Политика на Турција
Турција е парламентарна претставителна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност[1]. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.
На чело на државата е претседателот и има церемонијална улога. Претседателот се избира на секои пет години со директни избори. Последниот турски претседател Ахмет Неџдет Сезер беше избран на 16 мај 2000 година. На 28 август Сезер беше наследен од Абдула Ѓул[2]. Извршната власт е водена од премиерот на Турција и Советот на Министри што ја сочинуваат владата на Турција. Законодавната власт ја водат Големото Национално Собрание на Турција. Судската власт во Турција е во рацете на Уставниот Суд а понатака и во Советот на државата и Високиот Суд[3].
Премиерот е избран од парламентот на Турција преку гласање на доверба. Најчесто премиерот е водачот на владеачката партија. Моменталниот турски премиер е поранешниот градоначалник на Истанбул, Реџеп Тајип Ердоган. Неговата конзерватизна партија Партија на правда и развој го добила апсолутното мнозинство во 2002 година и 2011 година.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Çarkoǧlu, Ali (2004). Religion and Politics in Turkey. Routledge, UK. ISBN 0-415-34831-5.
- ↑ Turks elect ex-Islamist president", BBC (2 ноември 2007). Посетено на 28 август 2007.
- ↑ Turkish Directorate General of Press and Information (17 октомври 2001). "Turkish Constitution". Turkish Prime Minister's Office. Посетено на 16 декември 2006.