Превој
Превој, превал, превалец, преслап или пресека[1] – е слегнат дел од планина преку кој обично води пат од едната до другата страна на планината. Вообичаено на превојот се наоѓа точката со најголема надморска височина на патот на таа делница.
Низ историјата планините им претставувале препрека на трговците, војниците и останатите патници. Превоите се стратешки војни точки бидејќи лесно може да се контролира сообраќајот преку него.
Превои во Македонија
[уреди | уреди извор]Најкарактеристични палеоземјишни облици кои се зачувани на територијата на Република Македонија се остатоци од преграбенските или прелимниските, односно преезерски долини. Тоа се доловите, а некаде и речни тераси од старите речни долини, кои постоеле пред распарчувањето на старата балканска маса. Тогашната речна мрежа имала поинакви правци на речни долини. Една таква долина била долината на Ѓаватска Река, која доаѓала од запад и течела кон југоисток, во правец на Егејскиот дел на Македонија. Со радијалните тектонски движења Ѓаватска Река била распарчена, при што се спуштиле Охридската и Преспанската Котлина и Пелагонија, а се издигнале околните планини. Остатоци од оваа река во вид на фосилен-флувијален релјеф - речни тераси и речен нанос од песок и чакал, се наоѓаат на надморска височина на денешните патни правци на превлаците: Буково - 1207 м (помеѓу Охридската и Преспанската Котлина) и Ѓавато - 1067 м (помеѓу Преспанска Котлина и Пелагонија).
Превлаци, односно превои како релјефни траги од старите речни долини има на повеќе места во Република Македонија. Такви се Плетвар (995 м), Присад (1093 м) меѓу Пелагонија и Повардарието, потоа Буковиќ (1.185 м), Стража (1.212 м) меѓу Полошката и Кичевската Котлина, Пресека (1.082 м) меѓу Кичевска Котлина и Дебрца, Калдармибогаз меѓу Полог и Скопска Котлина, Барбарас и Уши помеѓу Порече и Пелагонија и др.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Превојот Ѓавато
-
Превојот Серта
-
Поглед од превојот Плетвар
-
Превојот Агуа Негре (Аргентина/Чиле).
-
Превој на Татрите
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2011). Толковен речник на македонскиот јазик. V. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 444, 449, 509, 512. ISBN 978-608-220-016-3.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|