Пертусис
Пертусис | |
---|---|
Синоними | Голема кашлица, магарешка кашлица |
Кашлица кај младо момче со пертусис | |
Специјалност | Инфектологија |
Симптоми | Растечен нос, треска, кашлица[1] |
Компликации | Замор, повраќање, скршеници на ребрата[1][2] |
Времетраење | ~ 10 недели[3] |
Причинители | Bordetella pertussis (која се шири во воздухот)[4] |
Дијагностички метод | Назофарингеален брис[5] |
Спречување | Пертусис вакцина[6] |
Лекување | Антибиотици (ако се започнат рано)[7] |
Честота | 16.3 милиони (2015)[8] |
Смртни случаи | 58,700 (2015)[9] |
Пертусис е високо заразно бактериско заболување, кое може да биде превенирано со вакцина.[1][10][11] Почетните симптоми обично се слични на оние на обичната настинка со течење на носот, треска, и блага кашлица, но тие се проследени со тешка кашлица која трае два до три месеци.[1] По нападот на кашлица, се јавува задишување.[1] Тешката кашлица може да трае до 10 и повеќе недели, па оттука доаѓа фразата „100-дневна кашлица“.[3] Кашлицата може да биде до толку изразена што може да предизвика замор, повраќање, скршеници на ребрата.[1][2] Децата помали од една година може да кашлаат малку или воопшто да немаат кашлица, а наместо тоа да имаат периоди со отежнато дишење.[1] Инкубацискиот период вообичаено е седум до десет дена.[12] Болеста може да се развие и кај вакцинирани, но симптомите обично се полесни.[1]
Пертусисот го предизвикува бактеријата Bordetella pertussis.[4] Лесно се шири преку кашлање и кивање на заразено лице.[4][13] Заразата се шири од почетокот на симптомите до околу три недели од нападите на кашлица.[7] Пациентите третирани со антибиотик не се заразни после пет дена.[7] Дијагнозата се поставува со брис од нос и грло.[5] Примерокот потоа се тестира со култура или со полимераза верижна реакција.[5]
Превенцијата е со вакцинација со пертусис вакцина.[6] Иницијална имунизација се препорачува помеѓу шестата и осмата недела од раѓањето, со четири дози кои се даваат во првите две години од животот.[14] Заштитата од пертусис се намалува со тек на времето, па дополнителни дози се препорачливи кај поголеми деца и возрасни.[15] Вакцинација за време на бременоста е високо ефикасна во заштита на новороденчето од пертусис за време на првите ранливи месеци од животот, и се препорачува во многу земји.[16] Антибиотици може да се користат за превенција кај лица кои биле изложени и кај кои постои ризик за појава на тешка болест.[17] Кај заболените, антибиотиците се корисни ако нивното земање започне во првите три недели од иницијалните симптоми, во спротивност имаат мал ефект кај повеќето пациенти.[7] Кај бремените жени и децата помали од една година, антибиотиците се препорачуваат во првите шест недели од појавата на симптомите.[7] Антибиотици кои се користат се еритромицин, азитромицин, кларитромицин, или триметоприм/сулфаметоксазол.[7] Доказите за третмани и интервенции против кашлицата, освен за антибиотиците, се слаби.[18] Околу 50% од инфицираните деца помали од една година имаат потреба од хоспитализација и околу 0.5% (1 во 200) резултираат со смртен исход.[1][2]
Се проценува дека 16.3 милиони луѓе во светот биле инфицирани во 2015 година.[8] Повеќето случаи се јавуваат во земјите во развој, и луѓето од сите возрасти може да бидат зафатени.[6][18] Во 2015, пертусисот резултирал со 58,700 смртни случаи – што е намалување од 138,000 случаи во 1990 година.[9][19] Епидемии на болеста за прв пат биле опишани во 16-ти век.[12] Бактеријата која ја предизвикува болеста била откриена во 1906 година.[12] Вакцината за пертусис станала достапна во 1940-те.[12]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „Pertussis (Whooping Cough) Signs & Symptoms“. 22 May 2014. Архивирано од изворникот 7 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Pertussis (Whooping Cough) Complications“. cdc.gov. 28 August 2013. Архивирано од изворникот 9 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
- ↑ 3,0 3,1 „Pertussis (Whooping Cough) Fast Facts“. cdc.gov. 13 February 2014. Архивирано од изворникот 7 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Pertussis (Whooping Cough) Causes & Transmission“. cdc.gov. 4 September 2014. Архивирано од изворникот 14 February 2015. Посетено на 12 February 2015.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Pertussis (Whooping Cough) Specimen Collection“. cdc.gov. 28 August 2013. Архивирано од изворникот 8 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Heininger U (February 2010). „Update on pertussis in children“. Expert Review of Anti-Infective Therapy. 8 (2): 163–73. doi:10.1586/eri.09.124. PMID 20109046. S2CID 207217558.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 „Pertussis (Whooping Cough) Treatment“. cdc.gov. 28 August 2013. Архивирано од изворникот 11 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
- ↑ 8,0 8,1 Vos, Theo; Allen, Christine; Arora, Megha; Barber, Ryan M.; Bhutta, Zulfiqar A.; Brown, Alexandria; Carter, Austin; Casey, Daniel C.; Charlson, Fiona J.; Chen, Alan Z.; Coggeshall, Megan; Cornaby, Leslie; Dandona, Lalit; Dicker, Daniel J.; Dilegge, Tina; Erskine, Holly E.; Ferrari, Alize J.; Fitzmaurice, Christina; Fleming, Tom; Forouzanfar, Mohammad H.; Fullman, Nancy; Gething, Peter W.; Goldberg, Ellen M.; Graetz, Nicholas; Haagsma, Juanita A.; Hay, Simon I.; Johnson, Catherine O.; Kassebaum, Nicholas J.; Kawashima, Toana; и др. (October 2016). „Global, regional, and national incidence, prevalence, and years lived with disability for 310 diseases and injuries, 1990–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1545–1602. doi:10.1016/S0140-6736(16)31678-6. PMC 5055577. PMID 27733282.
