Рејмонд Дејвис
Рејмонд Дејвис | |
---|---|
Дејвис во 2001 година | |
Роден(а) | 14 октомври 1914 Вашингтон, САД |
Починал(а) | 31 мај 2006[1][2] Блу Поинт, Њујорк, САД | (возр. 91)
Националност | Американец |
Полиња | Хемија, физика |
Установи | Монсанто Пенсливански универзитет |
Образование | Мерилендски универзитет Јејл |
Познат по | неутрино |
Поважни награди | Комстокова награда за физика (1978) Том Бонерова награда (1988) Беатриче Тинслиева награда (1994) Волфова награда за физика (2000) Национален медал за наука (2001) Нобелова награда за физика (2002) Енрико Фермиева награда (2003) |
Рејмонд Дејвис (англиски: Raymond Davis 14 октомври 1914 – 31 мај 2006) — американски хемичар, физичар, и добитник на Нобелова награда за физика .[3]
Малдост и обазование
[уреди | уреди извор]Дејвис се родил во Вашингтон, каде неговиот татко бил фотограф за Националното биро за стандарди. Тој поминал неколку години како хорист за да ја исполни желбата на својата мајка, иако не бил музикален. Тој уживал да ги посетува концертите кај Вотергејт пред воздушниот сообраќај целосно да ја задуши музиката од истите. Неговиот брат Ворен, кој бил 14 месеци помлад, му бил постојан придружник во детството. Тој завршил хемија на Мерилендскиот универзитет во 1938 година. Тој исто така магистрирал на истиот универзитет и се стекнал со докторат од универзитетот Јејл по физчка хемија во 1942 година.
Карирера
[уреди | уреди извор]Дејвис поголемиот дел од воените години ги минал на воениот полигон Дагвеј, Јута набљудувајќи ги резултатите од тестовите на хемиските оружја и ја истражувал езерската котлина во потрага за докази за претходното, Боневилско Езеро.
По неговиот отпуст од армијата во 1946 година, Дејвис заминал да работи за монсантовата маундовска лабораторија, во Мајамисбург, Охајо, каде работел на применета радиохемија област од интерес за Атомскаta енергетска комисија на САД. Во 1948 година, тој се придружил на Брукхејвенската национална лабораторија, која била искористена за употреба на јадрената енергија во мирнодопски цели.
Дејвид изјавил дека од него било побарано „да најде нешто интересно на што би работел,“па така тој се посветил на изучувањето на неутрината, честички за кои се предвидело дека ќе го објаснат процесот на бета-распад,но нивното независно постоење никогаш не било потврдено. Дејвис истражувал бета-распади во обид да ги забележи неутрината, процес во кој неутриното доведува доволно енергија до јадрото за одредени стабилни изотопи да постанат радиоактивни. Бидејќи чекорот на овој процес е многу мал, бројот на радиоактивни атоми создадени при неутринските опити бил многу мал, па Дејвис започнал да ги истражува процесите , наместо самиот бета-распад кој би го имитирале сигналот на неутрината. Користејќи буриња и резервоари исполнети со јаглероден тетрахлорид како детектори, Дејвис успеал да го определи чекорот на добивањето на 37Ar како функција од присуството на истиот на надморската висина и функцијата на неговото присуство во земјата. Тој искористил детектор кој содржел хлоридски атоми при Брукхејвенскиот реактор во 1954 година и подоцна при едне од реакторите кај реката Савана. Овие експерименти не обезбедиле дополнителен број на радиоактивен аргон кога ректорите работеле кга реакторите биле исклучени, и ова било земено како прв опитен доказ дека неутрината ја предизвикуваат хлорската реакција, и антинеутрината добиени во ракторот биле сосема поинакви. Забележувањето на неутрината се покажало како доста потешка задачао отколку што било детектирњето на антинеутрината. Дејвис бил водечки научник кој застанал зад Хомстејк, големиот радиохемиски детектор на неутрина кој прв забележал докази за неутрина кој потекнувале од Сонцето.
Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 2002 година со јапонскиот физичар Масатоши Кошиба и американецот Рикардо Џакони за пионерските придонеси во астрофизиката, особено при забележувањето на неутрината, разгледувајќи го сончевиот неутрински проблем. Тој имал 88 години кога ја добил наградата.
