Поатје
Поатје | ||
---|---|---|
Местоположба во регионот Поату-Шаранта [[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Poitou-Charentes" does not exist|270px|Поатје во рамките на Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 42: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/France Poitou-Charentes" does not exist]]<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"> [[File:Предлошка:ПолКарта France Poitou-Charentes|6x6px|Поатје|link=|alt=]] <div style="font-size: %; line-height: 110%; z-index:90; position: relative; top: -1.5em; width: 6em; Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“">Поатје | ||
Координати: 46°34′55″N 0°20′10″E / 46.5819° СГШ; 0.3361° ИГД | ||
Земја | Франција | |
Регион | Поату-Шаранта | |
Департман | Вјена | |
Округ | Poitiers | |
Кантон | Prefecture | |
Општ. заедница | Агломерациска заедница на Поатје (CAP) | |
Управа | ||
• Градоначалник (2008–2014) | Alain Claeys | |
Површина1 | 42,11 км2 (1,626 ми2) | |
Население (2006)2 | 91.394 | |
• Густина | 22/км2 (56/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 86194 / FR86000 | |
Надм. висина | 65 м (прос. 75 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Поатје (француски: Poitiers) — град во Франција, главен град на департманот Вјена во регионот Аквитанија-Лимузен-Поату-Шаранта. Според податоците од 2006 г. местото имало 88.776 жители. Познат е како универзитетски град со над 27.000 студенти. Градот се наоѓа на реката Клен.
Историја
[уреди | уреди извор]За време на стариот Рим, Поатје бил значаен град со голем амфитеатар и бањи.
Во Бица, кај Поатје од 10 октомври 732 г., франкискиот водач Карло Мартел го запрел продорот на Маврите кон Средна Европа.
Францускиот крал Јован II Добриот, бил поразен и заробен од Англичаните во Битката кај Поатје во 1356 г. Поатје бил главен град на историската област Поату, од каде владееле грофовите на Поатје.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Во Поатје постојат 78 заштитени културни споменици, посебно од времето на романската архитектура (романика).
- Крстилница „Св. Јован“ од IV век, втора најстара црква во Франција
- Палата на правдата во Поартје било седиште на Аквитанија
- Црква Нотр Дам ла Гранд, најстара романтичка црква во Европа.
- Катедралата во Поатје, Катедрала Св. Петар од XII век
- Музеј Сен Кроа
- Црква Сен Илер ле Гранд од XI век
- Футуроскоп, забавен парк кој ја презентира модерната вузиелна технологија за комуникација. Се наоѓа на околу 10 километри северно од Поатје.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на градот Поатје Архивирано на 18 јуни 2021 г.
- Туристичко биро
- Фотографии од катедралата Архивирано на 16 ноември 2007 г.
- База на податоци — INSEE (француски)