Прејди на содржината

Последното метро (филм од 1980)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Последното метро (француски: Le dernier métro) е француски филм од 1980 година, во режија на Франсоа Трифо. Главните улоги ги играат: Катрин Денев, Хајнц Бенет и Жерар Депардје.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во Париз за време на германската окупација. Марион Штајнер (ја игра Денев) е позната филмска и театарска глумица која раководи со еден театар на Монмартр. За да го избегне прогонот на Евреите, нејзиниот сопруг, режисерот Лукас Штајнер (го игра Бенет) го измислува своето бегство во Јужна Америка, а всушност се крие во подрумот на театарот. Само Марион знае за неговото засолниште и секојдневно го негува, обидувајќи се да му обезбеди вистинско бегство од Франција. Во тек се подготовките за последната претстава на Лукас во која главните улоги ги толкуваат Марион и еден нов, млад глумец, Бернар Гранже (го игра Депардје), кој пак е дел од движењето на отпорот. Најпосле, претставата е премиерно прикажана и доживува голем успех. Меѓутоа, еден театарски критичар, соработник на окупаторската власт, сака да го преземе театарот. Во текот на една претстава, во театарот доаѓа полицијата која сака да го провери подрумот, а Бернар му помага на Лукас да се сокрие. Еден ден, Бернар најавува дека ќе го напушти театарот за да се бори против за слободата на Франција и пред да замине тој и Марион водат љубов. По ослободувањето на Париз, театарот ја продолжува работата под водство на Лукас, а Марион и Бернар повторно глумат заедно.[1]