Пчеларник
Пчеларник[1][2] или улјаник[3][4] — место каде што се наоѓаат улишта со пчели. Пчеларникот може да биде преселнички, пчеларот го сели пчеларникот на разни места во зависност од богатството на цут, или да биде поставен цело време на едно место. Исто така, пчеларникот може да биде конвенционален пчеларник и еколошки пчеларник.
Сместување на пчеларникот
[уреди | уреди извор]- Не е дозволено поставување пчеларник во близина на автопат, железница или аеродром.
- Пчеларникот со најмногу 10 пчелни заедници, чија излетна страна е свртена кон туѓо земјиште или јавен пат, мора да биде оддалечен најмалку 10 метри од меѓата со туѓото земјиште или од работ на патот.
- Во пчеларник со 11–20 пчелни заедници, ова растојанието треба да биде најмалку 20 метри.
- Доколку во пчеларникот има повеќе од 20 пчелни семејства, растојанието од излетната страна до работ на јавниот пат мора да биде најмалку 50 метри, а до границата на туѓото земјиште најмалку 20 метри.
- Ако од оправдани причини растојанието од излетната страна до границата со туѓо земјиште или работ на јавен пат е пократко, пчеларникот мора да биде одвоен со заштитна ограда (ѕид, цврста ограда, дебела жива ограда) повисока од 2 метри. Оваа ограда мора да биде од двете страни на пчеларникот 2 метри подолга од должината на излетната страна на пчеларникот и поставена не повеќе од 10 метри од излетната страна.
- Не е дозволено поставување на пчеларникот во близина на шеќерани, фабрики за преработка на овошје, винарии, штали и места за ѓубриво.
Производните погони кои се занимаваат со преработка на овошје, грозје и други слични производи, кога се во состојба штетна по здравјето на пчелите (врие и слично), мора да ја чуваат искористената контаминирана амбалажа во затворени простории или на друг начин да ја направат недостапна за пчелите.
Неподвижен пчеларник
[уреди | уреди извор]Во зависност од бројот на улишта, неподвижниот пчеларник треба да биде далеку од населени места, автопати, винарии, мелници за шеќер итн. што е определено со прописите за одгледување пчели. Пчелите бараат храна на 2–3 км од пчеларникот, се разбира во разни правци, а кога ќе ја снема во близина, одат многу подалеку. Најновото истражување потврдило дека пчелите се способни да се вратат во улиштето дури и од далечина од 15 километри.