Прејди на содржината

Претседателски избори во САД (1796)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Претседателски избори во САД, 1796
САД
1792 ←
4 ноември – 7 декември 1796 → 1800

138 изборни гласови на Изборниот колегиум
70 изборни гласови гласови за победа
 
Кандидат Џон Адамс Томас Џеферсон
Партија Федералистичка партија Демократско-републиканска партија
Матична држава Масачусетс Вирџинија
Потпред. кандидат Томас Пинкни Арон Бјур
Изборнички гласови 71 68
Застапувани држави 9 7
Добиени гласови 35.726 31.115
Удел 53,4% 46,6%

Мапа на резултатите. Изборни гласови по сојузна држава.
Поради тоа што избирачите не можеле да го одвојат својот глас за кандидатот за претседател и потпретседател пред ратификувањето на XII амандман на Уставот на САД, мапата претпоставува дека изборните гласови за претседател се оние гласови дадени за Адамс или Џеферсон. Ова води кон аномалија: Мериленд е запишан како сојузна држава која доставила 7 гласови за Федералистичката партија и 4 гласови за Демократско-републиканската партија покрај тоа што имало 10 изборни гласови од Мериленд. Еден електор се кандидирал без конкуренција од својот дистрикт, со тоа што ветил дека ќе го даде својот глас за Адамс како и за Џеферсон.[1] Зелената боја ги означува сојзуните држави во кои победил Џеферсон доека, портокаловата ги означува сојузните држави во кои победил Адамс. Бројките го означуваат бројот на добиени изборни гласови по сојузна држава.

претседател пред изборите

Џорџ Вашингтон
Независен

Избран за претседател

Џон Адамс
Федералистичка партија

Претседателски избори во САД, 1796 — трети претседателски избори во САД. Се одржувале од 4 ноември до 7 декември 1796 година. Ова биле првите единствените американски претседателски избори каде што се избрани претседател и потпретседател од различни партии.

Дотогашниот претседател Џорџ Вашингтон одбил трет мандат па затоа тогашниот потпретседател Џон Адамс од Масачусетс станал кандидат за претседател на Федералистчиката партија заедно со поранешниот гувернер Томас Пинкни од Јужна Каролина како втор најпопуларен федералист. Нивни противници биле државниот секретар Томас Џеферсон од Вирџинија заедно со сенаторот од Њујорк Арон Бјур од Демократско-републиканската партија. На овие избори секој кандидат од секоја партија се кандидирал сам, поради тоа што формалната позиција „кандидат-партнер“ (англиски: running mate) сè уште не била воспоставена.

На овие избори федералистот Џон Адамс го победил кандидатот на Демократско-републиканската партија Томас Џеферсон. Покрај големите препирања, навреди и обвинувања помеѓу двете партии, Адамс и Џеферсон сепак не учествувале активно во кампањата за претседател.[1][2]

Џеферсон бил втор по бројот на добиени изборни гласови и бил избран за потпретседател според тогашните закони за гласање на избирачите. Овие избори го востановиле таканаречениот „Систем на прва партија“, и воспоставил соперништво помеѓу федералистичката Нова Англија и демократско-републиканскиот југ, каде што државите во средина ја држеле рамнотежата на моќ.[3]

Кандидати

[уреди | уреди извор]

Пред ратификацијата на XII амандман во Уставот на САД во 1804, секој избирач бил обврзан да гласа за две личности, но не бил во можност да прецизира кој глас бил за кандидатот за претседател, а кој за кандидатот за потпретседател. Наместо тоа, кандидатот кој добил најголем број на изборни гласови станал претседател а оној кој добил втор најголем број потпретседател. Како резултат на ова, двете партии кандидирале повеќе кандидати за претседател со тоа, технички, и Џеферсон и Адамс биле во конкуренција за претседател заедно со своите сопартијци. Прописите велеле дека избирачите треба да дадат еден глас за главниот кандидат на партијата (Адамс или Џеферсон) и еден глас за кандидат кој не бил главен кандидат на партиите, со тоа осигурувајќи се дека главниот номиниран ќе има еден изборен глас повеќе од неговиот кандидат-партнер.

Кандидати на Федералистичката партија

[уреди | уреди извор]

Главниот номиниран од страна на федералистите бил Џон Адамс од Масачусетс, дотогашниот потпретседател и клучен играч за време на револуцијата. Кандидатот-партнер на Адамс бил Томас Пинкни, кој според тогашните правила се кандидирал против него за позицијата претседател. Оваа пракса станала реалност кога Александар Хамилтон, кој имал непријателство кон Адамс, почнал да работи во позадина со цел да биде избран Пинкни наместо Адамс со тоа што ги убедувал избирачите на Џеферсон од Јужна Каролина да го дадат својот глас за Пинкни. Овој негов план не успеал, но го израмнил патот за тензии помеѓу Адамс и Хамилтон во следните четири години.

Кандидати на Демократско-републиканската партија

[уреди | уреди извор]

Резултати

[уреди | уреди извор]
Резултати од гласањето по округ кои го покажуваат процентот на кандидатот победник во секој округ. Нијансите на сино се окрузи каде што победил Џеферсон (Демократско-републиканска партија), додека со нијанси на жолта боја се означени окрузите каде што победил Адамс (Федералистичка партија).
Кандидат Партија Добиени гласови Процент Изборни гласови
Џон Адамс Федералистичка партија 35.726 53,4% 71
Томас Џеферсон Демократско-републиканска партија 31.115 46,6% 68
Томас Пинкни Федералистичка партија - - 59
Арон Бјур Демократско-републиканска партија - - 30
Самуел Адамс Демократско-републиканска партија - - 15
Оливер Елсворт Федералистичка партија - - 11
Џорџ Клинтон Демократско-републиканска партија - - 7
Џон Џеј Федералистичка партија - - 5
Џејмс Ајридејл Федералистичка партија - - 3
Џорџ Вашингтон Независен - - 2
Џон Хенри Демократско-републиканска партија - - 2
Самуел Џонсон Федералистичка партија - - 2
Чарлс Котсворт Пинкни Федералистичка партија - - 1
Вкупно 66.841 100.0% 276
Потребни за победа 70

Извор (за народно гласање): U.S. President National Vote. Our Campaigns. (February 11, 2006).
Извор (за народно гласање): A New Nation Votes: American Election Returns 1787-1825[4]
Извор (за изборни гласови): "Electoral College Box Scores 1789–1996"

  1. „Inside America's first dirty presidential campaign, 1796 style“. Constitution Daily (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-02-14. Посетено на April 15, 2016. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  2. „John Adams: Campaigns and Elections—Miller Center“. millercenter.org. Посетено на April 15, 2016.
  3. Jeffrey L. Pasley, The First Presidential Contest: 1796 and the Founding of American Democracy (2013)
  4. „A New Nation Votes“. Архивирано од изворникот на 2018-05-13. Посетено на 2016-12-28.