Прво послание до Тимотеј
Книги од Новиот завет |
---|
Евангелија |
Матеј · Марко · Лука · Јован |
Дела |
Дела на светите апостоли |
Посланија |
Јаков 1 Петар · 2 Петар 1 Јован · 2 Јован · 3 Јован Јуда Римјани 1 Коринтјаните · 2 Коринтјаните Галатјаните · Ефесјаните Филипјаните · Колосјаните 1 Солуњаните · 2 Солуњаните 1 Тимотеј · 2 Тимотеј Тит · Филимон Евреите |
Апокалипса |
Откровение |
Првото послание на апостол Павле до Тимотеј е книга од Новиот завет. Тадиционално се смета дека била напишана од страна на апостол Павле, во времето кога престојувал во Македонија. Посланието е упатено до Тимотеј, соработник на Павле, кој тогаш се наоѓал во Ефес.
Автор
[уреди | уреди извор]Денешните истражувачи се поделени околу авторството на ова послание. Голем број сметаат дека автор на ова послание е апостол Павле, како што пишува на самиот почеток од текстот: „Павле, апостол на Христа Исуса по повелбата на Бога, нашиот Спасител, и на Христа Исуса, нашата надеж“. Според овој стих, најголем број од раните христијани сметале дека авторот е Павле. Посладните 200 години започнало да се смета дека посланието всушност не е напишано од апостол Павле, туку од некој анонимен христијански ученик кој бил доста блиску до Павле и неговото учење. Се смета дека авторот на ова послание со сигурност бил и автор на посланието до Тит.
Оние кои сметаат дека авторот на ова послание е апостол Павле, сметаат дека истото било напишано во периодот од околу 62 и 67 година. Останатите сметаат дека посланието било напишано кон крајот на 2 век.
Тимотеј
[уреди | уреди извор]Тимотеј за првпат се спомнува во Апостолски дела (16:1). Неговата мајка баба Лоида и мајка Евника се споменуваат во Второто послание на апостол Павле до Тимотеј. Тимотеј го запознал Павле во времето на неговата втора посета на Листра. Павле го покрстил и го поставил за негов ментор. Така тие заедно патувале на различни места и градови.
Содржина
[уреди | уреди извор]Посланието започнува така што апостолот Павле го советува својот соработник Тимотеј да ги спречи оние што пропевадаат други учења кои не се во согласност со Евангелието, како што направиле Именеј и Александар кои ја отфрлиле вистинската вера. Во проодлжение, апостолот ги повикува верниците на постојана молитва и бара од жените да бидат побожни, чесни и покорни кон мажите, како и да раѓаат деца. Исто така, тој нагласува дека за ѓакони и епископи треба да бидат избирани луѓе кои се непорочни, чесни, почитувани од околината, кротки, мирољубиви и некористољубиви. Во продолжение, тој му дава совети на Тимотеј да биде побожен и да се чува од лажните учители и до лажната наука, да ги учи богатите да прават добри дела и да го чека доаѓањето на Исус Христос; верниците ги советува да ги почитуваат постарите и да се грижат за вдовиците, а особено да ги почитуваат презвитерите; робовите да им бидат послушни на господарите, особено ако тие ја примиле верата; верниците да бидат задоволни со малку, зашто богатството е изворот на злото итн.[1]
Во ова послание, апостол Павле го охрабрува Тимотеј за неговата мисионерска дејност. Во тоа време, Тимотеј се наоѓал во Ефес, а Павле му напишал да остане таму и да продолжи со работата. На Ефес, Павле поминал три години, проповедајќи го христијанството, по кое Тимотеј го продолжил неговото слово. Павле го предупредува Тимотеј на појавата на лажни учители:
„ | „кои забрануваат стапување во брак и бараат воздржување од јадењата, што Бог ги создаде за да ги земаат со благодарност верните, кои ја познаа вистината“ | “ |
, советувајќи го:
„ | „Никој да не те презира заради твојата младост! Туку, биди им пример на верните во словото, во поведението, во љубовта, во верата, во чистотата.“ | “ |
Во тоа време една од големите дебати во христијанската заедница била улогата на жената во црквата. Сепак, апостол Павле авторитетот им го препушта на мажите:
„ | „А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.“ | “ |
Во контекст на ова, апостол Павле и мажите и жените ги повикува на молитва. Павле во продолжение пишува за поведението на различните групи во црквата,
„ | „Ако некој не се грижи за своите, особено за домашните, се одрекол од верата и е полош од оној кој не верува.“ | “ |
|
|
- ↑ „Новиот завет на нашиот Господ Исус Христос“, во: Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 262-266.