата Бенедикт, во спротивно со верувањето на многу луѓе сепак не го зел името Јован Павле III, туку се одлучил за Бенедикт. Тој го започнал своето владение како папа на 19 април 2004.

На 12 септември 2006 година во текот на едно свое предавање во Германија цитирал остра критика на исламот и на пророкот Мухамед напишана во 14 век од византискиот цар Мануил II Палеолог:

„Покажете ми што ново донел Мухамед и ќе видите само зли и нечовечни работи, како неговата наредба со меч да се шири верата што ја проповеда“. Неговиот настап предизвика остри критики од муслиманскиот свет.

Во потегот што во голема мера бил виден како помирувачки, кон крајот на 2006 година тој направи историска посета на муслиманска Турција и се молел во Сината џамија во Истанбул со турскиот муфтија.

На 12 февруари 2013 година се повлекол од функцијата понтиф на Римокатоличката црква, станувајќи првиот папа по 600 години кој го сторил тоа.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]