Прејди на содржината

Руска азбука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа статија содржи фонетски симболи по МФА. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо уникодни знаци.

Современата руска азбука (рус. русский алфавит, русская азбука) е варијанта на кирилицата. Почнала да се употребува во Киевската Рус за време на нејзината христијанизација (988), или пак, доколку некои наоди се точно датирани, малку порано.

Тука азбуката е прикажана печатно. Ракописните руски букви се поинакви.

Историска еволуција на руската кирилица, до 19 век

Руската азбука е следнава: (Слушнете)

Буква Ракописно Закосено Назив Стар назив МФА Македонски Примери Бројчена вредност Уникод (Хекс)
Аа А а а
[a]
азъ
[as]
/a/ А два
"два"
1 U+0410 / U+0430
Бб Б б бэ
[bɛ]
буки
[ˈbukʲɪ]
/b/ или /bʲ/ Б оба
"обајца"
U+0411 / U+0431
Вв В в вэ
[vɛ]
вѣди
[ˈvʲedʲɪ]
/v/ или /vʲ/ В вода
"вода"
2 U+0412 / U+0432
Гг Г г гэ
[ɡɛ]
глаголь
[ɡɫɐˈɡolʲ]
/ɡ/ или /gʲ/ Г год
"година"
3 U+0413 / U+0433
Дд Д д дэ
[dɛ]
добро
[dɐˈbro]
/d/ или /dʲ/ Д да
"да"
4 U+0414 / U+0434
Ее Е е е
[je]
есть
[jesʲtʲ]
/je/, / ʲe/ или /e/ Је не
"не"
5 U+0415 / U+0435
Ёё Ё ё ё
[jo]
/jo/ или / ʲo/ Јо ёж
"еж"
U+0401 / U+0451
Жж Ж ж жэ
[ʐɛ] ( слушнете)
живѣте
[ʐɨˈvʲetʲɪ][1]}}
/ʐ/ Ж жук
"бубачка"
U+0416 / U+0436
Зз З з зэ
[zɛ]
земля
[zʲɪˈmlʲa]
/z/ или /zʲ/ З зной
"топлина"
7 U+0417 / U+0437
Ии И и и
[i]
иже
[ˈiʐɨ]
/i/, / ʲi/, или /ɨ/ И или
"или"
8 U+0418 / U+0438
Йй Й й и краткое
'short i'
[ˈi ˈkratkəjə]
и съ краткой
s ˈkratkəj]
/j/ Ј мой
"мој"
U+0419 / U+0439
Кк К к ка
[ka]
како
[ˈkakə]
/k/ или /kʲ/ К кто
"кој"
20 U+041A / U+043A
Лл Л л эль (эл)
[ɛlʲ] ([ɛɫ])
люди
[ˈlʲʉdʲɪ]
/ɫ/ или /lʲ/ Л луч
"зрак"
30 U+041B / U+043B
Мм М м эм
[ɛm]
мыслѣте
[mɨˈsʲlʲetʲɪ][2]
/m/ или /mʲ/ М меч
"меч"
40 U+041C / U+043C
Нн Н н эн
[ɛn]
нашъ
[naʂ]
/n/ или /nʲ/ Н но
"но"
50 U+041D / U+043D
Оо О о о
[о]
онъ
[on]
/o/ О он
"тој"
70 U+041E / U+043E
Пп П п пэ
[pɛ]
покой
[pɐˈkoj]
/p/ или /pʲ/ П под
"под"
80 U+041F / U+043F
Рр Р р эр
[ɛr]
рцы
[rtsɨ]
/r/ или /rʲ/ Р река
"река"
100 U+0420 / U+0440
Сс С с эс
[ɛs]
слово
[ˈsɫovə]
/s/ или /sʲ/ С если
"ако"
200 U+0421 / U+0441
Тт Т т тэ
[tɛ]
твердо
[ˈtvʲerdə]
/t/ или /tʲ/ Т тот
"тоа"
300 U+0422 / U+0442
Уу У у у
[u]
укъ
[uk]
/u/ У куст
"грмушка"
400 U+0423 / U+0443
Фф Ф ф эф
[ɛf]
фертъ
[fʲert]
/f/ или /fʲ/ Ф фея
"самовила"
500 U+0424 / U+0444
Хх Х х ха
[xa]
хѣръ
[xʲer]
/x/ или /xʲ/ Х дух
"дух"
600 U+0425 / U+0445
Цц Ц ц цэ
[tsɛ]
цы
[tsɨ]
/ts/ Ц конец
"крај"
900 U+0426 / U+0446
Чч Ч ч че
[tɕe]
червь
[tɕerfʲ]
// Ч час
"час"
90 U+0427 / U+0447
Шш Ш ш ша
[ʂa]
ша
[ʂa]
/ʂ/ Ш ваш
"ваш"
U+0428 / U+0448
Щщ Щ щ ща
[ɕːa]
ща
[ɕtɕa]
/ɕː/, /ɕ/ Ш или Шч щека
"образ"
U+0429 / U+0449
Ъъ Ъ ъ твёрдый знак
'hard sign'
[ˈtvʲɵrdɨj znak] ( слушнете)
еръ
[jer]
объект
"објект"
U+042A / U+044A
Ыы Ы ы ы
[ɨ]
еры
[jɪˈrɨ]
[ɨ] ’ И ты
"ти"
U+042B / U+044B
Ьь Ь ь мягкий знак
'soft sign'
[ˈmʲæxʲkʲɪj znak] ( слушнете)
ерь
[jerʲ]
/ ʲ/ / ʲ/ весь
"сѐ"
U+042C / U+044C
Ээ Э э э
[ɛ]
э оборотное
[ˈɛ ɐbɐˈrotnəjɪ]
/e/ Е это
"ова"
U+042D / U+044D
Юю Ю ю ю
[ju]
ю
[ju]
/ju/ или / ʲu/ Ју юг
"југ"
U+042E / U+044E
Яя Я я я
[ja]
я
[ja]
/ja/ or / ʲa/ Ја ряд
"ред"
U+042F / U+044F

