Прејди на содржината

Самарска Лука

Од Википедија — слободната енциклопедија
Самарска Лука национален парк
МСЗП — Категорија II (национален парк)
МестоСамарска област Русија Русија
Најблизок градЖигуловск
Површина134 000 ха
Воспоставен(а)1984 година

Националниот парк Самарска Лука (руски: Самарская Лука национальный парк) го опфаќа најголемиот дел од полуостровот кој е формиран од реката Волга заобиколувајќи ја планината Жигули, најблиските градови се Самара и Жигуловск во Самарската област. На северниот брег, кривината на реката започнува од Кујбишевото Езеро, а на јужниот брег кај Саратовското Езеро, а на север се граничи со природниот резерват Жигули. Паркот е културно важен поради неговата централна позиција за целиот народ што бил таму низ историјата и неговата научна вредност што е резултат на биоразновидноста на неговото блиско сместено наоѓалиште. Територијата на паркот е дел од комплексната биосфера на Средна Волга.[1]

Топографија

[уреди | уреди извор]

Самарска Лука се наоѓа на границата на две геолошки плочи: Волгина висорамнина и Волгина низина. Волгината висорамнина е ридски регион на Источноевропските низини, а паркот се наоѓа на североисточната страна. На левиот брег на Волга се наоѓа Волгината низина, подрачје на тектонско корито од глина и песок кои се нанесени од Каспиското Море. Кујбишевото и Саратовото езеро се наоѓаат на Волга на северната и јужната граница на паркот.

Самарска Лука и реката Волга

Брегот на Волга околу планината Жигули е долг скоро 200 km. Жигули и повеќето карпи во паркот се варовнички формации, со просечна висина од 300 метри. Околу 18% од територијата на паркот Самарска Лука го опфаќа планинскиот венец Жигули на север, 8% се Волгините плавни ливади на југ, а остатокот се шуми и лесостепи. Во источниот дел на паркот има повеќе од 500 варовнички кратери, ширина од 1 до 100 метри и длабочина од 1 до 20 метри.[2]

Екорегион и клима

[уреди | уреди извор]

Самарска Лука лежи во подрачјето на екорегионот „Источноевропска лесостепа“ (WWF ID # 419), транзициона зона помеѓу широколисни шуми на север и пасишта на југ. Овој екорегион на лесостепа се одликува со мозаици на шуми, степи и речни мочуришта.[3]

Климата во Самарска Лука е умереноконтинентална со ладни лета ( Кепенова класификација на климата Dfb ), се одликува со големи температурни промени, и дневно и сезонски, со благи и студени лета, снежни зими. Најстудениот месец е јануари (просечно -10 C); најтопол месец е јули (+20 C). Просечните врнежи се 556 мм. Периодот без мраз е 156 дена. Ветровите дуваат претежно од југозападен правец.[2]

Самарска Лука, Самарска област, Русија
Климатограм
ЈФМАМЈЈАСОНД
 
 
&100000000000000130000001,3
 
&1000000000000001600000016
&100000000000000040000004
 
 
&100000000000000090000000,9
 
&1000000000000001700000017
&100000000000000040000004
 
 
&100000000000000010000001
 
&1000000000000002900000029
&1000000000000001500000015
 
 
&100000000000000110000001,1
 
&1000000000000005200000052
&1000000000000003500000035
 
 
&100000000000000130000001,3
 
&1000000000000006900000069
&1000000000000004800000048
 
 
&100000000000000180000001,8
 
&1000000000000007700000077
&1000000000000005600000056
 
 
&100000000000000020000002
 
&1000000000000008000000080
&1000000000000006000000060
 
 
&100000000000000170000001,7
 
&1000000000000007700000077
&1000000000000005700000057
 
 
&100000000000000150000001,5
 
&1000000000000006600000066
&1000000000000004600000046
 
 
&100000000000000170000001,7
 
&1000000000000004800000048
&1000000000000003400000034
 
 
&100000000000000150000001,5
 
&1000000000000003100000031
&1000000000000002200000022
 
 
&100000000000000140000001,4
 
&1000000000000002000000020
&100000000000000090000009
Прос. мин. и макс. температура во °C
Вкупно врнежи во мм


Поради својата сложеност и централна позиција, биоразновидноста е разновиден. Растителни заедници вклучуваат Источноевропска степа, степски борови шуми, Источноевропски листопадни шуми, пасишта и поплавни ливади. Во паркот се забележани над 1 500 видови васкуларни растенија. Дрвјата се претежно листопадни - 97%, меѓу кои најчести се липата, дабот и брезата. Околу 3% се мали бели борови шуми на повисоки падини и варовници.[2][4]

Значајна одлика на ’рбетниците во паркот е тоа што 30% од видовите живеат на границата на нивните историски опсези. Како резултат, видовите на северна тајга, како што е уралска улулајка, може да се најдат во близина на јужните степски видови, како што е европската пчеларка.[1][4]

  1. 1,0 1,1 „Samarskaya Luka National Park (Official Park Site)“. FGBU Samarskaya Luka NP. Посетено на 24 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 „Samarskaya Luka National Park“ (руски). Посетено на 24 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „East European forest steppe“. Encyclopedia of Earth. Архивирано од изворникот на 14 август 2018. Посетено на 24 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. 4,0 4,1 „Samarskaya Luka National Park - Flora and Fauna“ (руски). Посетено на 27 јануари 2016.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)