Поимот Света земја (арап.: الأرض المقدسة, al-Arḍ ul-Muqaddasah; староарамејски: ארעא קדישא Ar'a Qaddisha; хербрејски: ארץ הקודש Erets HaQodesh; лат.:Terrae Sanctae), географски се поврзува со источното крајбрежје на Средоземјето, односно регионот на денешните земји Израел, Палестина и Либан. Оваа област, односно местата во неа, се од големо религиозно значење за неколку монотеистички религии: јудаизмот, христијанството, исламот и бахаизмот. Најзначајниот град во Светата земја е Ерусалем кој е најсветиот град во јудаизмот и во христијанството, и трет најсвет град во исламот.
Светоста на оваа област била идеолошка подлога за Крстоносните војни и повторните муслимански освојувања. И денес конфликтот помеѓу Израел и Палестина е делумно поврзан со религиозните убедувања во врска со контролата над Светата земја.