Самогласните букви претставуваат и „тврди“ и „меки“ (палатализирани, во МФА претставени како < ʲ >) фонеми, зависно (со извесни исклучоци) од тоа дали следат јотирани или омекнувачки самогласки. The transcriptions of the names of the letters attempt to reflect the reduction of non-stressed vowels.

Букви отфрлени во 1918

[уреди | уреди извор]
Буква Ракописно Закосено Назив Стар назив МФА Македонски Слична руска буква Примери Бројчена вредност Уникод (Хекс)
Іі І і і десятеричное
[i dʲɪsʲɪtʲɪˈrʲitɕnəjə]
/i/, / ʲi/, или /j/ И Како и или й стихотворенія (сега се пишува стихотворения)
"стихотворби"
10 U+0406 / U+0456
Ѣѣ Ѣ ѣ ять
[jætʲ]
/e/ или / ʲe/ Е Како е Алексѣй (сега се пишува Алексей)
Алексеј
U+0462 / U+0463
Ѳѳ Ѳ ѳ ѳита
[fʲɪˈta]
/f/ или /fʲ/ или безгласно /θ/ Ф Како ф орѳографія (сега се пишува орфография)
"ортографија"
9 U+0472 / U+0473
Ѵѵ Ѵ ѵ ижица
[ˈiʐɨtsə]
/i/ или / ʲi/ И Обично како и мѵро (сега се пишува миро)
"миро"
400 U+0474 / U+0475
  • <і>, по изговор идентично на <и>, било користено исклучиво веднаш пред други самогласки и <й> (на пример, „патріархъ“ [pətrʲɪˈarx], 'патријарх') и зборот „міръ“ [mʲir] ('свет') и од нив изведените зборови, за разликување од зборот „миръ“ [mʲir] ('мир').
  • <ѳ> („фита“), од грчката тета, по изговор била идентична на <ф>, но имала етимолошка употреба (на пример, „Ѳёдор“).
  • <ѵ> („ижица“), од грчкиот ипсилон, по изговор била идентична на <и>, како кај византискиот грчки, но се користел етимолошки; до 1918 станала многу ретка.

