Ремек-дело
Ремек-дело (погрешно: ремек дело, ремекдело) — дело од висока класа, мајсторско, врвно и безвременско уметничко дело во кое се вложени оригинални мисли, талент и творештво.[1][2] Тоа е врвно достигнување на уметноста и занаетчиството. Тоа е дело што е исклучително добро прифатено од критиката и јавноста, и обично е најдоброто дело на уметникот што ја крунисува неговата кариера.[3]
Некои од класичните примери на ремек-дела се:
- Давид од Микеланџело
- Герника од Пабло Пикасо
и многу други. Кое уметничко дело ќе биде прогласено за ремек-дело зависи од културата и традициите. На пример, некои филмови од добата на немото кино се сметаат за ремек-дела од стручњаци, но ова мислење не го дели пошироката јавност. Многу често некои генијални дела се тешко разбирливи од нестручњаци. Исто така, понекогаш уметничките ремек-дела се препознаваат како такви дури по смртта на творецот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ремек-дело“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „ремек-дело“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Hofschneider, Mark (2018-09-08). „What Makes a Piece of Art or Science a Masterpiece?“. Lasker Foundation (англиски). Посетено на 2024-02-22.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ремек-дело“ на Ризницата ? |
|