Прејди на содржината

Сао Франциско

Од Википедија — слободната енциклопедија
São Francisco
Река
Земја Бразил
States Минаш Жераис, Бахиа, Пернамбуко, Алагоас, Серџипе
Регион Јужна Америка
Извор Сера да Канастра
Должина 2.830 км
Слив 641.000 км2
Истек
 - просечен 2.943 м3
 - максимален 11.718 м3
 - минимален 1.480 м3
Сливот на реката São Francisco
Сливот на реката São Francisco
Сливот на реката São Francisco

Сао Франциско (португалски: Rio São Francisco) е голема бразилска река долга 2,914 километри[1]. Поречјето на Сао Франциско е четврто по големина во Јужна Америка[1]. Името на реката е дадено по генералот на језуитскиот ред од 16 век Франциско Борги[1].

Географски одлики

[уреди | уреди извор]
Карта на поречјето на реката São Francisca

Сао Франциско извира на источните падини на масивот Сера да Канастра, на југозападот на државата Минаш Жераис, на надморска височина од 730 метри, околу 150 километри северозападно од градот Бело Хоризонте. Од тука реката тече повеќе од 1,600 километри на север преку државата Минаш Жераис и Бахиа, сè до големото акумулационото езеро Собрадињо, кое завршува кај двата града близнаци Јуазеиро и Петролина (на спротивни страни од реката). Во тој дел на својот тек Сао Франциско ги прима своите најголеми притоки Паракату, Коренте и Гранде.[1] Сао Франциско има поречје од 631,200 [[км2]] и просечен истек од 2,943 m³/s на сливот кај Аракају. На реката се изградени повеќе хидроелектрани.