Букви вон употреба до 1750

[уреди | уреди извор]
Буква Ракописко Закосено Назив Стар назив МФА Македонски Слична руска буква Примери Бројчена вредност Уникод (Хекс)
Ѕѕ Ѕ ѕ зѣло
[zʲɪˈɫo][3]
/z/ или /zʲ/ Ѕ Како з sѣлѡ (не се користи повеќе)
"многу"
6 U+0405 / U+0455
Ѯѯ Ѯ ѯ кси
[ksʲi]
/ks/ или /ksʲ/ Кс Како кс Н/П 60 U+046e / U+046f
Ѱѱ Ѱ ѱ пси
[psʲi]
/ps/ или /psʲ/ Пс Како пс Н/П 700 U+0470 / U+0471
Ѡѡ Ѡ ѡ омега
[ɐˈmʲeɡə]
/o/ Како о Како о Н/П 800 U+0460 / U+0461
Ѫѫ Ѫ ѫ юсъ большой
[jus bɐlʲˈʂoj]
/u/, /ju/ или / ʲu/ Како ј или ју Како у Н/П U+046a / U+046b
Ѧѧ Ѧ ѧ юсъ малый
[jus ˈmaɫɨj]
/ja/ или / ʲa/ Како ја Како я Н/П 900 U+0466 / U+0467
Ѭѭ Ѭ ѭ юсъ большой іотированный
[jus bɐlʲˈʂoj jɪˈtʲirəvənnɨj]
/ju/ или / ʲu/ Како ју Како ю Н/П U+046c / U+046d
Ѩѩ Ѩ ѩ юсъ малый іотированный
[jus ˈmaɫɨj jɪˈtʲirəvən.nɨj]
/ja/ или / ʲa/ Како ја Како я Н/П U+0468 / U+0469
  • <ѯ> и <ѱ> се грчки букви кси и пси, во етимолошка, иако недоследна употреба, во световни текстови до XVIII, и подоследно до денешен ден во црковнословенскиот јазик.
  • <ѡ> е грчката буква омега, по изговор идентична на <о>, се користела во световни текстови до XVIII век, а до ден денес во црковнословенскиот, главно за разликување на флексивни форми кои инаку би се пишувале исто.
  • <ѕ> соодветна на поархаичниот изговор /dz/ (до ден денес присутен во македонскиот како „ѕ“), веќе била неприсутна на почетокот на историјата на источнословенските јазици, но по традиција била одржувана во извесни зборови во световните текстови до XVIII век, а истата продолжува да се употребува во црковнословенскиот до денес.
  • Јусовите станале нерелевантни на почетокот на историјата на источнословенските јазици, но сепак биле воведени заедно со кирилицата. Буквите <ѭ> и <ѩ> во главно исчезнале до XII век. Нејотираната <ѫ> продолжила да се користи, етимолошки, сѐ до XVI век. Од тогаш, па натаму имала улога само календарска улога во пасхалните таблици. Буквите <ѫ> и <ѧ> и натаму се користат во црковнословенскиот јазик.
  • Буквата <ѧ> била прилагодена за означување на јотирано /ja/ <я> во средината или крајот на зборот; современат абуква <я> е адаптација на нејзината ракописна форма од XVII век, зачувана со правописната реформа од 1708.
  • Сѐ до 1708, јотираното /ja/ се пишувало како <ıa> на почетокот на зборот. Оваа разлика помеѓу <ѧ> и <ıa> се прави и денес во црковнословенскиот.