- ↑ 9,0 9,1 Wang, Haidong; Naghavi, Mohsen; Allen, Christine; Barber, Ryan M.; Bhutta, Zulfiqar A.; Carter, Austin; Casey, Daniel C.; Charlson, Fiona J.; Chen, Alan Zian; Coates, Matthew M.; Coggeshall, Megan; Dandona, Lalit; Dicker, Daniel J.; Erskine, Holly E.; Ferrari, Alize J.; Fitzmaurice, Christina; Foreman, Kyle; Forouzanfar, Mohammad H.; Fraser, Maya S.; Fullman, Nancy; Gething, Peter W.; Goldberg, Ellen M.; Graetz, Nicholas; Haagsma, Juanita A.; Hay, Simon I.; Huynh, Chantal; Johnson, Catherine O.; Kassebaum, Nicholas J.; Kinfu, Yohannes; и др. (October 2016). „Global, regional, and national life expectancy, all-cause mortality, and cause-specific mortality for 249 causes of death, 1980–2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015“. Lancet. 388 (10053): 1459–1544. doi:10.1016/s0140-6736(16)31012-1. PMC 5388903. PMID 27733281.
- ↑ Carbonetti NH (June 2007). „Immunomodulation in the pathogenesis of Bordetella pertussis infection and disease“. Current Opinion in Pharmacology. 7 (3): 272–8. doi:10.1016/j.coph.2006.12.004. PMID 17418639.
- ↑ „Preventing Whooping Cough (Pertussis) | CDC“. www.cdc.gov (англиски). 2022-09-07. Посетено на 2023-05-21.
- ↑ 12,0 12,1 12,2 12,3 Atkinson, William (May 2012). Pertussis Epidemiology and Prevention of Vaccine-Preventable Diseases (12th. изд.). Public Health Foundation. стр. 215–230. ISBN 9780983263135. Архивирано од изворникот 29 July 2017. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - ↑ „Pertussis“. WHO. Архивирано од изворникот на 5 June 2015. Посетено на 23 March 2016.
- ↑ „Revised guidance on the choice of pertussis vaccines: July 2014“ (PDF). Relevé Épidémiologique Hebdomadaire. 89 (30): 337–40. July 2014. PMID 25072068. Архивирано (PDF) од изворникот 13 February 2015.
- ↑ „Pertussis vaccines: WHO position paper“. Relevé Épidémiologique Hebdomadaire. 85 (40): 385–400. October 2010. PMID 20939150.
- ↑ Vygen-Bonnet S, Hellenbrand W, Garbe E, von Kries R, Bogdan C, Heininger U, Röbl-Mathieu M, Harder T (February 2020). „Safety and effectiveness of acellular pertussis vaccination during pregnancy: a systematic review“. BMC Infect Dis. 20 (1): 136. doi:10.1186/s12879-020-4824-3. PMC 7020352. PMID 32054444.
- ↑ „Pertussis (Whooping Cough) Prevention“. cdc.gov. 10 October 2014. Архивирано од изворникот 8 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
- ↑ 18,0 18,1 Wang K, Bettiol S, Thompson MJ, Roberts NW, Perera R, Heneghan CJ, Harnden A (September 2014). „Symptomatic treatment of the cough in whooping cough“. The Cochrane Database of Systematic Reviews. 9 (9): CD003257. doi:10.1002/14651858.CD003257.pub5. PMC 7154224. PMID 25243777.
- ↑ GBD 2013 Mortality Causes of Death Collaborators (January 2015). „Global, regional, and national age-sex specific all-cause and cause-specific mortality for 240 causes of death, 1990–2013: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2013“. Lancet. 385 (9963): 117–71. doi:10.1016/S0140-6736(14)61682-2. PMC 4340604. PMID 25530442.