Личен живот
[уреди | уреди извор]Дејвис ја сретнал својата сопруга Ана Тори во Брукхејвен и заедно направиле 7 метарски дрвен едреник, наречен Халцион. Тие имале пет деца и живееле во истата куќа во Блу Поинт, Њујорк преку 50 години. Тој починал во Блу Поинт, Њујорк од Алцхајмерова болест.[1][2]
Почести и награди
[уреди | уреди извор]- Комстокова награда за физика од Национална академија за науките (1978)[4]
- Топм Бонерова награда од Американско друштво на физичари (1988)
- Панофскиева награда од Американското физичко друштво (1992)
- Беатриче Тинслиева награда од Американското астрономско друштво (1994)
- Џорџ Елери Халеева награда од Американското астрономско друштво (1996)
- Волфов медал за физика (2000)
- Национален медал за наука (2001)[5]
- Нобелова награда за физика (2002)
- Бенџамин Френклинов медал (2003)
Забележителни трудови
[уреди | уреди извор]- Davis, Raymond, Jr. (1953). „Attempt to detect the Antineutrinos from a Nuclear Reactor by the 37Cl (ν, e−) 37Ar Reaction“. Physical Review. 97 (3): 766. Bibcode:1955PhRv...97..766D. doi:10.1103/PhysRev.97.766.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) – Non-detection of antineutrinos with chlorine
- Davis, Raymond, Jr. (1964). „Solar Neutrinos II, Experimental“. Physical Review Letters. 12 (11): 300. Bibcode:1964PhRvL..12..300B. doi:10.1103/PhysRevLett.12.300.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) – Proposal for Homestake Experiment
- Cleveland, B. T.; и др. (1998). „Measurement of the solar electron neutrino flux with the Homestake chlorine detector“. Astrophysical Journal. 496: 505–526. Bibcode:1998ApJ...496..505C. doi:10.1086/305343. – final results of Homestake Experiment
Други дела
[уреди | уреди извор]- Davis, R. Jr. & D. S. Harmer. "Solar Neutrinos", Брукхејвенска национална лабораторија (БНЛ), (декември 1964).
- Davis, R. Jr. "Search for Neutrinos from the Sun", Брукхејвенска национална лабораторија (БНЛ), Министерстово за енергија на САД, (1968).
- Davis, R. Jr. & J.C. Evans, Jr. "Report on the Brookhaven Solar Neutrino Experiment", Брукхејвенска национална лабораторија (БНЛ), (September 22, 1976).
- Davis, R. Jr., Evans, J. C. & B. T. Cleveland. "Solar Neutrino Problem", Брукхејвенска национална лабораторија (БНЛ), (28 април 1978).
- Davis, R. Jr., Cleveland, B. T. & J. K. Rowley. "Variations in the Solar Neutrino Flux", Оддел за астрономија и астрофизика Пенсилвански универзитет, Национална лабораторија Лос Аламос, Брукхејвенска национална лабораторија (БНЛ), (2 август 1987).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Kenneth Chang (2 June 2006). „Raymond Davis Jr., Nobelist Who Caught Neutrinos, Dies at 91“. The New York Times. Посетено на 2007-10-10.
- ↑ 2,0 2,1 David B. Caruso (2 June 2006). „Raymond Davis, who detected elusive solar particles, dies at 91“. The Boston Globe. Посетено на 2007-10-10.
- ↑ Lande, Kenneth (October 2006). „Obituary: Raymond Davis Jr“. Physics Today. 59 (10): 78–80. Bibcode:2006PhT....59j..78L. doi:10.1063/1.2387099.
- ↑ „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. Посетено на 13 February 2011.
- ↑ National Science Foundation – The President's National Medal of Science
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Photograph, Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Raymond Davis, Jr. biography at the Nobel Foundation
- Raymond Davis Jr. Архивирано на 28 февруари 2015 г., Brookhaven National Lab Web site
- Neutrino web at PBS NOVA
- The Raymond Davis Scholarship Архивирано на 26 јули 2014 г. Society for Imaging Science and Technology
|
|
- Родени во 1914 година
- Починати во 2006 година
- Американски нобеловци
- Американски физичари
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Носители на Националниот научен медал
- Нобеловци
- Луѓе од Вашингтон
- Американски физички хемичари
- Добитници на Волфовата награда за физика
- Наградени од Националната академија на науките на САД
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Апсолвенти на Јејл
- Добитници на наградата „Енрико Ферми“