Прејди на содржината

Пуми (раса на куче)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пуми
Пуми 2007
Унгарски пуми
Потекло Унгарија
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Пуми (унгарски: Pumi; латински: Canis familiaris ovilis villosus terrarius Raitsitsi) е вид на териери со средна големина. Пуми е оригинална унгарска раса на овчарско куче.

Надворешен изглед

[уреди | уреди извор]

Повеќето пуми се во сива боја. Сиви пуми се раѓаат како црни и бојата почнува да им преоѓа во сива помеѓу 6 и 8 недели од животот. Прифатливи боји за пуми уште се црна, бела и костенливо-жолта со потемна нијанса. Уште некои бои како костенливс, мешано црно-жолта (таканаречена волчја шара), синкаста; но овие бои не се прифатени на натпреварите.

Крзното на пуми е бушаво, густо и со средна должина до 7 см. Одржувањето на крзното е потребно да се врши со шишање на секои два до четири месеци. Доколку не се одржува влакната полека почнуваат да ја губат потребната боја.

Пумиев трејдмарк е неговото уво, држење и форма. Високо дигнат и благо свиен во шпицевите. Исто така се покриени со подолги влакна отколку останатиот дел од телото.

Пуми има многу лесна телесна маса, но изгледа поголем отколку што е во стварноста благодарејќи на своето густо крзно.

  • Мажјак пуми достигнува висина од 41/47 см и тежина од 10/15 кг
  • Женка пуми достигнува висина од 38/44 см и тежина од 8/13 кг

Темперамент

[уреди | уреди извор]

Пуми е многу заштитлив спрема своите блиски и знае да биде неповерлив спрема странци, така да социјализацијата на единката мора да започне многу рано. Многу се активни, живи, интелигентни и лесно се мотивираат со помош на храна или играчки.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пуми првобитно бил користен како чувар на куќа и чувар на стада од било кој вид: овци, крави, свињи. Исто така бил многу користен во уништување на штетници од било кој вид. Пуми, како раса, се создал во временскиот период во 17/XVIII век кога бил донесен на територија на Унгарија од Германија и Франција како вид териер за чување на стада.

Овој вид бил мешан со пули, кои веќе биле присутни на тие простори и како резултат на тоа испаднал многу добар чувар на стада и верно куче пуми. Како работно куче бил слободно одгледуван сè до 1970, а други два вида Пули и Муди биле користени за подобрување на особините на оваа раса.

Пуми во 1966 година добил и официјално признавањена раса (Fédération Cynologique Internationale,FCI). Оваа раса била релативно непозната надвор од Унгарија до седумдесеттите години на дваесеттиот век, кога прв па вот 1973 година се извезени во Финска а во 1985 години во Шведска. Набргу после тоа оваа раса е прифатена, помеѓу другото и поради својот изглед, и бргу се раширила по Европа, а во текот на деведесеттите години на минатиот век и во Америка.

Сродни видови

[уреди | уреди извор]

Галерија на слики

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]