Непалатализирани букви

[уреди | уреди извор]
  • Тврдиот знак <ъ> се користи за одделување на претставки од престојна јотирана самогласка. Првичниот изговор, кој се изгубил најдоцна до 1400 година, бил мошне краток шва-звук (како во бугарскиот), /ŭ/ но веројатно изговаран како изговор [ə] или [ɯ]
  • Мекиот знак <ь> означува палатализација на претходната согласка. Ова е од важност бидејќи палатализацијата во рускиот јазик е фонемска. На пример, „брат“ [brat] ('брат') за разлика од „брать“ [bratʲ] ('зема').[Нав. 3]

Првичниот изговор на мекиот знак, кој се изгубил најдоцна до 1400, бил многу кратка предна скретена самогласка /ĭ/ но веројатно се изговарала како ɪ или [jɪ]. Во современиот јазик сѐ уште постојат остатоци од ова древно читање, во коегзистентните варијанти на постоечки имиња, кои се читаат различно, како во името Марья и Мария (Марија).

Самогласки

[уреди | уреди извор]
  • Самогласките <е, ё, и, ю, я> нзначуваат дека им претходи палатална согласка и со исклучок на <и>, тие се јотираат (се изговараат со претходно /j/) кога стојат на почеток на зборот или по друга самогласка (почетното <и> се јотирало до XIX век). Прикажаните самогласки по МФА се само водич, и по некјогаш се реализираат како други звуци, особено кога се ненагласени. Меѓутоа, <е> се користи во позајмени зборови без палатализација и означува /e/. Овие зборови мораат да се научат напамет (за да се избегне користење на <э> по согласка), и <я> често се реализира како [æ] помеѓу меки согласки, како кај „мяч“, ('топка-играчка').
  • <ы> е стара прасловенска времепоказателна самогласка, најдобро зачувана во рускиот јазик. Првобитно била назализирана на извесни позиции.
  • <э> била воведена во 1708 за разликување на нејотираната/непалатализирачката буква /e/ од јотираната/палатализирачката. Првично се користело <е> за нејотирани /e/, <ѥ> или <ѣ> за јотирани, но до XVI век <ѥ> било исфрлено. Кај руските (нестрански) зборови, <э> го наоѓаме само на почеток на зборот, но во друг случај може да се најде секаде, како за пишување на странски имиња и други позајмени зборови.
  • <ё>, ја вовел Николај Карамзин во 1797, и го означува звукот /jo/ кој историски се развил преку нагласеното /je/, процес кој продолжува и ден денес. Во пишувањето, буквата <ё> е изборна: формално правилно е да се пишува <e> и за /je/ и за /jo/. Постоеле неколку обиди за задолжителна употреба на <ё>, но ниеден не успеал.

Бројчени вредности

[уреди | уреди извор]

Тастарурен распоред

[уреди | уреди извор]

Тастатурниот распоред на руските букви за Microsoft Windows компјутери е:

Руски тастатурен распоред

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ^ П. Смирновскій. Учебникъ русской грамматики. Часть І. Этимологія 26 изд. — Правило 4 за пишување і на стр. 4. (руски)
  2. ^ Макс Фасмер, Руски етимолошки речник — етимологија на рускиот збор мир (свет, мир"), пронајдена при барање на резултати за зборот мир на он-лајн верзија на рускиот превод на речникот (пристап. 16 октомври 2005). (руски)
  3. ^ Научете ја руската азбука (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Ushakov, Dmitry, „ёлка“, Толковый словарь русского языка Ушакова (руски), RU: Yandex, Архивирано од изворникот на 2012-07-22.
  2. Ushakov, Dmitry, „мыслете“, Толковый словарь русского языка Ушакова [Explanatory Dictionary of the Russian Language] (article) (руски), RU: Yandex, Архивирано од изворникот на 2012-07-16.
  3. ФЭБ, feb-web.ru